Таг: згради

таг: згради

Најмалку 14 лица загинаа во силен земјотрес во Централна Италија

Најмалку 14 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди централниот дел на Италија, јави италијанската телевизија РАИ, додека другите извори наведуваат дека бројот на потврдени загинати е над 20. Бројките на загинатите се менуваат од момент на момент, бидејќи во настраданите подрачја тешката механизација допрва ги расчистува урнатините. Земјотресот најпрво разурна десетина села во Пескара...

Две згради се срушија во Истанбул

Две згради се срушија во центарот на Истанбул. Властите засега немаат информации дека под урнатините се наоѓаат луѓе, пренесуваат турските медиуми. Првичните информации укажуваат дека една од зградите во моментот на уривањето била празна, но урнатините ги затрупале околните дуќани, во кои во тој момент имало луѓе. Властите веруваат дека нема жртви ниту повредени во несреќата.

Најмалку седум загинати во земјотрес во Тајван

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои две деца. Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 ката. Околу 230 луѓе се спасени од урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот. Сè уште се трага по 26 луѓе. Силниот земјотрес бил со интензитет од 6,4 степени според...

„Студентски пленум“: Има најмалку три други локации за изградба на барокните факултети

Изградбата на објектите за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичка култура е неопходна затоа што студентите студираат во нечовечки услови. Но, сепак, се поставува прашањето дали овие факултети мораше да се изградат баш на оваа локација, сметаат претставниците на „Студентски пленум“. - Освен тоа што се исекоа 47 дрвја, има и други нелогичности околу изградбата...

БИРН: За „Скопје 2014“ потрошени се повеќе од 567 милиони евра

Најмногу пари за проектот „Скопје 2014“ потрошиле Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи на Владата, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на најкрупните објекти како што се: Музејот на ВМРО, Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија и новиот изглед на владината зграда, објави БИРН во истражувањето „Скопје 2014 под лупа“. Според документите, најскап објект од проектот „Скопје...

Графити: „Ало началниче“ му води на „Шу праиш“

Аудиоснимките со прислушувани материјали, што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги активираа уметничките форми по ѕидовите, па на повеќе згради во Скопје може да се забележат графити инспирирани од „најсочните“ фрази употребени во „бомбите“ на опозицијата. Изразот на Гордана Јанкулоска „Шу праиш“, кој стана популарен на социјалните мрежи, а доби и свој хаштаг на „Твитер“, е напишан на неколку згради,...

Германија: Запалени згради за азиланти

Засега непознати лица, според германската полиција, подметнаа пожар во три празни згради во Баварија, кои биле наменети за сместување азиланти. Пожарот избувнал доцна синоќа, во место во близина на Нирнберг, а полицијата соопшти дека во еден од објектите нашла исцртани свастики и пароли против странци. За време на пожарот, зградите биле празни. Пожарот бил бргу локализиран, при што полесно е повреден еден...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...