четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: зголемување | 180 резултати

Просечната нето-плата по вработен во март изнесувала 28.217 денари

мај 21, 2021

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28.217 денари и е за 6,8 проценти повисока во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 проценти), Дејности на […]

Просечната плата во февруари изнесува 27.948 денари

април 21, 2021

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари година изнесува 27.948 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 102,7, односно просечната плата е зголемена за 2,7 отсто, во однос на онаа од […]

Во Прилеп е во замав пандемијата со ковид-19, неделно заболуваат по 400 лица

март 30, 2021

Пандемијата од ковид-19 во Прилеп зема замав. Во овој втор бран се евидентираат неделно преку 400 заболени лица, што е на нивото на бројот од времето кога првиот бран на корона вирусот го достигна пикот во овој град. Од одделот за епидемиологија во Центарот за јавно здравје апелираат сите граѓани да се придржуваат до заштитните […]

Порталб.мк: Во Тетово за една година без работа останаа 7.588 лица, од кои 1.157 поради пандемијата 

март 5, 2021

Вкупно 7.588 граѓани од Тетово и од пет околни општини се додадени на списокот на невработени лица во последните 12 месеци, од кои 1.157 останале без работа поради последиците од пандемијата на ковид-19. Во исто време, минатата година вкупниот број на невработени во овој регион изнесуваше 13.194 лица, додека денес е 20.728, пишува Порталб.мк. Вкупното […]

Просечната нето-плата во декември 2020 се зголемила на 28.294 денари

февруари 23, 2021

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28.294 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според нивните податоци, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.4. Ваквото зголемување на нето-платата за 5,4 отсто во однос на декември 2019 се […]

Цената на бензините се зголемува за еден, а на дизелот за половина денар

февруари 22, 2021

Со најновата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, цената бензините се зголемува за еден, а на дизелот за половина денар. Оттука малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 64,50, а на „еуросупер БС-98“, 66 денари.Со поскапувањето од половина денар цената на дизелот ќе чини 55 денари. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени […]

Ковид-бројките во пораст, регистрирани повеќе мутации на вирусот, експертите повикуваат на внимателност

февруари 10, 2021

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) бележи зголемување за 4,1 процент на број на нови позитивни ковид-случаи, како и зголемување за 3,1 отсто на смртните случаи, споредено со минатата недела. Последниот неделен извештај на институцијата, за периодот од 1 до 7 февруари покажува дека во овој период тестирани се вкупно 14.398 материјали во лабораториите во кои […]

МТСП: Јануарската пензија ќе биде зголемена за 1,2 отсто, колку што пораснале трошоците за живот

јануари 20, 2021

Пензионерите ќе добијат зголемена пензија за јануари за 1,2 отсто, според  усогласувањето со порастот на животните трошоци, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). За толкав процент се зголемени трошоците за живот во второто полугодие од 2020 година, во споредба со првото полугодие од ланската годинa. „Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 […]

Компаниите во индустриските зони вработуваат 14.067 лица, за 0,6 отсто повеќе од 2019

јануари 15, 2021

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ДТИРЗ) информира дека и во услови на пандемија, компаниите што работат во зоните го зголемиле бројот на вработените. Во моментов кај нив се ангажирани 14.067 лица, што е зголемување за најмалку 0,6 отсто во однос на 2019 година. Според договорите, овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места […]

ДЗС: Просечната нето плата во октомври била 453 евра, за 8,4 отсто повеќе од истиот месец лани

декември 22, 2020

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108,4, што значи дека таа е повисока за 8,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС, според кој, просечната нето плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27.899 денари или 453 евра. Додека во […]

Предлог измени во Законот за даноци на имот, кој не живее во стан подолго од шест месеци, ќе плаќа три пати повисок данок

декември 10, 2020

Владата денеска даде „зелено светло“ за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка, со кој се предвидува извршување на усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување, информираат од владината прес-служба. „Со Предлог-законот се […]

ДЗС: Просечната нето плата во септември изнесувала 27.405 денари

ноември 20, 2020

Просечната нето плата во септември 2020 година во земјава изнесувала 27.405 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на просечната нето исплатена месечна плата во септември годинава, во однос на септември 2019 година, изнесува 107.7, односно просечната нето плата е повисока за 7,7 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на […]

Од ноќеска на полноќ бензините поскапи за денар и за денар и пол

ноември 16, 2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто во однос на одлуката од 9 ноември. Според одлуката, од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар за литар, додека цените […]

Трошоците на живот во октомври годинава зголемени за 2,1 отсто во однос на лани

ноември 9, 2020

Индексот на трошоците на животот во октомври 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 2,1 отсто, додека индексот на цените на мало бележи раст од 1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Исто така, индексот на трошоците на живот во октомври, споредено со септември 2020, е зголемен за […]

ИЈЗ: За седум дена 84 смртни случаи како резултат на ковид-19, зголемување од над 70 отсто

октомври 27, 2020

Министерството за здравство информира дека според извештајот на Институтот за јавно здравје, ИЈЗ, во периодот од 19 до 25 октомври годинава, пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, што е зголемување од 71,4 отсто во однос на една недела претходно. При тоа, 66 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 […]

РКЕ: Вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е директен притисок врз нашата работа

септември 10, 2020

Откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 21 јули годинава донесе одлука за зголемување на цената на струјата за 4,7 денари за киловат-час, во Скопје и во повеќе други градови низ земјава речиси секојдневно се одржуваат протести и собири на граѓани и здруженија со кои се бара враќање на старата цена и се нагласува дека […]

Зголемените трошоци за домување во август ја качија инфлација за 1,5 отсто

септември 9, 2020

Повисоките вкупни трошоци за домување и за храна и пијалоци во минатиот месец доведоа до пораст на инфлацијата на месечно ниво. Државниот завод за статистика објави дека вкупната инфлацијата во август 2020 изнесувала 1,5 отсто, односно дека, во споредба со истиот месец минатата година, за толку се зголемиле трошоците на живот во државава. Додека во […]

Колку се споредливи цените на струјата и просечните плати во европските земји?

август 10, 2020

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто предизвика лавина реакции во јавноста. Реагираа скоро сите општествени чинители, од претставници на политички партии, преку здруженија и синдикати па сè до анонимни корисници на социјалните мрежи. Сите со свои ставови и математики. Но, се чини дека најгласен е аргументот […]

Синдикатите со одговор на поскапувањето на струјата – ако не се зголемат платите, во протести и штрајкови

август 6, 2020

Рекордното зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата во Северна Македонија за 7,42 отсто, предизвика реакции на граѓаните, но не и само од нив. Претседателството на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонја, коешто се состои од 18 синдикати, ќе се состане во петок за да дискутира и да заземе став за мерките […]

Скандалозно зголемување на цената на струјата, интересот на компаниите пред оној на граѓаните

август 5, 2020

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за покачување на цената на електричната енергија е скандалозна, а уште поскандалозен беше обидот на тие што одлучуваат да ги убедат жителите дека Северна Македонија имале најниска цена во Европа. Кога се прави ваква споредба, цената на електричната енергија треба да се спореди со просечната месечна плата, и […]

Страна 2 од 9