fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Алармантно загрозени новинарските слободи во земјите од Западен Балкан

Законите за медиумите во земјите од Западен Балкан се усогласени со европските стандарди, но нивната примена е лоша, што довело до алармантно загрозување на новинарските слободи и до влошување на социјалната и на економската положба на новнарите, покажува истражувањето за слободата на медиумите и за безбедноста на новинарите во земјите од Западен Балкан, спроведено од членови на новинарски здруженија...

Унгарија бара од ЕУ да ги забрза преговорите за членство со земјите од Западен Балкан

Унгарија ја повика Европската Унија (ЕУ) да ги забрза пристапните преговори за членство во ЕУ со земјите од Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово), за да ја заштити Унијата од иден наплив на мигранти, јавуваат светските агенции. Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, по министерскиот состанок на земјите членки на Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка...

Западен Балкан со заедничка стратегија ќе лобира за интеграција во ЕУ

Стратегија за лобирање за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, беше претставена денеска во Брисел, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС) и на Европското движење. Стратегијата е изработена од групата за застапување „Вестерн Балкан 6“ (ВБ6), составена од шест големи непрофитни консултантски организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и од Србија. Од...

Брисел ќе направи пауза – следниот извештај ќе биде во 2018 година

Европската комисија утре ќе го објави извештајот за проширувањето на ЕУ и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, но следниот извештај, наместо догодина, ќе биде дури во 2018 година, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Неофицијално, во Европската комисија постои замореност од извештаите, особено имајќи предвид дека засега немаат преголемо влијание врз одредени земји, но и поради тоа...

Ештон: Ставот на ЕУ кон земјите од Западен Балкан останува непроменет и по Брексит

Пристапот и ставот на Европската Унија околу интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата и понатаму е непроменет, изјавила поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, за време на нејзината посета на САД, пренесува „Гласот на Америка“. Ештон рекла дека земјите од Балканот имаат причина да бидат преокупирани со нивните аспирации за членство во Европската Унија...

Србија основаше Фонд за Западен Балкан

Одборот за надворешни работи на српското собрание го прифати предлогот на владата за формирање фонд за Западен Балкан, а дел од опозицијата предупреди дека тоа е еден чекор поблиску кон признавање на независноста на Косово. Целта на основањето на овој фонд е зајакнување на врските и поттикнување на евроинтеграциите на Албанија, БИХ, Црна Гора, Косово, Македонија и на Србија, како...

Мекалистер: Сите шест држави од Западен Балкан имаат европска перспектива

Земјите-членки на Европската Унија имаат единствен став дека сите шест држави од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија) имаат европска перспектива, вели известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер. „На сите им е во интерес сите шест држави од регионот, пред сè, Србија, да имаат проевропски курс. Сакаме трајна политичка и економска стабилност...

Попоски: Државите од Балканот мора да бидат третирани како рамноправни партнери

Министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, во рамки 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, се состанале со еврокомесарот Јоханес Хан и со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. На состанокот, кој е дел од Јадранската повелба, со која годинава претседава Хрватска, било разговарано за поблиска регионална соработка и за активна поддршка од членките...

Поврзувањето на земјите од Западен Балкан ја зголемува конкурентноста на пазарите во ЕУ

Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз во рамките на Берлинскиот процес, има огромно значење за економијата во земјава, смета претседавачот на собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев. - Европската Унија навлегува во тешка фаза, но, сепак, постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан. Процесот на пристапување кон Европската Унија не е само процес на усогласување...

Могерини: Проширувањето на ЕУ ќе продолжи

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, на вчерашниот самит за Западен Балкан во Париз изјави дека проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредибилни во тој процес. „Овој самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза уште постои и ризикот од радикализација во регионот нè обврзува...

Хан не нè спомна, побара Западен Балкан прво економски да се обедини, па да влезе во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во своето обраќање на бизнис-форумот во рамките на Самитот за Западен Балкан во Париз, со ниту еден збор не ја спомна Македонија, за разлика од Црна Гора, Албанија, Србија и од Косово. Еврокомесарот смета дека иако во моментов ЕУ е во тешка фаза, потенцијалот за членство во ЕУ продолжува да биде...

Хан: Брексит не значи крај на проширувањето на ЕУ

Европскиот комесар Јоханес Хан денеска оцени дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ не значи дека е запрен процесот на проширување на Унијата, туку оти постојат многу причини за да се продолжи. Хан, отворајќи го бизнис-форумот во рамки на Самитот за Западен Балкан во Париз, нагласи дека и понатаму постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан и покрај тоа што...

Попоски: Во услови на криза, се вртиме едни кон други – членки на ЕУ и кандидати

Европската Унија има реален проблем со популарноста на идејата за проширување, во услови кога многумина во земјите членки се вртат кон самите себе, оцени денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, на конференцијата „Западен Балкан: Кон европска иднина“, што се одржа во Европскиот парламент во Брисел, организирана од Европската народна партија, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ и Фондацијата...

Курц: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

Европската Унија е нецелосна без Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, и вети дека Австрија и понатаму „ќе биде силен глас на поддршка на своите пријатели на Западен Балкан“. Тој го истакна ова на отворањето на завршната дебата на дводневната подготвителна конференција што се одржуваше во Виена на 25 и на 26 април, под името „Поттикнување на процесот...

Македонија и БиХ потпишаа Спогодба за колокација на ДКП

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Босна и Херцеговина денеска во Драч, потпишаа Спогодба за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва. - Овој чин претставува потврда повеќе на заемните заложби за реализација на конкретни проекти за збогатување на билатералните односи согласно позитивните искуства од слични примери со земјите од регионот - велат од македонското МНР. Спогодбата ја потпишаа на маргините на Состанокот на министрите за...

Попоски во Виена на конференција за мигрантите

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на конференцијата „Заедничко управување со миграцијата“, што ќе се одржи во Виена. На иницијатива на Австрија, денеска ќе биде одржана конференција на 18 министри на надворешни и внатрешни работи на Западен Балкан, посветена на мигрантската криза на балканската рута. - Загрижени сме бидејќи одредени држави членки дејствуваат надвор од договорената рамка – изјави во...

Атина со демарш до Виена за состанокот со државите од Западен Балкан

Грција испрати протестна нота до Австрија поради одлуката таа да биде изолирана од самитот на држави од Западен Балкан за бегалската криза, што утре ќе се одржи во Виена. Политичкиот директор на грчкото министерство за надворешни работи, амбасадорот Петрос Мавроидис, вчера на австрискиот амбасадор во Грција му доставил демарш за иницијативата на Виена да се организира состанок меѓу австриското МНР и сите држави...

Попоски апелира на поголема координација и комуникација меѓу земјите од бегалската рута

Земјите од балканската бегалска рута не треба да преземаат еднострани мерки, туку тие да се вршат во координација со другите земји, порачал шефот на македонската дипломатија на средбата со колегите од Западен Балкан и со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Попоски истакнал дека е значајно да се одржат добрите односи со соседите и...

Лајчак: Пропаѓањето на Шенгенскиот договор ќе биде удар за Западен Балкан

Последиците од пропаѓањето на Шенгенскиот договор најтешко ќе ги почувствуваат земјите од Западен Балкан, предупреди министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, во интервју за босанскиот весник „Независне новине“. Шефот на словачката дипломатија вели дека бегалската криза, на чиј удар се најде европскиот континент, сериозно го довела под прашање Шенгенскиот договор. - Кога немаме веродостојна стратегија на европско ниво, земјите...

Министерот Попоски на конференција во Стокхолм

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Стокхолм ќе учествува на министерската конференција на тема „ЕУ интеграција на Западен Балкан, мисија што треба да се заврши“. Од МНР соопштија дека конференцијата се однесува на проширувањето на Европската унија, интеграцијата на Западен Балкан во Унијата и регионалната соработка. Целта на настанот во Стокхолм е промоција на значајната улога на проширувањето,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...