fbpx
Таг: заштита

таг: заштита

Данска целосно ги укинува ковид-мерките бидејќи 83 проценти од населението е вакцинирано

Данска од денеска ги укинува сите мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи високи 83 проценти од населението е вакцинирано. Тоа исто така значи дека граѓаните не се обврзани да покажуваат документ за примени две дози на вакцина или дека прележале ковид-19 на масовни настани. Коронавирусот, повеќе се не се смета за „општествено загрозувачка болест“. За туристите кои влегуваат во...

Инстаграм ќе побара од сите корисници да го потврдат нивниот датум на раѓање

За да можат младите на возраст под 18 години безбедно да го користат Инстаграм, оваа социјална мрежа ќе побара од сите корисници да го потврдат нивниот датум на раѓање, пренесува „Гардијан“. Компанијата „Фејсбук“, во чија сопственост е Инстаграм, соопшти дека новите корисници ќе мора да го внесат датумот на раѓање, но истото ќе се побара и од постојните корисници...

Вистиномер: Измените во Кривичниот законик треба да донесат нулта толеранција кон нападите и заканите врз новинарите

Отсега обвинителството ќе мора да ги прибира доказите по службена должност наместо новинарот да пријавува дека е нападнат и да се изложува на трошоци во судска постапка. Од Министерството за правда за „Вистиномер“ велат дека нивната работна група во предвид ги зела компаративните анализи од повеќе европски земји, во однос на тоа како таму правно се заштитени новинарите се...

Инстаграм ги прави автоматски затворени профилите на тинејџерите под 16 години

Инстаграм
Профилите на новите корисници на Инстаграм кои се помлади од 16 години, автоматски ќе бидат поставени како приватни, односно затворени, што значи дека само одобрените следбеници ќе можат да ги гледаат, лајкуваат или коментираат нивните слики и објави, се вели во најновото соопштение на оваа социјална мрежа. Тестовите на Инстаграм покажале дека само еден од пет нови корисници со автоматска...

Поради топлотниот бран, Владата препорача постарите и бремените жени да бидат ослободени од работа

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи целата територија на Република Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29 јули до 1 август) во портокалова фаза и за нив важат објавените препораки од Министерство за здравство, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор,...

УНЕСКО не го прогласи Охридскиот Регион за загрозено подрачје

Комисијата за светско наследство на УНЕСКО, денеска, на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ е незадоволна од ваквата одлука. Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план...

Сите вакцини гарантираат стопроцентна заштита од смртен исход и тежок тек на болеста, вели Петличковски

Сигурен, 100 процентно ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата, рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ „Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент...

Министерство за здравство со препораки за превенција од топлотниот бран

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, Министерство за здравство информира дека во текот на следните два дена, 24 и 25 јуни (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Во соопштението се додава дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да...

Владата го прогласи Аквадуктот во Скопје за споменик со највисок степен на заштита

Владата на Република Северна Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години бил закочен во надлежнитe...

Здравствените работници исцрпени, Лекарската комора бара воведување на дополнителни мерки за заштита од ковид-19

Лекарската комора апелира и ги повикува сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје. „Капацитетите на болниците речиси се исполнети, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на тешко болните. Голем проблем...

Порталб: Се одржа протест пред Општина Струга, активистите бараат да се ​​спречат трагедиите по патиштата

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга - Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга денес протестираше пред Општина Струга, пишува Порталб.мк. Тие бараат од Општина Струга да ги исполни нивните барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, што според нив, е опасен а општинските власти никогаш...

Безбедноста на Скопје не смее да биде заложник на заштитата на природата на Водно

Еколошките активисти од организациите „Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“, денеска уште еднаш го повторија барањето Водно да се заштити со специјален закон, а не со актуелната Нацрт-Одлука за прогласување на дел од планината за заштитено подрачје во категорија V - Заштитен предел, согласно Законот за заштита на природата, која ја предлага Министерството за животна средина и просторно планирање. Екологистите,...

Гир: ЕУ-регулативата за заштита на лични податоци забранува споделување на расна, етничка, верска припадност во лични карти

Општата регулатива на ЕУ за заштита на лични податоци го забранува споделувањето на лични податоци како расна, етничка, политичка и верска припадност, одговори евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање, дали Законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива. „Во Европската Унија, личните карти во моментов сè уште се регулирани од страна на земјите членки.Но регулативата...

МЖСПП: Продолжува директната комуникација со засегнатите страни за предлог-закон за Шар Планина

По истекувањето на рокот за писмени и усни забелешки за Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти оти сега се анализираат коментарите од јавноста, а ќе има и нова серија директни средби со засегнатите страни заради ревизија и усогласување на предлогот. „На барање на министерот Нуредини, експертскиот...

Филипче изрази загриженост за ситуацијата со ковид-19 и очекува по итна постапка носење на сите мерки

Министерот за здравство Венко Филипче изрази загриженост поради состојбата со ковид-19 и уште еднаш апелираше итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. „Регистрираме рекордни 30 проценти позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот...

Нудењето на електронски услуги бара и прецизно утврдување на мерките за заштита на личните податоци

Растечкиот тренд на обезбедување на сè повеќе услуги на државните институции до граѓаните по електронски пат освен што бара доследно следење на технолошкиот развој, унапредување на знаењата и менување на навиките на граѓаните, бара и прецизно утврдување на мерките за заштита на личните податоци на граѓаните, пишува Елена Стојановска, експерт за заштита на личните податоци во својата колумна за Порталб.мк....

Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат. „Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на...

Мрежата за заштита од дискриминација бара транспарентен избор на членови на КСЗД

Мрежата за заштита од дискриминација остро ја осудува одлуката на Владата со која се одбива предлогот на граѓанските организации за транспарентна и инклузивна постапка за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), информираат од таму. „Со оваа одлука, од една страна, Владата покажува дека има намера да назначува партиски кандидати во тело кое според закон...

Пандемијата на Шпанскиот грип од 1918 година „филувана“ со дезинформации

Фото: Болница во Битола -1916; Принтскрин -eprints.ugd.edu.mk
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Хрватскиот сервис за...

Филипче: Есента носи ризици вирусот покажа дека е непредвидлив, да бидеме уште повнимателни

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-обраќање истакна дека светската здравствена криза предизвикана од Ковид-19 е најголемата во последните 100 години. Истовреме, потсети тој, поминаа шест месеци откога се регистрира првиот случај во нашата земја. „Со почитување на мерките за заштита на сопственото здравје, освен што се штитите себеси и своите блиски, давате личен придонес во напорите на здравствените работници...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...