fbpx
Таг: зеленило

таг: зеленило

Богоев ветува ревидирање на урбанистички планови во Карпош

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев, денеска вети дека ќе се ревидираат сите урбанистички планови во општина Карпош. Тој не кажа дека ќе се прави ревизија на досегашнтие. - Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да го ревидираме носењето на детални...

Шилегов: Ќе ставиме крај на градежното дивеење во Скопје

Граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначалници кои не мислат на потребите на граѓаните. По промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации, порача потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во своето обраќање по повод 8 Септември, на одбележувањето на големиот државен празник што во местото Три...

Македонски компании во Германија учеа за енергетски ефикасно градење објекти

Делегацијата на германското стопанство во Македонија во соработка со Министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија, организираше тридневно делегациско патување во Хамбург, на тема „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во објекти“, информираат оттаму. Делегацијата ја сочинувале 15 претставници на компании од градежната индустрија и од енергетскиот сектор од земјава. - Ова беше исклучително важна посета за компаниите...

ЛДП бара одговорност за набавка на палмите по нереално високи цени

Палмите за кои се потрошија еден милион евра народни пари не беа најавени во никаква предизборна или каква било друга програма на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, велат од Либерално-демократската партија. „Палмите почнаа да се сушат уште во првите месеци од нивното засадување, но набрзина беа заменувани со други палми за да се прикрие нелогичноста на проектот. Сега е очигледно дека...

Џиновски гнезда, герила-акција против уништувањето на зеленилото и на дрвјата во Скопје

Анонимни урбани уметници поставија уметнички инсталации, големи гнезда со јајца, на повеќе локации во Скопје, со кои сакаат да алармираат на сè поголемиот број исечени дрвја во градот. Во гнездата има порака „Ги исековте сите дрвја, каде да правиме гнезда? Птиците“. На овој начин тие сакаат да укажат дека за осум години градското зеленило е намалено за 40 отсто, што влијае на...

Бочварски: Урбанистичките планови се правеа за бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ има подготвено закон за заштита на зеленилото и за зголемување на процентот на зеленилото во градовите и по формирањето на новото парламентарно мнозинство ќе го пуштиме во собраниска процедура, изјави денеска Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ. Бочварски соопшти дека Законот ќе предвидува површините планирани во Генерален урбанистички план и во Детален урбанистички план,...

В недела целодневна забава за зачувување на паркот во Тафталиџе

По успешната одбрана на паркот во Тафталиџе ова утро, неколку жители решија да продолжат со дружењата на единствената зелена површина во населбата, пренесе Радио МОФ. Тие за оваа недела најавија целодневен настан во паркот на улицата „Букурешка“, со почеток во 12 часот. На неа се повикани сите граѓани кои сакаат да помогнат во зачувувањето на паркот. „Организираме целодневно дружење на граѓаните...

Граѓаните на Карпош 4 со писмо бараат да се запре усвојувањето на ДУП-от

Неформална група граѓани од Карпош 4 испрати писмо до советниците на Општина Карпош и до градоначаникот, Стевчо Јакимовски, со барање за запирање на усвојувањето на деталниот урбанистички план за Карпош 4. „Сметаме дека со овој ДУП се нарушуваат начелата загарантирани во Законот за просторно и урбанистичко планирање и тоа: рамномерниот просторен развој; рационално уредување и користење на просторот; услови за хумано живеење...

Неуспешна иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4

Граѓанската иницијатива за спас на зеленилото во населбата Карпош 4 не успеа да собере доволно потписи за запирање на процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, со кој е предвидено да се изградат станбени објекти и паркиралишта на местото на дрвјата и на зеленилото. На иницијативата се потпишале 2.600 жители, а за успешна акција потребни беа...

Иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4 досега собра 2.300 потписи

На последниот ден од рокот за потпишување на иницијативата за спас на зеленилото во населбата Карпош 4, до 10 часот утринава, потпишани се 2.300 жители на Карпош. За акцијата да биде успешна, потребно е до крајот на денот да се потпишат вкупно 5.900 граѓани. На социјалните мрежи се појавија информации за постоење на два списоци, но вработени во Државната изборна комисија...

Општина Карпош: СДСМ се најголемите лажговци на политичката сцена

„Најголемите лажговци на политичката сцена во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз предводен од Бранко Црвенковски и од Зоран Заев, не престанаа да се занимаваат со кражби. Овојпат, измислија кражба на зеленилото во Карпош. Наводно, Општината ќе им ги украла зеленилото и дрвјата на граѓаните и тоа, ни помалку ни повеќе, преку урбанистички план“, реагираат од Општина Карпош на прес-конференцијата на советничката...

СДСМ: Почна сечата на дрвја во Карпош

„На ова место каде што се наоѓаме, веќе е пресечено првото дрво. Ќе биде порамнет со земја целиот парк. Тука Стевчо Јакомовски и ВМРО-ДПМНЕ ќе градат катна гаража. Ова нема да биде единствениот уништен парк во општина Карпош, туку еден од неколкуте кои ќе исчезнат, за Стевчо Јакимовски и партнерот Груевски да градат гаражи. Тоа е предвидено во новиот...

За властите и зеленилото и безбедните улици се политика, а таа е само нивна

„Политика“ е кога се штити зеленило, кога се инсистира на безбедни улици, кога се бараат хигиена и реформи во образованието. А со политика и со собирање политички поени смеат да се занимаваат само претставниците на владејачката партија. Ова може да се заклучи од нивните изјави кога изминатава недела неколку граѓански иницијативи беа прогласени за „политика“ - како да е тоа непристоен...

Жители на Карпош: Ако Јакимовски нè поддржува, нека дојде да се потпише

Од граѓанската иницијатива за спас на зеленилото во населбата Карпош 4 велат дека доколку градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навистина ги поддржува, како што изјави во одговорот на нивната петиција, тогаш тоа треба да го покаже на дело. - Притисокот мора да продолжи. Стевче нè поддржува, но добро е да го покаже тоа на дело. Демантираме дека иницијативата е...

Карпош 4 собира потписи за спас на зеленилото, Јакимовски „дава“ поддршка

Жителите на општина Карпош почнаа да собираат потписи за да го запрат процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, кој предвидува згради и паркиралишта на местото на зеленилото што ќе биде уништено. Целта на акцијата е враќање на деталниот план во фаза на анкета и на јавна расправа, за жителите да можат да учествуваат во одлуките на Општината. Акцијата...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...