понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: заштитни мерки | 50 резултати

Филипче апелираше на почитување на мерките за Велигден и да нема причест во храмовите

април 29, 2021

Ако има најава за причестување од иста лажичка тоа го осудувам и апелирам да не се прави, одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешниот настан на примопредавање на донација од Словачка на четири респиратори за Клиниката за детски болести. Тој уште еднаш повтори дека верските лидери се обврзале да апелираат до […]

Полицискиот час останува да важи до 6 април, одлучи Владата

март 22, 2021

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22 часот до 5 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април. Мерката полициски час беше […]

МТСП за загинатото дете во пожар во Гостивар: Центарот за социјална заштита немал пријави за родителска негрижа

март 16, 2021

Во врска со денешниот случај со пожарот во зграда во Гостивар, при што настрада седумгодишно дете кое било врзано со синџир, се јави со соопштение Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Тие информираат дека немало пријави до Центарот за социјална заштита (ЦСР) во Гостивар за родителска негрижа. „Досега во ЦСР Гостивар не се пристигнати […]

Олабавување во Бугарија и Хрватска, во Црна Гора и Грција нови мерки против ковид-19

март 1, 2021

Во Бугарија од денеска повторно се отворени за посетители угостителските објекти и објектите за забава во периодот од 6 до 23 часот, со исклучок на дискотеките, пијано баровите и ноќните барови, соопшти Министерството за здравствена заштита. Условите се локалите да се исполнети најмногу до половина од просторот, на маса да има најмногу шест лица, а […]

Хрватска и Словенија делумно ги олеснуваат епидемиолошките мерки, Бугарија ќе чека до 1 март

февруари 15, 2021

Хрватска и Словенија денеска ги олабавуваат строгите епидемиолошки мерки изречени поради влошувањето на состојбата и зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот. Во Хрватска од денеска на угостителите им се овозможува продажба на храна и разни пијалоци за носење, се отвораат фитнес центрите и теретаните, како и детските  игротеки и работилници, како и на […]

Комисијата за заразни болести предлага угостителските објекти и натаму да работат до 21 часот

јануари 29, 2021

Да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21 часот, а државната и јавна администрација да работи во смени или онлајн од дома, согласно карактеристиките на институциите. Ова е препораката на Комисијата за заразни болести, од каде што велат дека и натаму треба да останат на сила […]

Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје и сопственик на угостителски објект во Тетовско

јануари 17, 2021

Во период од 24 часа, полицијата привела дури 14 лица кои не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19, од кои 13 лица кои биле на две забави во Скопје и сопственик на угостителски објект во Тетовско, кој работел по крајот на работното време одредено со антиепидемиските мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Во […]

Филипче: Мерките беа добро димензионирани, имаме пад на новите случаи

јануари 17, 2021

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното интервју за телевизија Сител рече дека мерките за борба против ширењето на ковид-19 биле добро димензионирани и дале резултат, односно во земјата има значаен пад на новодијагностицирани случаи и значајно намален број на хоспитализации. Тој рече и дека во земјава се веќе пристигнати два од петте фрижидери […]

Во Србија од денеска влегување само со негативен ПЦР тест

декември 21, 2020

Во Србија денеска стапија на сила нови заштитни мерки против корона вирусот, со кој странски државјани ќе можат да влезат во Србија само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, јавуваат српските медиуми. Државјаните на Србија, пак, ќе може да влезат во земјата и без таков тест, но ќе мора да одат во […]

Владата со Протокол: Настаните да траат до половина час, половина од времето да е за новинарски прашања

декември 1, 2020

Заради одржување на непречена работа на медумските работници и другите присутни на јавни настани, Владата на денешната седница донесе посебен Протокол за одржување настани со медиумско присуство. Тој содржи два дела, општи генерални насоки за сите јавни настани, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции. Според општите […]

Театар во време на корона: Драмски може да прими најмногу 62 постители на претстава, а МНТ до 120

октомври 21, 2020

Неодамна повторно се отворија театрите кои поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, во март мораат да стават клуч на вратите. Овој пат, со нови услови за работа актерите се вратија на сцената. Со новите препораки, културни настани на затворено може да се организираат со 30 отсто од капацитетот на местото […]

Опозицијата побара дополнително време да ги разгледа новите построги мерки за ковид-19

октомври 20, 2020

На денешната собраниска седница, на барање на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, не се најдоа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, кои се всушност новите построги мерки за заштита од коронавирусот. Се очекува Собранието да расправа за Законот на следната собраниска седница, на 27 октомври, кога се […]

Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки

октомври 17, 2020

Предлозите од Комисијата за заразни болести за поригорозни мерки во вид на законски измени треба да бидат усвоени по скратена постапка во Собранието, заедно со владините уредби. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во Штип изјави дека очекува тоа да се случи веќе наредната недела. „Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира, затоа […]

Нови мерки за заштита од КОВИД-19 (видео)

октомври 14, 2020

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за новите мерки во врска со пандемијата од КОВИД-19 што неодамна ги усвои владата. „Пандемијата од корона вирусот во суштина ни покажа колку е важно секој член од едно општество да биде свесен и одговорен за своите постапки“ – вели таа. Погледнете го видеото:

Берлин ќе ги затвори баровите и рестораните по 23 часот, a луѓето на отворено ќе може да се групираат до пет лица

октомври 8, 2020

Поради зголемување на бројот на заразени со ковид-19, Берлин ќе воведе рестрикции во однос на работењето на пабовите и рестораните. Во градот кој е познат по своите 24 часовни барови, официјалното време на затворање се наметнува од 23 до 6 часот наутро, а исто така ќе има и ограничувања за продажба на алкохол. Освен овие […]

Со заштитни маски и на дистанца студентите денеска чекаат ред за вселување во студентските домови (галерија)

октомври 5, 2020

По шест месеци, со посебни протоколи студентските домови повторно ги отвораат своите врати, откако во март беа затворени согласно препораките од Владата за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот. Годинава, иако наставата во најголем дел од факултетите ќе се одвива онлајн, сепак домовите се отвораат и тоа со намален капацитет. Мета.мк го посети […]

Забранета музика во живо, нема стоење на шанк, а на маса може да седат максимум 4 лица

октомври 5, 2020

Забрането е гостување на пејачи, музички групи или диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели или мотели). Ова е една од рестриктивните мерки кои Владата ги прифати викендов, а претходно беа препорачани од Комисијата за заразни болести. Со новите мерки во Протоколот […]

Постои можност за санкции за училиштата кои нема да ги почитуваат протоколите, вели Царовска

октомври 3, 2020

По неодамнешната најава на директорот на средно училиште во Дебар дека ќе организира настава со физичко присуство иако нема одобрение за тоа, министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска изјави дека има начини за санкционирање за оние кои нема да ги почитуваат донесените одлуки. „Постојат можности за санкционирање согласно законот. Одлуките на Владата се […]

Во понеделник студентите се враќаат во студентските домови под посебни протоколи

октомври 3, 2020

Во понеделник започнува сместувањето на студентите во студентските домови со нов начин на функционирање со протоколи и намален капацитет, изјави директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски на денешната посета во „Кузман Јосифовски Питу“, заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Секоја соба каде што има две легла ќе се смести само еден […]

МЗ: Учениците да ги почитуваат протоколите бидејќи епидемиолошката состојба е сериозна

октомври 3, 2020

Училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата. Апелираме на максимална сериозност и соработка од сите граѓани, пред нас е период во кој сите мора да бидат максимално внимателни, посочуваат од Мининстерството за здравство, по најавите на учениците дека ќе […]

Страна 2 од 3