fbpx
Таг: заштита

таг: заштита

Еколозите бараат Шар Планина да стане национален парк за да се спаси од уништување

Шар Планина што поскоро да се прогласи за национален парк, зашто само на тој начин ова подрачје ќе се заштити од уништувањето на биодиверзитетот, истакнаа учесниците на завршната конференција на проектот „Предизвици за заштита на природата на Шара во идното прекугранично заштитено подрачје Шара, Кораб, Шари“. - Сведоци сме дека има неконтролиран незаконски лов, а најопасно е неконтролираното градење на...

Заштитата на Студенчишко Блато, „Охрид СОС“ ја подигна на европско ниво

Од 15 до 19 мај, во Скопје и во Охрид во работна посета ќе биде проф. д-р Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот разгранок на Светското друштво на научници за блатни еко-системи. Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ велат дека Ферхуфен доаѓа на нивна иницијатива и дека во Скопје ќе одржи серија предавања на Природно-математичкиот факултет. Исто така, ќе биде специјален гостин...

Еко-активистите имаат големо влијание врз институциите за заштита на околината

Активностите и дебатите за еколошките теми имаат големо влијание врз надлежните институциите во преземањето соодветни чекори за заштита на животната средина, беше истакнато на денешната панел-дискусија „Жените во заштита на животната средина“, организирана во чест на Денот на Европа. Универзитетската професорка Беса Арифи смета дека досегашните акции на невладините организации дале плод и дел од институциите презеле превентивни мерки во областа на екологијата. -...

Еколозите и властите со различни толкувања на ставовите на мисијата на УНЕСКО во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ги обвинува еколошките асоцијации дека намерно шират паника и невистини околу можното симнување на Охрид од листата на светските вредности и реткости на УНЕСКО. - Се чини дека некои структури се задолжени и од петни жили се борат Охрид да го изгуби статусот на заштитен град на УНЕСКО, многу повеќе отколку што привидно се загрижени...

Мехмедовиќ: Новата влада ќе обезбеди здравство посветено на граѓаните

„Со блокадата на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на пациентите. Новата влада ќе обезбеди здравство посветено на луѓето. Нема да се затвораат одделенија и пациенти да чекаат за операција со месеци, затоа што недостига медицински персонал“, изјави членот на комисијата за здравство на СДСМ, Злате Мехмедовиќ, на прес-конференција. Тој посочи дека таков е случајот во болницата „8 Септември“. „Основните...

Скопје и Тетово ќе добијат зелени билборди за прочистување на воздухот

Утре пред Центарот за култура во Тетово и в среда во близина на хотелот „Мериот“ во Скопје, невладината организација „Екосвест“ и Амбасадата на Германија во Македонија ќе го промовираат проектот за клима и за заштита од климатски промени „Сити три“ (City tree). На градовите Скопје и Тетово и на нивните граѓани, како што соопштија од Амбасадата на Германија, ќе им...

Германија го зголемува степенот на готовност од сајбер-напади во пресрет на изборите

Германија го зголемува степенот на готовност од сајбер-напади, бидејќи интернет-страниците на владата секојдневно се мета на вакви напади во пресрет на парламентарните избори закажани наесен. „Забележуваме напади на владините мрежи на дневно ниво“, изјавил за викенд-изданието на весникот „Велт“, претседателот на германската федерална канцеларија за информатичка безбедност (БСИ), Арне Шенбом, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Според него, БСИ е во...

МНР на Албанија: Сите да останат смирени и да престане антиалбанската реторика

„Министерството за надворешни работи на Албанија жали и го осудува нападот на Музејот на албанската азбука во Битола, кој се случува на овој важен ден за албанскиот јазик и за Албанците“, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Албанија, а јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Оттаму бараат македонските власти да го истражат овој вандалски чин што...

Кампања на ХЕРА за заштита од секаква дискриминација

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) заедно со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, од денеска ја почнува кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Пораката на кампањата е „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три...

Трајковски: Никој не може да гарантира сто отсто заштита на личните податоци

„Вонредниот инспекциски надзор на Машински факултет е во завршна фаза, а сè што е алатка на законот во поглед на санирање на настанатите штети, веќе е преземено по наши насоки од страна на Машинскиот факултет. Останува да ги известиме сите засегнати студенти со нашите наоди за да може да си бараат одредени права во граѓански постапки пред судовите“, рече директорот на...

Охрид може да се најде на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО

УНЕСКО ѝ даде рок на Македонија до 1 февруари 2017 година да достави извештај за статусот на конзервација и за чекорите преземени за спроведување на препораките и во случај на потврдување на утврдената или потенцијална опасност за природните и за културните добра на Охридскиот Регион. Охридскиот Регион би можел да се најде на листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО,...

Борисов: Лидерите како Орбан и се многу потребни на Европа

Судбината на Европа денеска е дефинирана на јужната граница со Бугарија. Бугарите ја зајакнаа безбедноста на Унгарија, но исто така ја заштитија цела Европа, рече премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за време на церемонијата каде на бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов му додели орден „Голем крст за граѓански заслуги“. - За нас Унгарците важно е да знаеме и да...

Договорена заштита на пространиот Антарктик

Делегати од 24 земји од Европската Унија се согласија Росово Море на Антарктик да стане прво морско заштитено подрачје на светот. Околу 1,57 милиони квадратни километри од Јужниот Океан ќе добијат заштита од комерцијален лов на риби во период од 35 години, пренесува „Би-би-си“. Борците за заштита на природата го поздравуваат овој потег и велат дека е тоа е подрачје со исконски...

Словенија поставува ограда на граничните премини со Хрватска

Словенија изминатите два дена почнала со поставување метална ограда на двата најголеми гранични премини со Хрватска, Брегана - Обрежје и Грушковје - Мацељ, јавуваат словенечките медиуми, повикувајќи се на информации од официјални претставници на министерството за внатрешни работи на земјата. Оградата, според информациите, се поставува како превентивна мерка во случај на нов бран мигранти. „Ако дојде до нов миграциски бран, граничните...

ТИ: Измените на Законот за заштитени сведоци се од голема важност за борбата против корупција

Здружението „Транспаренси интернешнел“ изразува негодување во врска со неизгласувањето на измените на Законот за заштитени сведоци предложени од Специјалното јавно обвинителство, а за кои се расправаше и се гласаше на седницата во Собрание одржана на 4 октомври. - „Транспаренси интернешнел Македонија“ смета дека предложените измени се од голема важност за борбата против корупцијата која во моментов се случува во Македонија....

Министерство за здравство со препораки како граѓаните да се заштитат од заразни болести

Министерството за здравство заедно со Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје извршиле санитарно-хигиенски увиди на загрозените подрачја од поплавата во скопскиот регион. За превенција од појава на заразни заболувања се дадени следниве препораки: - Да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила и маски за лице при чистење на куќите. - Темелно чистење на мувлата и калта со...

Загадената Битола остана без Програма за заштита на животната средина и природа

Битола која е една од најжешките еколошки точки во Македонија и по пет месеци од почетокот на годината се уште нема донесено Програма за заштита на животната средина и природа. Ваквите програми се донесуваат на почетокот од годината се со цел да влезат во буџетот за идната година, а со тоа и да се обезбедат финансии кои ќе овозможат нивно...

Ќе се одржи состанок за подобра соработка со Албанија за развој на туризмот

Состанок на Прекуграничната платформа за заштита на езерскиот регион, во рамките на проектот на УНЕСКО за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро, ќе се одржи утре во Подградец, Албанија. Целта на Прекуграничната платформа е да ја интензивира соработката на прекугранично ниво помеѓу Македонија и Албанија, односно помеѓу централните, локалните власти и секторите за туризам,...

Спасовски: Граѓаните знаат дека на Македонија ѝ треба стабилност и сплотеност, а не тензии

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на средба со жителите во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека најважно е Македонија да ја почувствува сплотеноста и граѓаните да останат рамнодушни на тензиите бидејќи тие не ѝ служат на државата туку само на нечии партиски интереси. „Настанот во кој беше нападнато едно лице се случи по...

Кликањето не помага: Избирачкиот список на страницата на ДИК сè уште не се отвора

Можноста граѓаните да проверат дали ги има на избирачкиот список и на кое избирачко место гласаат, веќе 10 дена не е достапна. Доколку на официјалната страница на Државната изборна комисија се кликне на копчето за проверување на списокот, страницата се пренасочува кон главната страница на ДИК. Членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи, пред два дена за „Мета“ изјави дека...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...