fbpx
Таг: Закон за Јазици

таг: Закон за Јазици

Заев: Законот е уставен, да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт

Премиерот Зоран Заев во обраќање до јавноста рече дека Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во градењето на концептот „едно општество за сите граѓани“ кој што добил поддршка од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори. Заев истакнува дека Законот е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, кои се донесени пред 17...

Џафери: Иванов според Уставот е должен да го потпише законот за јазиците

Доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за употреба на јазиците, тој ќе го прекрши Уставот, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери. - Нема да коментирам што ќе биде ако биде. Членот 75 од Уставот на Република Македонија е јасен и по повторното гласање со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, што е случај со законот, претседателот...

Села, Гаши и Мухиќ тврдат дека гласале за Законот, но системот не ги регистрирал

Пратениците Ферид Мухиќ, Африм Гаши и Зијадин Села на денешната собраниска седница рекоа дека вчера гласале за Законот за употреба на јазиците, a електронскиот систем не ги регистрирал. Мухиќ, кој е пратеник од СДСМ, рече дека е целосно уверен дека Законот е добар за граѓаните и затоа гласал, иако на стенограмот не го пишува тоа. - Ме прашуваат зошто не сум гласал,...

Мета и Бушати: Законот за јазиците – значаен историски акт и знак за зрелост

Официјална Тирана го поздрави донесувањето на законот за јазиците од страна на Собранието на Македонија. Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека законот за јазиците претставува значаен историски акт. -Овој акт е од големо значење не само за Албанците во Македонија туку претставува и европско достигнување на Македонија - рече Мета. Албанската влада преку Министерството за надворешни работи исто така го поздрави...

Груби: По изгласувањето на законот за јазици, време е да се посветиме на реформите

Артан Груби, претседателот Комисијата за европски прашања која беше матичното работно тело кое го разгледуваше законот за употреба на јазиците преку соопштение до јавноста го поздрави вчерашното донесување на законот. Груби изразува особено задоволство што законот за употреба на јазиците се донел со 64 гласови „за", без ниту еден глас „против" и „воздржан" и што во целокупната постапка при донесување...

СДСМ: Иванов со непотпишувањето на законот го крши Уставот

Со најавите дека нема да го потпише указот за законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов се обидува да се стави над Уставот на Република Македонија и делува како остаток на поразениот режим, велат од СДСМ како реакција на обраќањето на претседателот Иванов „Иванов е должен да постапува по членот 75 од Уставот на Република Македонија во кој е јасно...

Иванов: Уставот и совеста не ми дозволуваат да го потпишам Законот за јазиците

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во обраќање до граѓаните и пратениците рече дека нема да стави потпис на штотуку усвоениот Закон за употреба на јазиците. Иванов, со остра реторика, говореше за „закон со репресивна содржина, закон е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство, за противуставен, анти-државен и суштински неправеден закон, кој не заслужува да се нарече закон“. - Уставот и совеста не ми...

Во тензична атмосфера изгласан Законот за употреба на јазиците

Собранието во тензична атмосфера со 64 гласа „за“ без против и воздржани гласови го донесе законот за употреба на јазиците без да расправа за 36.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На ова повторно реагираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од нивниот поранешен лидер Никола Груевски кој повторно се приближи до столчето на претседателот на Собранието Талат Џафери и му рече „Немојте...

Тензично во Собранието: За малку избегната физичка пресметка Груевски – Џафери

Откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, почна да го чита текстот за да го стави законот за употреба на јазиците на дневен ред за гласање, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од поранешниот лидер Никола Груевски се обидоа да го спречат Џафери да повика на гласање. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев бараше процедурално, но Џафери не му дозволи по...

Џафери даде нова пауза за пауза за координација за законот за јазиците

По првата пауза од еден час, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја продолжи 32. седница на Собранието на која како прва точка на дневен ред требаше да биде третото читање на законот за употреба на јазиците, но Џафери повторно ја прескокна. По барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, Џафери даде пауза од половина час за координација...

Богоевски: Нема повреда на Деловникот на која укажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски рече дека комисијата може да заседава ако тоа го побара претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој објасни дека најпрво треба да има повреда на Деловникот, односно да не се разгледуваат амандманите, па потоа Комисијата да го каже нејзиниот став. „Немаме наводна поврeда на Деловникот, на која укажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Сè...

Мицкоски: Не се договарам со Џафери и Заев, власта прави атак врз демократијата

Во животот немам ниту една концесија, немам склучено ниту еден задкулисен договор, затоа што сум човек со чист образ и чест, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ профил. Тој појасни дека во Собранието немал средба со претседателот Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев туку дека бил во на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи во...

Закон за јазици: Димовски побара прекин на седницата, Џафери даде пауза

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната Собраниска седница на која на дневен ред е ставен законот за употреба на јазиците во трето читање побара да се прекине седницата и да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која треба да одлучи дали да има расправа по 36.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Собранието, Талат Џафери му рече...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да ги блокираат реформите и Собранието

Сè она што го прават Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието нема никаква врска со законот за употребата на јазиците туку единствено станува збор за обид за блокадата на Собранието, блокада на реформскиот процес и обид за блокада на европската перспектива на државата, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Продолжувајќи ги штетните политики на Никола Груевски, токму...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има долгорочни последици ако законот за јазици се донесе без расправа

Насилното носење на неуставниот закон за двојазичност и евентуалното одземање на пратеничкото право на амандманска расправа е сериозен удар врз демократијата и преседан, кој во иднина може да има долгорочни последици, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите. „Насилното туркање на законот за двојазичност не е поврзано со никакви реформи, туку е поврзано со хипотеките што Зоран Заев ги влече...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ гарантира стабилно мнозинство ако се отфрли законот за јазици

Жалам што за вакво крупно прашање како Законот за јазиците не се земаат предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се обидува да се донесе закон кој не е уставен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео обраќање до јавноста. Според него, не е возможно законот да се донесе по демократски пат,...

Груби – Ромео: За ниту еден закон не е дебатирано повеќе и подолго од Законот за јазиците

Ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од Законот за употреба на јазиците и затоа дојде време да се затвори ова прашање деновиве, со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот договор, рекол претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби на средбата со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео. „Истата храброст во решавање...

Собраниската седница за законот за јазици презакажана за 15 часот

Собраниската седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазиците, за кој опозициската ВМРО-ДППМНЕ поднесе 35.000 амандмани, е презакажана за 15 часот. Во Собранието се одржуваат координации на пратенички групи, а на нив присуствуваат и претставници на ВМРО-ДПМНЕ. Нема информации каков ќе биде исходот од седницата, дали воопшто ќе се расправа за амандманите или точката ќе биде прескокната. Продолжението...

Законот за јазици на дневен ред на денешната собраниска седница

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани. Доколку на дневен ред бидат ставен амандманите се очекува присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои подолго време ги бојкотираат пленарните седници. На средбата на премиерот Зоран...

ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од амандманите за законот за јазици и бара поширока дебата

На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност, велат од партијата како реакција на брифингот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет. Ние сметаме дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...