fbpx
Таг: заразени

таг: заразени

Потврдени 36 новозаразени, оздравени 13 и еден починат пациент од корона вирусот

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Тетово: 12 Скопје: 7 Велес: 6 Куманово: 4 Прилеп: 4 Гостивар: 1 Пехчево 1 Берово: 1 Регистрирани се и 13 оздравени пациенти, од кои 6 во Скопје, двајца во Куманово, и по еден во градовите Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Пехчево и Виница. На Клиниката за...

Оздравени се 53 пациенти, четворица починаa и потврдени се 13 нови случи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19, а четворица се починати. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки...

СЗО: Да не се издаваат имунолошки пасоши – нема докази за имунитет по оздравување од Ковид-19

Од Светската здравствена организација соопшуваат дека во овој момент на пандемијата, нема доволно докази за луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 и имаат антитела се заштитени од повторно заболување од вирусот. Оттаму предупредуваат да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале вирусот, затоа што со тоа се зголемува ризикот од...

Нови 41 заразени, 37 оздравени и двајца починати од Ковид-19

Според статистиките на Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 41 случај на заразени со новиот корона вирус, 37 пациенти се евидентирани како оздравени, а впишани се уште два смртни случаи на млади мажи од Ковид-19, болеста што ја предизвикува корона вирусот. Од 37-те оздравени, двајца пациенти биле на болничко лекување,а 35 се лекувале во домашни...

Нови 26 заразени, 36 оздравени и еден починат пациент од корона вирусот

Во изминатото деноноќие, бројката на нови случаи на заразени со корона вирусот се зголеми за 26, и изнесува 1.326 вкупно регистрирани случаи, додека еден маж на 80 години починал. Со тоа бројката на починати порасна на 57. Во истиот период, регистрирани се 36 оздравени пациенти - од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во...

Директорот на СЗО: Најлошото допрва следува, да ја спречиме трагедијата

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека „најлошото сè уште е пред нас“ во епидемијата на коронавирусот, од кој се заразени близу два и пол милиони луѓе во светот. „Верувајте ни. Најлошото допрва е пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Многу луѓе уште не го разбираат овој вирус“, изјави Гебрејесус во Женева. Тој наведе дека...

Регистрирани нови 39 случаи со Ковид-19 и двајца починати во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последниве 24 часа часа се регистрирани 37 новиот случаи со Ковид-19, две починати лица, и 15 излекувани пациенти - 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8...

Починати три лица, 36 нови заболени, вкупната бројка на заразени од корона вирусот е 1.117

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85  и 77 години. Во евиденцијата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата „Филип Втори“, а бил позитивен на корона вирусот. Пациентот починал...

Во БиХ вкупно 841 заразени со Ковид-19 и 35 смртни случаи

Во Босна и Херцеговина, според најновите податоци, од почетокот на епидемијата на Ковид-19 се забележани 841 дијагностицирани и 35 смртни случаи. Во изминатите 24 часа забележан е еден смртен случај, маж на 72 годишна возраст од Бања Лука, којшто имал неколку хронични болести.

Во САД втор ден по ред починати речиси 2.000 во едно деноноќие

Во САД во последните 24 часа починале 1.973 луѓе од новиот корона вирус, соопшти универзитетот „Џонс Хопкинс“. Тоа е втор ден по ред бројката на починати во едно деноноќие да е речиси 2.000. Вчера беше соопштена бројка од 1.939 лица починати од Ковид-19. Со тоа вкупната бројка на починати во САД се искачи на 14.695 луѓе. Вкупната бројка дијагностицирани изнесува 432.132. Во...

Медиуми во регионот пренесуваат невтемелени тврдења на македонскиот професор

Вирусот Ковид 19 не е нов, ниту е во прашање карантинска болест, а луѓето премногу лесно се ставаат на респиратори. Ова се дел од тврдењата кои ги изнесе македонскиот инфектолог, професорот Вело Марковски, во емисија на македонската телевизија „Алфа“. За да ја провери вистинитоста на ваквите тврдења, тимот на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“ се обрати на...

Повик до кочанчани сами да соопштат дека се позитивни на корона вирусот

Институциите немаат право да објавуваат лични податоци и се должни да ги чуваат како приватни податоците од медицинската документација. Тоа е причината поради која институциите не смеат да ги соопштат имињата на заразените граѓани. Затоа пак, заболените можат сами тоа да го направат, со што ќе пројават висока свест во борбата против корона вирусот. Ова е повик од Кризниот...

Германија четврти ден бележи пад на новите случаи со Ковид-19

Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија во последните 24 часа бројот на нови случаи со Ковид-19 изнесувал 3.677. Како што беше соопштено утрово, тоа е четврти ден по ред како се бележи намалување на бројот на ново дијагностицирани со корона вирусот. Вчера беше соопштено за 5.936 нови случаи. Претпладнево вкупната бројка на дијагностицирани со новиот корона вирус во Германија изнесува 100.123. Со...

Нови 30 лица заболени од корона вирус, досега вкупно 384 заразени

Министерството за здравство информираше дека се потврдени 30 нови случаи позитивни на Ковид-19 во изминативе 24 часа. По градови, најмногу случаи се регистирани во Скопје - вкупно 12, по што следуваат Прилеп со 9, Куманово со 8 и Крива Паланка со 1 дијагностициран случај. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти заклучно со денешниот ден се искачи на 384 лица. Според местото...

Србија по Турција по бројот на починати од вчера претпладне

Турција и Романија, најмногубројните земји на Балканот и натаму водат со бројките на заразени и починати од новиот корона вирус и по смртноста, покажуваат податоците што ги објави американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. Најголемиот пораст на нови случаи на заразени од вчера по 9 часот...

Речиси еден милион лица во светот заразени со корона, за еден ден нови 76.990 позитивни

Бројката на заразени со новиот корона вирус во целиот свет претпладнево изнесува 937.783, што е за 76.990 случаи повеќе од вчера претпладне, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. САД и понатаму е на врвот на неславната листа со 216.722 заразени, односно во последните...

Србија ја престигна Грција по новооткриени случаи со Ковид-19

На балканската црна листа за заразени и починати од новиот корона вирус, претпладнево, исто како и во изминатите неколку денови, први беа Романија и Турција. Но, погледнато по бројката на новооткриени случаи во период од 24 часа, од досегашното трето место Грција беше истисната од Србија, се гледа од податоците што ги објавува американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од...

Бројката на заразени со Ковид – 19 во светот порасна за 73.783 лица

Бројката на заразени со новиот корона вирус во целиот свет претпладнево изнесува 860.793, што е за 73.783 лица повеќе од вчера претпладне, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. САД и понатаму е на врвот на неславната листа со 189.633, што во однос на...

Кризниот штаб од Куманово повеќе од една недела бара воведување на карантин

Со денешните 23 нови случаи, Куманово ја достигна идентичната бројка на заразени лица со корона вирусот како и Дебар - вкупно 47 лица. Општинските власти од Куманово секојдневно заседаваат, при што на состаноците на општинскиот штаб за заштита и спасување редовно се даваат препораки, заклучоци и мерки за граѓаните, но и за државните власти. Од овој општински штаб повеќе од...

Турција и Романија балкански рекордери по порастот на новозаразените и починатите

Според најновите податоци од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата со новиот корона вирус секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот, во изминатово деноноќие најголемите порасти на нови заразени со Ковид-19 има во двете најмногубројни земји на Балканот – Турција и Романија. Така, за само 24 часа, Турција регистрирала 1.610 нови случаи на...

За една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

Целиот регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција. Ова го истакна Виктор Андонов, соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија, на регионалната експертска Конференција...