вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: затвореници | 62 резултати

Заложничка криза во Канада: Затвореници заробиле чуварка во подрум

јуни 23, 2016

Затвореници од Квебек, на северот на Канада, зеле чуварка од судница како заложник и ја држат во подрум на зграда, соопшти министерството за јавна безбедност. Покраинската полиција соопшти дека заложничката криза се одвива во градот Сет Ил, 650 километри североисточно од Квебек Сити. Полицијата не може да потврди колку затвореници ја држат чуварката како заложник. […]

Денеска протест на затворениците и на нивни роднини

мај 5, 2016

Затвореници и нивни роднини денеска ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари и […]

Протести во македонските затвори на 5 мај

мај 3, 2016

Затворениците и нивни роднини на 5 мај ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани, јавува „Алсат-М“. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на Иванов да ги сопре сите […]

Затворениците бараат Иванов и нив да ги помилува

април 19, 2016

Речиси 2.000 затвореници од машкиот и од женскиот оддел на КПД „Идризово“, но и од штипскиот затвор, со заедничко писмо и со барање преку адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ побараа од шефот на државата, Ѓорге Иванов, да бидат помилувани, објави „Плусинфо“. Иако писмото денеска и официјално ќе биде доставено до кабинетот на Иванов, се очекува […]

Пентагон планира префрлање затвореници од Гвантанамо

март 31, 2016

Пентагон го извести Конгресот на САД дека планира да изврши префрлување на десеттина заробеници од воениот затвор Гвантанамо во најмалку две земји, соопшти денеска неименуван американски претставник. Реализацијата на првиот трансфер се очекува во следните неколку дена, додека другите трансфери се планирани за следната недела, потврди американскиот претставник кој инсистирал да остане анонимен. Тој соопштил […]

Во немири во затвор во Мексико загинаа 52 лица

февруари 12, 2016

Најмалку 52 лица загинаа во бунтот и во пожарот кој изби во затвор на северот на Мексико, соопштија мексиканските власти. Немирите почнаа синоќа, нешто по полноќ, со расправија на две ривалски групи осуденици во затворот „Топо Чико“ во индустрискиот град Монтереј. Гувернерот Хаиме Родригес рече дека властите ја ставиле ситуацијата под контрола, час и половина по […]

Иванов помилува 174 затвореници

декември 30, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод Новата 2016 година, даде помилување на 174 осудени лица, од кои 54 целосно, а 120 делумно се ослободуваат од понатамошно издржување на казната затвор. Претседателот на Република Македонија со помилување дава ослободување од гонење или целосно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со […]

Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија

декември 1, 2015

Јеменскиот разгранок на Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија поради најавеното масовно погубување затвореници, вклучувајќи и членови на Ал каеда. Во заканата се наведува дека им се познати намерите на саудиските власти да ги погубат нивните членови во саудиските затвори и најавија напади во знак на одмазда. „Наша крв ќе биде пролеана за […]

Украинските власти и проруските бунтовници разменија заробеници

октомври 29, 2015

Украинските власти и проруските бунтовници во Источна Украина денеска разменија заробеници во присуство на ОБСЕ и на МКЦК. Како што јавуваат локалните медиуми, украинските власти ослободија 11 заробеници, а сепаратистите девет, односно четворица затвореници на Донецката народна република и петмина на Лугањска народна република. Официјален Киев тврди дека сепаратистите држат 148 украински војници како заложници, […]

Затворениците се вратија на затворската храна

септември 22, 2015

Затворниците од затворот во Штип го прекинале штрајкот со глад, со што дале простор до утре претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, да одговори на иницијативата за собирање потписи за законски измени на Законот за амнестија. Повеќе од 200 затвореници, кои одбиваа затворска храна, синоќа вечерале во затворската менза. Сепак, прекинот на штрајкот со глад […]

Во повеќе затвори во земјава затворениците штрајкуваат со глад

септември 20, 2015

Затворениците од „Идризово“ втор ден штрајкуваат со глад. Целта е вниманието на јавноста да се сврти кон нив, сакајќи да ги покажат нечовечките услови во кои престојуваат. Штрајкот денеска се шири низ повеќе затвори, а затворениците негодуваат поради преполнетоста на просториите, но и поради лошата храна. Надлежните во затворите се известени за штрајкот и признаваат дека […]

Затвореници во Штип и во Идризово штрајкуваат со глад

септември 18, 2015

Повеќе од половината затвореници од затворот во Штип одбиле да јадат. Заедно со затворениците од затворот во Идризово, во Скопје, од синоќа најавија штрјак со глад, како револт, како што велат, од „лошите затворски услови и немањето место за спиење“. Информацијата ја потврдија од Управата за извршување санкции, но, според нив, не се работи за […]

Мјанмар ослободи близу 7.000 затвореници во пресрет на изборите

јули 30, 2015

Властите на Мјанмар помилувале и ослободиле околу 7.000 затвореници, меѓу нив и 210 странци, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на официјални информации од владата. Амнестијата, која, според министерството за информации, била иницирана од претседателот од „хуманитарни причини“, доаѓа пред изборте во Мјанмар, кои се закажни за ноември. Сепак, пренесува „Би-Би-Си“, сè уште не се знае дали […]

Нигериската војска ослободи 180 затвореници

јули 6, 2015

Нигериската војска ослободила 180 затвореници, соопштувајќи дека тие веќе не се осомничени за поврзаност со екстремистичката група Боко харам. Помеѓу ослободените затвореници има и жени со бебиња и со мали деца. Затворениците се ослободени по завршување на истрагата, која покажала дека не се виновни по обвинувањето, по што тие се пренесени во државата Борно, каде што ќе […]

Во Северна Кореја за 15 години јавно се убиени 1.400 луѓе

јули 1, 2015

Речиси 1.400 лица се јавно егзекутирани во последниве 15 години во Северна Кореја. Како што јави јужнокорејската агенција „Јонхан“, во периодот од 2000 до 2014 година во Северна Кореја јавно биле егзекутирани вкупно 1.382 лица. Според невладините организации, во Северна Кореја постојат пет работни логори, во кои се сместени меѓу 80.000 и 120.000 политички затвореници. […]

САД и Куба ги нормализираат односите

декември 17, 2014

Куба го ослободи Американецот Ален Грос, во замена за тројца Кубанци затворени во САД. Размената на затвореници е првиот голем чекор во американско-кубанските односи. Американските претставници велат дека Грос, кој беше транспортиран со владин авион, е ослободен на хуманитарно барање, поднесено од Белата куќа. Ослободувањето на Грос, кој пет години се наоѓаше во затвор, претставува […]

Во Северна Кореја ослободени последните американски заробеници

ноември 9, 2014

Американските државјани Кенет Беј и Метју Тод Милер можат да ја напуштат Северна Кореја и наскоро ќе се вратат дома, соопшти американската влада. Авионот со ослободените американски државјани е на пат кон САД. Минатиот месец Северна Кореја го ослободи Американецот Џефри Фоул. Претходно, Пјонгјанг го осуди Метју Милер на шест години затвор, под обвинение за […]

Израел донесе закон кој ќе го блокира ослободувањето затвореници

ноември 4, 2014

Израелскиот парламент го усвои законот кој би можел да го блокира ослободувањето на палестинските затвореници обвинети за убиство во некои идни мировни преговори, соопшти портпаролот на парламентот. Израелскиот парламент, Кнесет, доцна синоќа, со 35 гласови „за“ и со 15 „против“, го донесе законот што го предложи една од партиите од десницата, а владата го одобри во […]

Страна 3 од 3