Таг: заплена
таг: заплена
Царината заплени 34 килограми марихуана на преминот Дојран
Царинските екипи вчера на граничниот премин Дојран кон Грција, заплениле 34 килограми марихуана, која била пронајдена во камион со македонски регистарски ознаки, соопштија денеска од Царинска управа.
Дрогата била спакувана во 35 пакетчиња сокриени во две црни патни торби.
„На 24 јули 2016 година, околу 16.30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин Дојран се пријави товарно моторно возило...
Полицијата спречила шверц на 1.500 штеки цигари без бандероли
Полициски екипи од Регионалниот центар за гранични работи Исток, во петокот оваа недела спречиле обид за шверц на поголемо количество цигари без бандероли на границата меѓу Македонија и Бугарија.
Како што соопшти денеска МВР, во петокот, околу 5 часот, во близина на местото Чемериков преслап, во близина на Пехчево, полициски екипи забележале џип без регистарски таблички, кој се движел по...
Во Грција е забрането внесување месо и млеко, торта и бисквити – може
Дали грчките цариници ќе го отворат багажникот на вашиот автомобил е прашање на среќа и на дневниот распоред на царината, но забраната за тоа што смее, а што не смее да се внесува во Грција е прашање на европски регулативи и одредби од 2009 година за да се заштитат членките на Европската Унија од ширење на сериозни болести и на...
Колумбиската полиција запленила рекордни осум тони кокаин
Колумбиската национална полиција запленила осум тони кокаин долж границата со Панама, соопштија властите во Богота. Како што пренесуваат светските медиуми, станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во оваа земја, во изминатите неколку години.
Полициската акција за заплена на дрогата, според колумбиските власти, била изведена во подземно скривалиште на плантажа со банани во општината Турбо. Во операцијата биле...
СЈО го чува влезот на Централен регистар, истражителите ќе запленуваат документи
Истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и припадници на единицата „Алфи“ синоќа, го чуваа влезот на објектот на Централниот регистар за да не дозволат во текот на ноќта да се изнесат или уништат документи што се предмет на истрага на СЈО, објави телевизијата „Алсат М“.
Како што објавува телевизијата, ова го потврдиле и од СЈО, од каде што изјавиле дека пред...
СДСМ за акцијата во Струмица: Баџанакот на Мијалков спроведува нарачки на Груевски
Oд опозицискиот СДСМ денеска преку соопштение реагираа на акцијата на Основно јавно обвинителство и на МВР во која се запленети компјутери од Општина Струмица. Од СДСМ велат дека Никола Груевски е уплашен и дека следува одговорност за изборниот грабеж што го правеле тој и неговите најблиски соработници.
„Акциите што денеска се спроведуваат во Струмица, на барање на партиските структури на Никола...
Патник за Албанија „заборавил“ дека во џебот има 7.400 евра
Македонската царина запленила 7.400 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи автомобил со македонски регистраски таблички, се пријавил за излез од земјава на граничниот премин Ќафасан, кај Струга.
Патникот пријавил дека носи 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, во неговиот паричник се пронајдени уште 7.400 евра за кои не поседувал потврда за потекло.
Во согласност со законските прописи,...
Двајца ресенци во Прилеп продавале шверцуван „ред бул“ и алкохол
Инспектори од одделението за истраги на Царинската управа, неделава, во организирана акција заплениле поголеми количества шверцувани алкохолни и енергетски пијалаци, кои незаконски се продавале на подрачјето на Прилеп.
За нелегалната продажба, како што соопштуваат од Цариската управа, осомничени се две лица од Ресен.
„Со примена на мерка технички надзор, односно набљудување на движење на лица и на превозни средства, беа лоцирани...
Шпанската полиција заплени три тони кокаин
Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила три тони кокаин и уапсила 12 лица од Велика Британија, Холандија и во Шпанија, осомничени за шверц на дрога, јавуваат светските медиуми.
Кокаинот бил откриен во северо-западниот регион Галиција, а сомневањата се дека дрогата е на шверцерскиот канал кој дејствува во јужниот дел на Коста Дел Сол, пренесува „Би-Би-Си“.
Според полициските информации, станува збор за...
Во Еквадор во 2015 година запленети рекордни 79 тони наркотици
Заплената на дрога во Еквадор достигнала рекорд во 2015 година, кога биле одземени 79,2 тони наркотици, поголемиот дел кокаин, од кои 63 тони биле наменети за странство.
Ова го изјави еквадорскиот министер за внатрешни работи, Хозе Серано.
Претходниот рекорд бил во 2009 година, кога биле запленети 69 тони.
Министерот преку својот твитер-профил наведе дека Еквадор со овој резултат срушил повеќе митови, вклучувајќи...
МВР и царината заплениле 30 килограми марихуана на граничниот премин Богородица
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царинската управа во саботата минатата недела, при контрола на автомобил на граничниот премин Богородица, откриле и заплениле околу 30 килограми марихуана.
Како што информираат од МВР, во саботата, околу 19 часот, на граничниот премин Богородица на излез од земјава бил запрен автомобил марка „рено меган сценик“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Р.Н....
МВР запленило 12 килограми марихуана во три одвоени случаи
Министерството за внатрешни работи (МВР) во три одделни случаи запленило вкупно 12 килограми марихуана и поднело кривични пријави против осум лица, кои се товарат за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Како што соопштуваат од МВР, заплените биле извршени во рамките на акцијата „Мрежа“, насочена кон сузбивање на трговијата со дрога.
Според МВР,...
Скопјанец фатен со 2,8 килограми хероин на Богородица
Министерството за внатрешни работи (МВР) до велешкото јавно обвинителство поднело кривична пријава против 58-годишниот Е.Р. од Скопје, кој во четвртокот минатата недела бил уапсен на граничниот премин Богородица, при обид да прошверцува во земјава околу 2,8 килограми хероин.
Според МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава со која тој се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични...
Во координарани полициски акции, на Шар Планина запленети големи количества дрвна маса
Во координирана акција на Шумската и на Граничната полиција, во месноста Плоча на Шар Планина, утринава се одземени околу 100 кубни метри дрва, кои нелегално биле исечени и подготвени за транспорт.
Осомничените за дрвокрадството, успеале да им побегнат на полициските екипи и зад себе оставиле два трактори, моторни пили и друга опрема, со кои ја извршиле нелегалната сеча. Возилата и опремата...
Во автобус кој сообраќал на линијата Струга-Луцерн, запленети 1,3 килограм хероин
Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР, во содејство со Царинската управа на Република Македонија, реализира случај на недозволена тргвоија со дрога при што запленети се 1,3 килограми хероин, при што од слобода се лишени две лица, македонски државјани, и е пресечен меѓународен канал за трговија со дрога.
На 15 јули, околу 20.40 часот, на граничниот премин Табановце, на...
Царината заплени 326 литри шверцуван „ред бул“
Царински инспектори од одделението за истраги, во магацини на две скопски фирми откриле 326 литри шверцуван енегретски пијалок „ред бул“, соопшти Царинската управа.
Како што информираат оттаму, инспекторите при контрола на магацин на Кванташки пазар во Скопје, откриле 1.140 лименки „ред бул“, без декларации на македонски јазик, на кои составот на производот бил напишан на бугарски и на романски јазик,...
Полицијата заплени 2 килограми марихуана
Полициски екипи завчера вечерта, при контрола на регионалниот пат Гостивар - Дебар, откриле два килограми марихуана, сокриена во автомобил со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале И.Б. (28) од селото Долно Палчиште, и сопатникот А.Ј. (29) од Голема Речица, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„При извршената контрола, во предниот дел на совозачкото место, во делот под маската, покриени...
Швајцарската полиција ги запленила компјутерските податоци во седиштето на ФИФА
Светската фудбалска организација ФИФА им ги предала компјутерските податоци на швајцарските власти, кои водат истрага за доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и во 2022 година, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на свои извори.
Податоците биле запленети од канцеларии во седиштетот на ФИФА во Цирих, меѓу кои, како што пренесува „Би-Би-Си“, и таа на претседателот на организацијата, Сеп Блатер.
Швајцарската...
Во полициска акција запленети повеќе од 100 килограми марихуана
Во полициска акција, екипи на МВР заплениле повеќе од 100 килограми марихуана, пренесуваат медиумите.
Од МВР ја потврдиле информацијата, а повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени на прес-конференција, закажана за денеска во 12 часот.
Царината на Табановце спречила шверц на половина килограм марихуана
Инспектори од мобилната единица на царинската управа и службеници на граничниот премин Табановце, пред два дена спречиле обид за шверц на половина килограм марихуана, соопшти Царинската управа.
Дрогата, која била сокриена во куфер сместен во просторот за багаж на автобус кој сообраќал на редовната линија Кичево - Анзбах, била откриена со помош на царинско куче, кое било користено при прегледот...