fbpx
Таг: земјоделци

таг: земјоделци

Родот на 650 земјоделци од Пелагонија настрада од априлскиот студ

Априлскиот студ и мраз годинава го уништи родот кај близу 650 земјоделци од Пелагонија. Според подрачниот раководител  на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Битола, Илија Србиновски, денеска завршува увидот на стручните комисии за проценка на штети, по што извештаите ќе бидат пратени во министерството во Скопје за исплата на штетите. - Три комисии, секоја со три члена, постапија по...

Уставен суд ја објави одлуката за земјоделските субвенции

Уставен суд на својата веб-страница ја објави одлуката за субвенциите на земјоделците, што ја донесе на седницата на 10 мај. Со ова, се овозможува субвенциите да бидат исплатени од Министерство за финансии, кое чекаше одлуката да биде објавена. „Со оспорената забрана за исплата на субвенциите се доведува во прашање остварувањето на легитимните очекувања на оваа категорија граѓани, кои веќе инвестирале...

Миноски само наоѓа изговори да не ги исплати субвенциите, велат земјоделците

Претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот Регион, Ристо Велков, вели дека министерот за финансии, Кирил Миноски, само си наоѓа изговори во Изборниот законик за да не се исплатат субвенции. „Или нема пари, или политика е во прашање. Нека ми каже министерот кои избори се планирани во догледен период за да бидат пречка да не се исплатат субвенциите или,...

Миноски: Пари за субвенции за земјоделците има, чекаме на Уставен суд

- Доколку Уставниот суд го оспори членот од Изборниот законик, нема да постојат пречки за исплата на субвенциите. Имаме соодветна ликвидност - изјави министерот за финансии, Кирил Миноски, за „Телевизија 24“. Тој се надева дека парите ќе се исплатат во законски предвидениот рок до 30 јуни. Од Уставниот суд за „Алсат-М“ потврдиле дека ќе решаваат дали министерот за финансии во заминување,...

Земјоделците ќе ги блокираат границите ако до петок не ги добијат субвенциите

Револтирани поради неисплатата на субвенциите, земјоделците денеска од 12 до 13 часот блокираа повеќе патни правци низ државата. Тие бараат до петок да се сретнат со министерот за земјоделство, шумарство и за водостопанство, Михаил Цветков, министерот за финансии, Кирил Миноски, и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков. - Бараме средби во трите надлежни институции за да видиме кој лаже и...

ВМРО-ДПМНЕ: Грижата на СДСМ за земјоделците е лицемерна

„Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна отколку судбината на земјоделците и иднината на Република Македонија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Од партијата велат дека грижата на СДСМ кон земјоделците е лицемерна и дека земјоделците знаат дека „единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив и за подобрување на нивниот стандард“. „За...

Николовски: Земјоделците и нивните семејства ќе го дочекаат Велигден без пари

„Освен што се блокирани сите процеси во државата, и граѓаните се економски загрозени. Меѓу нив се земјоделците кои сè уште не ги имаат добиено субвенциите за минатата година, а многумина од нив и за претходните неколку години“, изјави на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој додаде дека поради несериозноста и неодговорноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните пратеници,...

Во Свети Николе земјоделци со стотина трактори си ги бараа субвенциите за 2015 и за 2016 година

Наместо кон нивите, земјоделците од Овче Поле, денеска со стотина трактори се упатија пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Свети Николе, каде протестираа и побараа исплата на субвенциите. Земјоделците тврдат дека не им се исплатени субвенциите за 2015 и за 2016 година. Велат дека без субвенции не можат да ја почнат новата реколта ниту, пак, можат да...

Николовски: Блокадата на Собранието е на директна штета на граѓаните

„Блокадата на Собранието е неодржлива ситуација и мора веднаш да прекине затоа што се одразува директно на штета на граѓаните на Македонија“, изјави на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој додаде дека раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Платежната агенција и во Министерството за финансии „буквално си играат со егзистенцијата на илјадници семејства на земјоделци со мали деца“. „Ако од Платежната...

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи исплатата на субвенциите на земјоделците

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата немаат ама баш никакво право со блокадата на парламентот и понатаму да ја загрозуваат егзистенцијата на земјоделците, коишто ги немаат добиено субвенциите за ланската, но и за неколку претходни години,“ изјави на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој додаде дека „итно мора да се овозможи формирање на новата демократска и реформска Влада којашто ќе...

Пелагониски земјоделци блокираат патишта поради платформата на Албанците

Пелагониските земјоделци од реонот на Могила бараат партиите на Албанците да се откажат од заедничката платформа како услов за формирање на нова влада. Четириесетина земјоделци со трактори и со приклучна механизација денеска ја блокираа крстосницата на магистралниот пат Битола - Прилеп, која води кон селата Могила и Црно Буки, за да го искажат својот револт кон заедничката платформа на Албанците. Според организаторот...

Евозни отворен за сите видови возила

Штрајкот на грчките земјоделци е прекинат. Граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози,...

Прекината блокадата на Евзони, соопшти АМСМ

Граничниот премин Евзони денеска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ и додаде дека на преминот нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. Грчките земјоделците претходно соопштија дека на пладне ќе почнат да се повлекуваат од блокадата. - Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката...

Грчките земјоделци почнуваат да се повлекуваат од Евзони

Земјоделците кои го блокираа граничниот премин Евзони денеска ќе почнат да се повлекуваат од блокадата. Како што јавуваат грчките медиуми, земјоделците од пладне ќе започнат да го напуштаат блокот на граничниот премин. „Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката кај Идомени, блиску до преминот Евзони на границата меѓу Грција и БЈРМ и да се вратиме...

Евзони се уште затворен за сообраќај

Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница и денеска е затворен отако синоќа пропаднаа преговорите на грчките земјоделци со властите во Атина. Грчките земјоделци штрајкуваат од 30 јануари, а блокадата која се однесува за целиот сообраќај предизвика штети на транспортните компании и нивните коминтенти. Евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар вчера изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата...

Брисел внимателно го следи проблемот со блокадата на Евзони, изјави Жбогар

Европската Унија и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони која е последица на штрајкот на грчките земјоделци, соопшти денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар, додавајќи дека очекува во најскоро време да се најде трајно решение. Жбогар за блокадата на преминот „Евзони“ денеска разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и писмено помагал помош од ЕУ...

Продолжува блокадата на граничниот премин Евзони

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени и нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација од Автомото-сојузот на Македонија се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на државните патишта сe одвива по наместа влажни коловози. Сообраќајот на патниот правец А3...

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на неколку патни правци

Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. На патниот правец с.Лисец - Попова Шапка, видливоста е намалена од 50 до 100 метри поради магла. Магла има и на планинскиот превој Стража. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени.

СДСМ ветува фонд од 6 милиони евра за помош на земјоделците од временски непогоди

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ветува дека во првите шест месеци од мандатот на новата влада ќе формира интервентен фонд од 6 милиони евра за помош на земјоделците при временски непогоди. Овие средства велат оттаму, ќе се користата кога пазарната цена на земјоделските производи ќе биде пониска од нивната производствена цена. „Во овој фонд се планирани средства и за обештетување на...

Затворен и граничниот премин Дојрани до 14 часот

Граничниот премин Дојрани денеска во 12 часот е затворен за сообраќај за сите видови возила, а се очекува да биде отворен во 14 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Сообраќајот е во прекин и на патниот правец Штип - Радовиш поради сообраќајна несреќа. Сообраќајот на државните патишта се...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...