fbpx
Таг: заразени

таг: заразени

Кризниот штаб од Куманово повеќе од една недела бара воведување на карантин

Со денешните 23 нови случаи, Куманово ја достигна идентичната бројка на заразени лица со корона вирусот како и Дебар - вкупно 47 лица. Општинските власти од Куманово секојдневно заседаваат, при што на состаноците на општинскиот штаб за заштита и спасување редовно се даваат препораки, заклучоци и мерки за граѓаните, но и за државните власти. Од овој општински штаб повеќе од...

Турција и Романија балкански рекордери по порастот на новозаразените и починатите

Според најновите податоци од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата со новиот корона вирус секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот, во изминатово деноноќие најголемите порасти на нови заразени со Ковид-19 има во двете најмногубројни земји на Балканот – Турција и Романија. Така, за само 24 часа, Турција регистрирала 1.610 нови случаи на...

За 24 часа нови 63.270 заболени од Ковид-19 во светот

За само 24 часа, бројката на случаи на Ковид-19 во светот се искачи за 63.270 и претпладнево изнесува 787.010 случаи, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. Порастот што е регистиран во изминатото деноноќие е сличен на тој на 26 март, кога првпат дневниот...

Трамп: Ќе биде успех ако не надминеме 200.000 жртви на корона вирусот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во обраќање во неделата попладне соопшти дека ги продолжува федералните мерки за самоизолација до 30 април, иако до пред кратко време изразуваше намери да ги укине мерките до 12 април. САД во моментот е прва на листата по бројот на заразени со новиот корона вирус, со потврдени над 143.000 заболени и со околу 2.500 починати. Претседателот...

Седма жртва од корона вирусот во земјава, почина 79-годишен жител на Дебар

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал еден пациент на 79 години од Дебар. Пациентот бил дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март. Ова е седма жртва од корона вирусот во нашата земја. „Во изминатите 24 часа...

Во Шпанија голем пораст на бројот на заразени кај медицинскиот персонал

Лекарите и друг медицински персонал во Шапнија што се заразени со новиот корона вирус се најмалку 12.298 луѓе, односно 14 отсто од вкупната бројка регистрирани случаи, соопшти денеска Марија Хозе Сиера, заменик-директор на Центарот за реакции во здравството. Оваа бројка покажува повеќе од двоен пораст на бројката на заразените за една седмица – претходно соопштената бројка беше околу 5.400 лекари...

Нухиу: Петмина полицајци позитивни на корона вирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот Фејсбук профил претпладнево напиша за пет случаи со корона вирус во полицијата. Напомена дека ризик постои во полициската станица „Петровец“. – Потврдено дека имаме позитивни петмина вработени во полицијата, додека во полициската станица „Петровец” постои реален ризик. Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба – напиша...

Корона вирусот „пристигна“ во Тетово, 503 лица во самоизолација

69-годишен пациент е првиот заболен од корона вирусот од Тетово. Вирусот „пристигна“ и во Тетово, а во моментов во градот има 503 лица што се наоѓаат во самоизолација. Овој број бил поголем, но на некои од самоизолираните кои се вратиле од земјите на ЕУ им поминал периодот на инкубација, односно 14 дена. Сите овие лица постојано се проверуваат, потврдува...

Во Прилеп двајца заболени од COVID 19, но засега е енигма колкумина се инфицирани

Во Прилеп се појавија првите два случаи на заболени од корона вирус, коишто се веќе префрлени на лекување на Инфективната клиника во Скопје. Двајцата сопружници, во трето доба, неофицијално, се инфицирани од нивниот син, којшто неодамна се вратил од одмор на Копаоник. - Двајцата заболени како што добив информација се во добра здравствена состојба. Апелирам до граѓаните кои што имале...

Расте бројката на заразени во соседството 

Значително зголемен број на нови случаи со COVID-19 регистрира Бугарија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот.  -Генералниот тренд на нови случаи со новиот корона вирус се покачува. Тоа што случаите на нови дијагностицирани е помал од претходните денови, не покажува тенденција - изјави тој на редовниот утрински брифинг за медиумите.   Во Бугарија ...

Расте бројката на заразени во светот, се воведуваат сѐ порестриктивни мерки

Состојбата со новиот корона вирус во Европа и во светот ескалира, со огромен пораст на бројката на заразени и хоспитализирани, откако Македонија го забележа првиот смртен случај. Бугарија, според официјалното соопштение од утрово, има 190 случаи, Македонија според официјалното соопштение има прв смртен случај, а до вчера до пладне 114 заразени. Новата бројка на заразени треба да биде соопштена денеска...

Филипче со детали за првата жртва од корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција го образложи случајот со првата жртва на корона вирусот во земјава. Тој посочи дека 57-годишната жена не патувала во странство, ниту пак била во контакт со лица од ризичните земји. Ова го напоменала пациентката на нејзиниот прв преглед во кумановската општа болница, кога на 16 март дошла со зголемена температура....

Прва жртва од корона вирусот, почина 57-годишна кумановка, вкупно 114 заразени во целата земја

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека 57-годишна жена од Куманово е првата жртва од корона вирусот во Македонија. Докторите од Општата болница во Куманово постапиле според протоколот и направиле два иницијални теста на корона вирусот, кои пак покажале дека жената е негативна. И покрај ова, жената била лекувана во изолација во текот на минатата недела...

Во Бугарија 16 нови случаи со корона вирус – заразени и деца на 4, 7 и 11 години

Официјална Софија во текот на ноќта објави дека се регистрирани нови 16 случаи со новиот корона вирус, а утрово не се регистрирани нови случаи. Бројката на нови случаи расте и во светот. Парламентот на Бугарија денеска објави вонредна состојба која ќе трае до 13 април. Во случаите од ноќеска има и три деца на 4, 7 и 11-годишна возраст. На две...

Филипче: Двајца лекари што биле во Мадрид се тестираат од корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека нема нови случаи на заразени граѓани од корона вирусот (ковид-19) во нашата земја. Тој информираше дека двајца лекари од земјава кои биле на конгрес во Мадрид ќе бидат тестирани и ставени во изолација во период од 14 дена, бидејќи еден од предавачите на настанот веќе е потврдено од Светската здравствена организација дека...

Украинци нападнаа автобуси со сонародници евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан вчеравечер биле „пречекани“ од револтирани жители со дожд од камења во градот Нови Санжари, во регионот Полтава во централна Украина, јавија светските новински агенции. Вкупно 45 Украинци и 27 странски државјани претходно вчера биле евакуирани со авион од кинескиот град Вухан, центарот на епидемијата на новиот корона вирус, и биле првин пренесени во украинскиот...

Во Кина досега 1.016 починати од корона вирусот

Последниот биланс од епидемијата на корона вирусот во Кина е 1.016 починати и 42.638 заразени лица, јавуваат светските медиуми. Покрај во Кина, потврдени случаи на корона вирусот досега има во Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Малезија, Виетнам, Австралија, САД, Германија, Русија, Франција, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Канада. Воедно, првите случаи на корона вирусот веќе се потврдени и...

Во Кина од корона вирусот починале 2,1 отсто од заразените, најмногу лица над 60 години

Националната здравствена комисија на Кина денеска соопшти дека стапката на смртност во земјата од новиот корона вирус е само 2,1 отсто, пренесува весникот „Гардијан“. Дури 80 отсто од починатите лица имале над 60 години. Во кинеската провинција Хубеи, каде се регистрирани 97 отсто од сите смртни случаи на лицата заразени од корона вирусот, стапката на смртност изнесува 3 отсто...

Вонреден инспекциски надзор по случаите на хепатит Ц на штипска Ортопедија

На Одделението за ортопедија во Клиничката болница во Штип е извршен координиран вонреден инспекциски и санитерно епидемиолошки надзор од страна на Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје од Штип, којшто следува по регистрираните 11 случаи на хепатит Ц кај пациенти што се лекувале на ова одделение. Како што информираат од Министерството за...

Десет пациенти од штипска Ортопедија досега заразени со хепатит Ц

Центарот за јавно здравје од Штип потврди уште два нови случаи на болеста хепатит Ц кај пациенти, коишто претходно биле лекувани на Oдделението за oртопедија во Клиничката болница во Штип. Со ова, бројката на заболени со оваа болест кај поранешни пациенти порасна на десет. Првите пациенти беа регистрирани во текот на август. Засега нема потврда дека токму условите, лекувањето...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...