fbpx
Таг: жалба

таг: жалба

„Трезор“: СЈО најавува жалба, чека изземање на судијка и замрзнување на сметката на „Финзи“

Од СЈО за „Мета“ велат дека со сигурност ќе поднесат жалба на одлуката за неопределување притвор на еден од осомничените во „Трезор“. Жалбата на СЈО треба да ја разгледува тричлен совет на Кривичниот суд, кој во рок од 48 часа треба да донесе одлука дали ќе го потврди решението на судијата на претходна постапка или ќе го прифати барањето...

СЈО ја обжали одлуката на Апелација – ист судија не може двапати да одлучува

Специјалното јавното обвинителство соопшти дека поднело жалба до Врховниот суд - Скопје бидејќи одлуката на Апелацискиот суд - Скопје за одбивање на барањето за продолжување на притворот за осомничениот во случајот „Транспортер“, Владимир Талевски, ја донел судија кој претходно одлучувал за истиот предмет. „Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно на тоа дека при донесување...

Судот му го продолжи притворот на Талески, а Апелација ја одби жалбата на адвокатите

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на барање на Специјалното јавно обвинителство му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески за нови 30 дена, соопштија попладнево од судот. Од судот, покрај продолжувањето на притворот, информираат и дека Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на одбраната на Талески за продолжувањето на притворот од 21 јули, и го...

Талески дојде на јавната седница во Апелацискиот суд

Осомничениот градоначалник на Битола, Владимир Талески во придружба на полиција дојде на денешната јавна седница на Апелацискиот суд. Од Специјалното јавно обвинителство во судот е присутен обвинителот Трајче Пеливанов, а од одбраната на Талески, адвокатите Никола Додевски и Војо Тасевски. На денешната седница во Апелациониот суд ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на Талески. Седницата се одржува на барање на...

Јавна седница во Апелација за притворот на Талески

Денеска во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи втора јавна седница на која ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Седницата ќе се одржи на барање на одбраната која вложила жалба на продолжувањето на мерката куќен притвор. Талески веќе втор месец е во куќен притвор, но неодамна обвинителите од СЈО проверуваа дали извршува...

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО и за другите осомничени во „Тврдина“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го потврдил решението на судијата на претходна постапка да не им одреди мерки на претпазливост на тројца од осомничените во случајот „Тврдина“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското...

Нема мерки на претпазливост за Јанкулоска, Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврдил одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија да не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО бараше од судот на Јанкулоска да ѝ биде одземен пасошот, да ѝ се определи...

СЈО поднело жалба на одлуката на судот да не ги суспендира „алфите“ од случајот „Тортура“

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба на одлуката на судијата на претходна постапка со која тој го одби барањето на СЈО и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки, и петтемина негови колеги, осомничени во случајот „Тортура“, информираат за „Мета“ од СЈО. „Ве известуваме дека одлуките на судот се обжалени“, велат од...

„Тврдина“ останува кај Поп-Стефанија, Апелација ја одби жалбата на СЈО

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на претседателот на Кривичниот суд да не го прифати барањето за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, соопштија денеска од судот. Второстепениот суд ја одбил жалбата на СЈО како неоснована и ја потврдил одлуката на Основниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење...

СЈО бара Талески да остане во притвор, а одбраната увид во доказите

Одбраната на градоначалникот Владимир Талески, адвокатите Никола Додевски и Боро Тасевски, како и обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, попладнево на јавна седница пред Кривичниот совет на Апелацискиот суд ги изложија аргументите „против“ и „за“ куќниот притвор што му е одреден на битолскиот градоначалник. Адвокатот Додевски пред Кривичниот совет истакна дека барањето за притвор на СЈО не било засновано на докази...

Апелациja денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Талески

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, поднесена од неговите адвокати, потврдија за „Мета“ од судот. Како што инфоромираат оттаму, седницата е закажана за денеска во 14 часот. Разгледувањето на предметот за Талески на јавна седница, велат од Апелацискиот суд, било на барање на одбраната на битолскиот градоначалник, која...

Предметот за куќниот притвор на Талески испратен во Апелација

Кривичниот суд денеска го испратил до Апелацискиот суд предметот за куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Предметот е комплетиран и доставен до Апелацискиот суд - ни изјави портпаролката на судот, Паула Божиновска. За испраќање на предметот до Апелација се...

Судот чека доказ дека Талески го добил решението за куќен притвор

Кривичниот суд сè уште не го испратил предметот за битолскиот градоначалник Владимир Талески до Апелацискиот суд, иако, според најавите од судот, тоа требаше да се случи уште вчера. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбата на одбраната на Талески не е доставена бидејќи предметот сè уште не бил комплетиран. „Се чекаат доставници од битолската полиција за да се доуреди предметот....

Кривичниот совет ја укина одлуката на судијката Поп-Стефанија за „Тврдина“

Судија на претходна постапка повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазивост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија. „Жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела...

Кривичен совет: СЈО неосновано ги бара пасошите на Груевски, Јанакиески и на Трајковски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја отфрли како неоснована жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијата да не им одреди мерки на претпазливост на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тројцата осомничени во случајот „ТНТ“ на Специјалното...

Кривичниот суд ја доставил жалбата на Талески до Апелација, нема потврда дека е примена

Кривичниот суд денеска суд ја доставил до Апелацискиот жалбата на одбраната за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Оттаму велат дека сè уште ја немаат добиено доставницата, односно потврдата од Апелацискиот суд дека ја добиле жалбата, но очекуваат тоа да се случи во текот на денешниот ден. Од Кривичниот суд уште еднаш...

Талески го добил решението за куќен притвор

Судот успеа да го најде битолскиот градоначалник Владимир Талески и официјално му го врачи решението за куќен притвор. Ваквата вест официјално за „Мета“ ја потврдуваат од Кривичниот суд од Скопје. Од судот велат дека адвокатот на Талески веќе поднел жалба на решението. Не се знае каде бил Талески во изминатите два дена од изречувањето на мерката куќен притвор за случајот...

Талески во куќен притвор, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи одлуката на судијата и му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти попладнево Кривичниот суд. Претходно, на Талески, кој беше на распит во судот во понеделникот оваа недела, му беше одземен само пасошот иако СЈО за...

СЈО: Апсурдни се тврдењата дека мора да има „бомба“ за да бидеме надлежни за „Тврдина“

Апсурден и нелогичен е ставот и тврдењето на судијата кој ја спори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“ и врз сонова на кој ги одби барањата за одредување притвор за Горан Грујовски и за мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, велат од СЈО. Оттаму до Кривичниот совет...

Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава. Покрај Заев и Верушевски, кој...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...