fbpx
Таг: зголемување

таг: зголемување

„Еуроникел индустри“ ја стартуваше втората печка во кавадаречки ФЕНИ

Втората печка за топење никелова руда во поранешен ФЕНИ денеска беше стартувана со работа. Една година по влегувањето во комбинатот, новиот сопственик „Еуроникел индустри“ го одбележа успешното работење и ги најави натамошните планови за работа. На денешната свеченост во кругот на фабриката присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. - Овој комбинат е клучен за овој регион затоа што вработува...

Просечната нето-плата во септември изнесувала 25.435 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435, а бруто-платата 37.797 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната нето-плата во септември е зголемена за 4,4 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање (8,8 проценти), административни и помошни...

Извозот во првите девет месеци се зголемил за 6,5 проценти

Во првите девет месеци, вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 5.377.820 илјади долари и бележи пораст од 6,5 проценти во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.910.889 илјади долари, што е за 4,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари...

Просечната нето-плата во август изнесувала 25.127 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува ла 25.127 денари, а бруто-платата 37.322 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната нето-плата во август се зголемила за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита...

Владата постигнала договор со бизнис-секторот, минималната плата ќе се зголеми на 14.500 денари

Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари. -Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари - изјави Заев. Тој потенцираше дека до крајот на мандатот...

Во првите осум месеци бројот на туристи е зголемен за 2,1 проценти за разлика од лани

Во периодот од јануари до август годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,1 отсто, кај домашните за 1,3 проценти, а кај странските за 2,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Кај ноќевањата зголемувањето изнесува 1,5 отсто, при што кај домашните 0,3 отсто, а кај странските 3,2 отсто. Државава во август годинава...

ФЗОМ ги зголеми квотите на лекови и за април

Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите на лекови за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува од 85 до 90 проценти. „Ова зголемување е обезбедено за секоја...

Просечната исплатена нето-плата во февруари изнесувала 24.192 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари изнесувала 24.192 денари, а бруто-платата 35.901 денар објави Државниот завод за статистика. Во февруари годинава има зголемување од 4,5 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита (11,6  проценти), транспорт и...

Општинската администрација пораснала двојно од 2011 година (инфографик)

Локалната самоуправа има двојно повеќе вработени отколку во 2011 година, покажува споредбата на два документи од Министерството за локална самоуправа и од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Динамиката на вработување во општините се удвоила по 2013 година, од кога бројот на вработени во просек годишно расте за 22 отсто. Според Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2015-2020...

Горивата поскапуваат од половина до три денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ поскапува за три денари и ќе чини...

Просечната нето-плата во ноември изнесувала 24.548 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година изнесувала 24.548 денари, а бруто-платата 36.017 денари и е зголемена за 5,8 проценти во однос на истиот месец 2017 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување пред сè се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (19,2 проценти), рударство и вадење на камен (18,6...

Администрацијата секоја година јаде сѐ поголем залак од буџетот

На администрацијата секоја година се трошат сè повеќе пари од буџетот, а ништо поразлична нема да биде ниту 2019 година, кога се предвидува за плати на администрацијата од буџетот да се потрошат 461 милиони евра, што е зголемување за 25 милиони евра или од 5,7 отсто во однос на годинава, кога за оваа намена се одвоени 436 милиони евра. Податоците...

Индустриското производство зголемено за 5 проценти во однос на лани

Индустриското производство, во првите девет месеци годинава, е зголемено за пет проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во септември зголемувањето изнесувало 4,5 проценти во однос на истиот месец лани. Индустриското производство е зголемено во секторот рударство и вадење на камен од 4,7  проценти, во преработувачка индустрија има пораст од 3,6 проценти, а во секторот снабдување со...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 до 3,5 денари. Цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за 3,5 денари, „еуросупер БС-95“ се намалува за три денари, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. Новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе биде  73 денари, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 71,50 денари, а...

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти во однос на истиот период лани и тоа кај домашните туристи има зголемување за 9,3 проценти, а кај странските има зголемување за 19,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 16 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 72 денари, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари...

Нивото на Охридско Езеро се зголемува брзо, поради врнежите и топењето на снегот

Поради брзото топење на снегот, интензивните врнежи на дожд и високите температури, екипите на ЕЛЕМ се на терен, и го следат брзиот пораст на нивото на Охридско Езеро, информираше директорот на оваа институција, Драги Миноски. Тој додаде дека се преземаат потребните мерки во случај да продолжат ваквите временски прилики. - Работиме максимално за да го оптимизираме нашето производство, имајќи предвид дека и...

Бројот на патници во јануари е зголемен за 18,7 отсто во однос на истиот месец лани

Во јануари годинава, од двата аеродроми превезени се вкупно 151.381 патници, што претставува зголемување од 18,7 отсто споредено со истиот месец лани, информираат од Министерство за транспорт и врски. На скопскиот аеродром, регистрирани се вкупно 145.592 патници што во споредба со јануари 2017 година, кога биле превезени 123.118 патници, се забележува зголемување од 18,3 отсто. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, бројот на превезени...

Минимално зголемување на индустриското производство лани во однос на 2016 година

Индустриското производство лани, во однос на 2016 година е зголемено за 0,2 проценти објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во декември лани во однос на истиот месец во 2016 година, бележи пораст од 1,8 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас,...

Рејтингот на Трамп и на САД секаде паѓа, освен во Македонија, Израел, Либерија и Белорусија

Една година од инаугурацијата на Доналд Трамп за нов аемрикански претседател, рејтингот на САД како светски лидер е опаднат во сите земји освен во четири, меѓу кои е и Македонија, пишува магазинот „Атлантик“ во текстот со наслов „Што имаат заедничко Израел, Либерија, Белорусија и Македонија?“ Истражувањето на рејтингот, на кој се повикува „Атлантик“ е спроведено од агенцијата „Галуп“ во 134...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...