четврток, 12 март, 2026
Meta.mk

Ознака: западен балкан | 435 резултати

Курц: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

27 април 2016

Европската Унија е нецелосна без Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, и вети дека Австрија и понатаму „ќе биде силен глас на поддршка на своите пријатели на Западен Балкан“. Тој го истакна ова на отворањето на завршната дебата на дводневната подготвителна конференција што се одржуваше во Виена на 25 и на 26 април, […]

Македонија и БиХ потпишаа Спогодба за колокација на ДКП

30 март 2016

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Босна и Херцеговина денеска во Драч, потпишаа Спогодба за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва. – Овој чин претставува потврда повеќе на заемните заложби за реализација на конкретни проекти за збогатување на билатералните односи согласно позитивните искуства од слични примери со земјите од регионот – велат од македонското МНР. Спогодбата ја потпишаа […]

Попоски во Виена на конференција за мигрантите

24 февруари 2016

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на конференцијата „Заедничко управување со миграцијата“, што ќе се одржи во Виена. На иницијатива на Австрија, денеска ќе биде одржана конференција на 18 министри на надворешни и внатрешни работи на Западен Балкан, посветена на мигрантската криза на балканската рута. – Загрижени сме бидејќи одредени држави членки дејствуваат надвор […]

Атина со демарш до Виена за состанокот со државите од Западен Балкан

23 февруари 2016

Грција испрати протестна нота до Австрија поради одлуката таа да биде изолирана од самитот на држави од Западен Балкан за бегалската криза, што утре ќе се одржи во Виена. Политичкиот директор на грчкото министерство за надворешни работи, амбасадорот Петрос Мавроидис, вчера на австрискиот амбасадор во Грција му доставил демарш за иницијативата на Виена да се организира состанок меѓу […]

Попоски апелира на поголема координација и комуникација меѓу земјите од бегалската рута

13 февруари 2016

Земјите од балканската бегалска рута не треба да преземаат еднострани мерки, туку тие да се вршат во координација со другите земји, порачал шефот на македонската дипломатија на средбата со колегите од Западен Балкан и со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Попоски истакнал дека е значајно да се одржат […]

Лајчак: Пропаѓањето на Шенгенскиот договор ќе биде удар за Западен Балкан

25 јануари 2016

Последиците од пропаѓањето на Шенгенскиот договор најтешко ќе ги почувствуваат земјите од Западен Балкан, предупреди министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, во интервју за босанскиот весник „Независне новине“. Шефот на словачката дипломатија вели дека бегалската криза, на чиј удар се најде европскиот континент, сериозно го довела под прашање Шенгенскиот договор. – Кога немаме […]

Министерот Попоски на конференција во Стокхолм

18 декември 2015

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Стокхолм ќе учествува на министерската конференција на тема „ЕУ интеграција на Западен Балкан, мисија што треба да се заврши“. Од МНР соопштија дека конференцијата се однесува на проширувањето на Европската унија, интеграцијата на Западен Балкан во Унијата и регионалната соработка. Целта на настанот во Стокхолм е промоција […]

Ѓукановиќ: Голем ден за Црна Гора, Западен Балкан и за НАТО

2 декември 2015

Црногорскиот премиер, Мило Ѓукановиќ, оцени денеска дека поканата за членство во НАТО е важен ден за Црна Гора, Западен Балкан и за Алијансата и најави продолжување на реформите, зајакнување на владеењето на правото и зголемување на поддршката кај јавноста. Според Ѓукановиќ, денешната покана за членство е историски и најважен датум од референдумот за независноста на […]

Регионална конференција „Пристапни реформи во Западен Балкан“

27 ноември 2015

Денеска во Скопје ќе се оддржи регионална конференција на тема „Пристапни реформи во Западен Балкан“, во организација на Секретаријатот за европски прашања. Како што соопшти СЕП, воведни излагања на форумот ќе имаат македонскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав и германскиот заменик-амбасадор Ханс-Хелге Сандер. На конференцијата […]

Иванов: Недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем

25 ноември 2015

Претседателот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на лидерите на процесот Брдо-Бриони, кој се одржа денеска во Загреб, рече дека недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем. „Земјите од регионот соработуваат во многу сфери, но не и во безбедноста, а сè е условено од безбедноста и од стабилноста. Тоа е последното предупредување дека земјите од регионот […]

Учеството на регионот во вкупната трговска размена на ЕУ изнесува само 1,1 процент

22 јуни 2015

Предлозите за нови инвестиции да произлезат од реалниот сектор, забрзани реформи, дополнителни инфраструктурни инвестиции за клучните коридори, како и поврзаност на балканските градови, се клучните компоненти за зголемување на економскиот пораст во земјите од Западен Балкан. Овие предлози ги презентирал претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на Регионалната коморска конференција во Виена. За нив, […]

Страна 22 од 22