fbpx
Таг: Закон за кривична постапка

таг: Закон за кривична постапка

Груевски ја бара единствената камера, досега зафатена со снимање на „Диво Насеље“

Најголемиот суд во државата, Основниот суд Скопје 1, каде дневно се одржуваат десетици судења, има само една камера и дополнителна опрема за визуелно-тонско снимање на рочиштата, како што пропишува Законот за кривична постапка (ЗКП). Поради ова, за најголем дел од рочиштата нема видео-тонски запис, а денеска немањето услови за снимање во судницата беше причината поради која се одложи и првото...

„Тврдина 2“ не се снимаше бидејќи единствената камера била на „Диво Насеље“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“ не се снимаше, како што налага членот 374 од Законот за кривична постапка, бидејќи, како што објасни судијката Лидија Петровска, камерата била зафатена за снимање на судењето за случајот „Диво Насеље“, кое во исто време се одржуваше во големата сала на Врховниот суд. - Видео-тонско снимање нема да се врши бидејќи...

За да одлучи за претресите на СЈО, наместо 12 часа, на судот му биле потребни 5 до 10 дена!

Кривичниот суд во Скопје одлуките по барањата за претреси на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во зависност од случај до случај, ги носел во рок од 5 до 10 дена, наместо за 12 часа, односно за 24 часа, како што налага Законот за кривична постапка, потврдуваат за „Мета“ од СЈО. „По барањето за издавање наредба за претрес, судијата на претходната постапка...

Што се случува со поканите за распит и со пасошот на Канческа-Милевска?

Раководното лице во Министерството за култура и уште еден осомничен во случајот „Тендери“ досега не се појавија на распит во Кривичниот суд иако Специјалното јавно обвинителство уште во четвртокот минатата недела, побара од судот да им ги одземе пасошите и да им наложи еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице. Неизвесно останува дали двајцата осомничени и денеска ќе дојдат...

Судот го добил барањето на СЈО за „Тендери“, неизвесно е дали денеска ќе има распит

Кривичниот суд во Скопје го добил предлогот со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара на двајца осомничени во случајот „Тендери“ да им бидат одземени пасошите и секој вторник да се јавуваат во судот, информираат од оттаму за „Мета“. Барањето на СЈО веќе било распределено кај судија на претходна постапка, кој, како што велат од судот, треба да ги повика осомничените...

Кривичниот суд не ги замрзнал сметките на „Финзи“ зашто СЈО не ги доставило

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во барањето до Кривичниот суд за замрзнување на сметките на фирмата „Финзи“, опфатена во случајот „Трезор“, не ги навело сметките и банките на фирмата и се повикало на погрешен член од Законот за кривична постапка (ЗКП), соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Поради ова, судијата на претходна постапка сè уште не одлучил по барањето за...

Кривичниот суд до Јанева: Ние одлучуваме кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот

Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот, стои во реакцијата на Основниот суд Скопје 1 на денешните изјави на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која рече дека судот неоправдано го одолговлекува судењето за случајот „Пуч“ и не му доставува покана на единствениот сведок (Никола Груевски н.з.). Од судот велат дека главната расправа...

Раичевиќ: Забраната за работа на осомничените во „Еразмус“ е заради заштита на студентите

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, денеска изјави дека побарала од судот на осомничените да им биде забрането да одат на работа, токму во овој момент, односно извесно време откако е отворена истражната постапка, бидејќи тоа ѝ го дозволува Законот за кривична постапка и дека е заради заштита на студентите. Во случајот „Еразмус“ се обвинети шест лица,...

Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за жртвите од невремето

Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, се вели во соопштението, што денеска го испратија од таму. Од Обвинителеството велат дека во неделата дежурниот јавен обвинител бил извесен од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Скопје дека има човечки жртви од невремето. Според Јавното...

Што следува по одбиените барања на Јанева за притвор на осомничените во „Титаник“?

Со неприфаќањето на судот на барањата на Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“, почнуваат да течат реалтивно куси законски рокови (од 24, односно 48 часа) за сите страни - за СЈО, за осомничените и за судот. Јанева има рок од 24 часа од донесувањето на решението на судијата на претходна постапка...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...