fbpx
Таг: Закон за Јазици

таг: Закон за Јазици

Наскоро се очекува решение за законот за јазици, вели Џафери

Наредните денови ќе има решение за законот за употреба на јазиците, а ако не се реши, тоа ќе значи блокада на Собранието, а тоа не и треба на оваа држава, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифингот за новинари. - Се разговара, се бара излез од оваа ситуација, а јас и лично комуницирам и со претставници на ВМРО-ДПМНЕ кои ги...

Преведени се сите амандмани за Законот за јазиците

Сите амандмани поднесени за Законот за јазиците се преведени, информираат од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Од таму велат дека амандманите за Законот за јазиците се архивирани, обработени и поставени на е-парламент и дека службата во Секторот за преведување ги превела сите поднесени амандмани. „Службата на Собранието уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија, сè...

Џафери ја одложи расправата за Законот за јазици бидејќи „нема технички услови“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја одложи расправата за Законот за јазици, кој беше осма точка на дневниот ред на денешната 32. седница, бидејќи како што кажа, „нема технички услови за расправа“. - Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за превод не е исполнета -...

Опозицијата да биде разумна и да не го блокира Собранието, законот и реформите, порача Заев

Премиерот Зоран Заев очекува дебатата за законот за јазиците да се води на координација меѓу партиите кај претседателот на Собранието Талат Џафери, а опозицијата да покаже разум за да не дојде да блокада на реформските процеси. - Јас сум Зоран Заев кој водеше борба за слобода и демократрија. Демократријата е императив. Секако поднесувањето на амандмани е право на опозицијата кое...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е незаинтересирана за потребите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа, опозициската партија одбра да не учествува по сопствен избор, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Од таму додаваат дека „ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира реформските процеси во Собранието, кои што се во интерес...

ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратела во Собранието за да го спречи донесувањето на законот за јазиците

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го спречи донесувањето на законот за употреба на јазиците, изјави денеска на прес-конференција потпретседателот на партијата, Митко Јанчев. - Инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија. Одлуката...

Руско МНР: Еди Рама и понатаму ги турка големоалбанските амбиции

Одделот за медиуми на Министерството за надворешни работи на Русија вечерва порача дека изјавата на албанскиот премиер и претседател на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама, за Законот за употреба на јазиците во Македонија е потврда дека тој и понатаму сака да ја реализира „тиранската платформа“ и да се заканува на уставните темели на македонската државност и на Охридскиот...

Иванов не го потпишал указот за Законот за јазиците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладнево објави дека не го потпишал указот за Законот за јазиците, затоа што e, како што рече, неуставен. - Имајќи ги предвид моите согледувања за неусогласеноста на Законот за употреба на јазиците со Уставот, но и изнесените укажувања на експертската  и пошироката јавност за противуставноста на овој закон, а врз основа на член 75...

ОМД го повика Иванов да не го потпишува Законот за јазиците

Обединетата македонска дијаспора во реакција до јавноста ги осуди пратениците кои вчера гласаа за усвојувањето на Законот за употреба на јазици и порача дека македонската заедница надвор од Македонија нема да го толерира редефинирањето на македонскиот национален идентитет, како и дека историјата ќе им суди на оние кои го изгласале законот. „Овој закон, усвоен без демократски процес или вистинска јавна...

Нов обид на Собранието да обезбеди кворум да гласа за уставните судии и Законот за јазиците

Откако пред два дена Собранието не можеше да обезбеди кворум за гласање, претседателот Талат Џафери за денеска ги закажа петте продолженија на пет седници за гласање на повеќе закони. Пратениците денеска треба да гласаат за новите судии во Уставниот суд на предлог на претседателот на државата, проф. д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски кои во вторникот не беа избрани...

Груби: Седницата за законот за јазиците не ја одложив поради изјавата на Хан

Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот Артан Груби, ја одложил утрешната комисиска седница за законот за јазиците за да не се дефокусира јавноста од итните прашања. - Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно –...

Груби ја одложи комисиската седница за законот за јазиците

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, ја одложи утрешната комисиска седница на која во второ читање требаше да се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, соопштија од Комисијата. Во соопштението не се наведува причината за откажувањето на седницата, која требаше да се одржи на 22 ноември - Денот на албанската азбука. Датумот кога ќе биде одржана...

СДСМ со поддршка од ДУИ поднел четири амандмани за законот за јазици

Пратеничката група на СДСМ и на коалицијата поднесе четири амандмани на предлог-законот за јазици, со кои ќе се унапредат правата на етничките заедници во земјата, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на прес-конференција во Собранието. Според Тунтев, со амандманските решенија ќе се унапредува позицијата на помалите етнички заедници што се наведени во преамбулата на Уставот, со што...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани за законот за јазици, СДСМ пет, Беса два, ДУИ – ниеден

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани за законот за употреба за јазиците, СДСМ пет, а два амандмани поднесе Беса. Денеска истече рокот во кој политичките партии можеа да поднесат амандмани за овој закон во второ читање. ВМРО-ДПМНЕ со амандманите сака да интервенира во делот во кој, според партијата, се загрозува македонскиот јазик. Од СДСМ велат дека нивните амандмани се во насока на...

Хан: Законот за јазиците не е дел од Договорот од Пржино и ЕУ не го бара

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Скопје оцени дека законот за јазиците е разумно барање, но дека властите треба направат приоритети и да се фокусираат на областите за кои ќе добијат позитивни оцени според постигнувањата. - Ако законот за јазиците се усвои во следните неколку недели, врз основа на препораките на Венецијанската комисија, тогаш е во ред. Но, тоа што сега...

Рокот за поднесување амандмани за законот за јазици истекува утре

Рокот за поднесување амандмани за предлог-законот за употреба на јазиците истекува утре, а амандмани ќе поднесат сите партии освен ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира во делот во кој, според партијата, се загрозува македонскиот јазик. Од СДСМ велат дека ќе поднесат амандмани во насока на разјаснување на дилемите околу казните што ги предвидува законот и на обвинувањата дека тој ќе го загрози...

Продолжува собраниската расправа за Законот за јазиците

По подолга пауза поради локалните избори, денеска во Собранието ќе се врати расправата за законот за употреба на јазиците. Законот е точка на дневен ред на 15-тата седница, која беше прекината пред почетокот на кампањата за локалните избори. Со предлог-законот за употреба на јазиците, се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции,...

Собранието ќе продолжи да работи по изборите, Џафери посака мирна и успешна кампања

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по паузата во 15 часот, ја прекина 15. седница на која се расправаше за Законот за употреба на јазиците, а со тоа ја прекина и работата на Собранието до одржувањето на локалните избори на 15 октомври. Џафери рече дека го исполнува ветеното дека за време на изборната кампања, која почнува в понеделник, Собраниетo нема да...

Поповски: Ни треба Законот за јазиците, но да не биде донесен на „фушерски начин“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Никола Поповски, на денешното продолжение на седницата на која се расправа за Закон за употреба на јазиците, рече дека ни е потребен ваков закон, но тој не треба да биде донесен на „фушерски начин“. На ова, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека за тоа дали расправата е „фушерска“ или не,...

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за Законот за употреба на јазиците

Собранието денеска напладне ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазициите. Предлог-законот е со европско знаменце, односно треба да биде донесен по скратена постапка. Расправата по оваа точка на претходните продолженија на седницата се одвиваше во тензична атмосфера, бидејќи пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резулатат на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...