fbpx
Таг: жалба

таг: жалба

Апелацискиот суд му го продолжи притворот на Захир Бекири – Чауш

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и му го продолжил притворот на Захир Беќири, познат како Чауш, кој на 31 мај годинава беше осуден на две и полгодишна затворска казна за фалсификување исправа и за нелегално поседување оружје. Второстепниот суд, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, истовремено ја одбил жалбата на ОЈО Скопје и...

Кривичен суд: Апелaциjа не може да ни наложи да ги дадеме на СЈО доказите за „Пуч“

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката од Апелацискиот суд Скопје во врска со жалбата на адвокатите на обвинитетите во случајот „Пуч“ против запирањето на постапката по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. „По поднесувањето жалба од страна на одбраната на обвинетите во однос на решението на Судскиот совет за запирање на...

Заев: Иванов со незаконската аболиција ни го одзеде правото на правично судење

Опозицијата поднела жалба на постапките кои се резултат на „незаконската и неуставна аболиција“ од претседателот на државата Ѓорге Иванов, а со кои се оневозможува правото на правично судење, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред Основниот суд Скопје 1, каде денеска требаше да се одржи рочиштето за случајот „Пуч“. Заев рече дека ќе продолжи со барањата за правда и за...

Куќен притвор за првоосомничениот во „Транспортер“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја уважил жалбата на првоосомничениот во случајот „Транспортер“ на решението на судијата на претходна постапка и, наместо притвор, му одредил куќен притвор, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Постапувајќи по жалба на првоосомничениот во предметот „Транспортер“, С.Б., кој преку својот бранител поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка,...

Кривичниот суд ја запре постапката за случајот „Поткуп“

Кривичниот суд во Скопје донел одлука со која ја запрел постапката за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди судот. Судијката Даниела Груевска-Илиевска, која го водеше предметот, одлуката ја донела по добивањето на одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за помилување на Заев. - По добивањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, судијата донесе одлука...

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на СЈО: Кривичниот суд да ѝ ги даде на Јанева доказите за „Пуч“

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и донел одлука дека нема никакви правни пречки Кривичниот суд да ѝ достави на специјалната обвинителка Катица Јанева копии од списи и електронски докази за предметот „Пуч“, соопшти денеска кабинетот на Јанева. Со оваа одлука, Апелација го укина решението со кое првостепениот суд го одби барањето на СЈО. „Во решението,...

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал најави жалба против ослободувањето на Шешељ

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц, денеска најави дека ќе поднесе жалба против одлуката на судот за ослободување на Воислав Шешељ и вети дека ќе вложи максимални напори жалбата да биде водена ефикасно, ефективно и праведно. Тој соопшти дека одлуката за жалба ја донеле откако детално го прегледале писменото образложение на мнозинството судии за ослободување на Шешељ. Брамерц смета дека...

Апелацискиот суд го укина ослободувањето, Тренкоски пак ќе оди на суд

Апелацискиот суд - Скопје, по разгледувањето на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, донел одлука со која го укинал ослободувањето од обвинение на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Георги Тренковски, и на Весна Огненоска и предметот го вратил на повторно судење, соопшти денеска Основниот суд - Скопје 1. Според упатствата на Апелација, повтореното судење ќе го води целосно...

СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) попладнево соопшти дека ја поднело жалбата до Апелацискиот суд во Скопје против одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор. „Вложена е жалба против решението на Кривичниот совет со кое е преиначено решението...

СЈО денеска ќе поднесе жалба за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд против вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор, потврди за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска. Од СЈО сметаат дека доказите што ги...

Адвокатите на Грујовски поднесоа жалба на притворот

Адвокатскиот тим на првоосмничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски поднесе жалба на притворот за началникот на петтата управа. „Барањето е испратено до судија на претходна постапка и кога ќе бидат комплетирани списите ќе бидат доставени на одлучување до Кривичниот совет. Според законот за Кривична постапка, Кривичниот совет има рок од 48 часа да одлучи за жалбата“, велат за „Мета“ од...

СЈО го презема случајот „Шпион“

Претставник од Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште на Апелацискиот суд на кој се разгледуваше жалбата на осудените во случајот „Шпион“, рече дека предметот во своја надлежност го презема СЈО, пренесува „Нова ТВ“. Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе, меѓу кои првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што, според...

Апелација драстично им ги намали казните на осудените за кражбата на артефакти

Апелацискиот суд Скопје донел одлука со која им ги намали затворските казни на седуммината осудени за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд ги прифатил жалбите на осудените и по оддржаната седница на 18 јануари годинава, донел пресуда со која ја потврдил првостепената пресуда, но ја преиначил во...

СЈО се жали против решението да не ги добие доказите од Судот

Специјалното јавно обвинителство денеска преку соопштение информираше дека поднело жалба против решението на Основниот суд Скопје 1 со кое е одбиено барањето на СЈО да му бидат предадени копии на списи и електронски докази. „Во жалбата укажуваме дека со обжаленото решение првенствено е направена суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка (ЗКП), во смисла што решението надвор од главната...

Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 часа, во саботата попладне, до...

СЈО: Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје, истрагата продолжува

Специјалното јавно обвинителство завчера преку својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека поднело жалба на одлуката на судот за неодредување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. „Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува“, стои во објавата на СЈО на „Фејсбук“. Совет на Основниот суд Скопје 1 составен од тројца судии во рок од...

Што следува по одбиените барања на Јанева за притвор на осомничените во „Титаник“?

Со неприфаќањето на судот на барањата на Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“, почнуваат да течат реалтивно куси законски рокови (од 24, односно 48 часа) за сите страни - за СЈО, за осомничените и за судот. Јанева има рок од 24 часа од донесувањето на решението на судијата на претходна постапка...

Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

Арбитражниот суд за спорт ја отфрилил жалбата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со која тој бара да му биде укината суспензијата од 90 дена, јавува „Би-Би-Си“. Поради суспензијата, на претседателот на УЕФА му се забранети какви било активности поврзани со фудбалот. Платини и претседателот на Светската фудбалска организиација (ФИФА), Сеп Блатер, беа суспендирани на почетокот од октомври поради истрагите што се...

Основен суд Скопје 1: „Бомбите“ не можат да бидат докази

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 на денешната седница донел решение да ја отфрли жалбата на Основното јавно обвинителство за „бомбите“ да можат да се користат како доказен материјал. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка...

Обвинителството поднесе жалба на пресудата за убиството на тригодишното девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднело жалба на пресудата со која Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд во март оваа година, беа осудени на затворска казна од 20 години за убиство со умисла на тригодишното девојче во Скопје, сметајќи дека „изречената казна е недоволна за вакво кривично дело“, соопштуваат од Јавното обвинителство. „Обвинитетите во март минатата година брутално, на смрт...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...