fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Илјада загинати во топлотниот бран во Индија

Бројот на починатите во топлотниот бран, чија температура во некои делови на Индија достигна и до 50 Целзиусови степени, е илјада. Повеќето смртни случаи се забележани во јужните држави, каде починаа повеќе од 750 лица. Болниците се во состојба на зголемена готовност поради големиот број пациенти, а властите ги советуваат жителите да не излегуваат од дома.

Кина: 38 загинати во пожар во дом за стари лица

Најмалку 38 лица загинаа, а шест се повредени во пожар кој синоќа изби во дом за стари лица во кинескиот град Пингдингшан, во провинцијата Хенан. Како што јавува агенцијата „Синхуа“, двајца од повредените се во критична состојба. Засега не се знае причината за пожарот. https://www.youtube.com/watch?v=wtcW3LKG3Gk

Триесетина загинати во самоубиствен напад на џамија во Саудиска Арабија

Најмалку 30 лица денеска загинаа или се ранети во самоубиствен бомбашки напад, кој се случи за време на молитва во шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, прв врз шиите во Саудиска Арабија од минатата година, кога осум лица беа убиени за време на верска прослава, исто така на истокот на земјата. Како...

Петнаесет загинати во поплавите во Кина

Во поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот и во централниот дел на Кина, најмалку 15 лица загинаа, а илјадници луѓе ги напуштија своите домови. Локалните власти денеска соопштија дека најлошо погодена е провинцијата Ксиангчи каде загинаа осум лица, а 65.000 се раселени. Во регионот Гуангжу загинаа пет лица, а шест се водат за исчезнати. Уште две лица загинаа во провинцијата Хунан,...

Обвинителство 10 дена ги чека обдукциските наоди за 18 загинати во акцијата во Куманово

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во чија надлежност е истрагата за полициската акција во Куманово, сè уште ги очекува официјалните извештаи од обдукциските наоди за убиените припадници на безбедносните сили и на терористичката група, велат за „Мета“ од Обвинителството. Во дописот, како одговор на нашите прашања „Колку вкупно лица ги загубија животите во текот на акцијата? Колку припадници...

Во пожар во Баку загинаа 16 лица

Шеснаесет лица загинаа денеска, а повеќе од 50 се повредени во пожар во една станбена града во главниот азербејџански град Баку, соопштија властите. Големиот пожар набргу се проширил на целата 16-катница, а на пожарникарите им биле потребни часови за да го стават под контрола. Главниот обвинител на Азербејџан, Закир Гаралов, рече дека за брзината на ширењето на пожарот придонел и лошиот...

Во свлечиште во Колумбија загинаа 50 лица

Повеќе од 50 луѓе настрадаа во лизгање на земјиште во северозападната колумбиска провинција Антиокија, додека неколку десетини се повредени. Претседателот Хуан Мануел Сантос рече дека властите не знаат уште колку луѓе се водат како исчезнати, поради што прогласија вонредна состојба и ветија помош во обнова на куќите. Поради обилните дождови, реката Либоријана се изли од коритото, што доведе до лизгање на...

Во судир во Камбоџа загинаа 16 лица

Најмалку 16 текстилни работници настрадаа, а околу 15 денеска се повредени во Камбоџа, во судир со комбе и со автобус. Повеќе од 30 работници со комбиња тргнале кон фабриката во која работат, а во автобусот биле туристи од Виетнам, меѓу кои нема повредени. Несреќата во провинцијата Сај Ријенг, во близина на границата со Виетнам, се случила кога автобусот, во обид да...

Серија бомбашки напади во Тајланд

Во серија бомбашки напади на југот на тајландската провинција Јала, за кои се осомничени муслиманските бунтовници, загинаа 18 лица, соопшти војската. Воената влада која раководи со Тајланд по минатогодишниот пуч, наведе дека усвоила нова стратегија за задушување бунтови, а минатиот месец предочи дека нападите на муслиманските бунтовници се намалени за 50 отсто во немирниот регион. Повеќе од 6.500 луѓе, претежно цивили, загинале...

Повеќе од 40 лица убиени при напад на автобус во Пакистан

Вооружени напаѓачи во автобус во Карачи во Пакистан убија повеќе од 40 лица, а има и многу ранети, јавува „Би-Би-Си“. Полицијата соопшти дека напаѓачите на мотоцикли го стигнале и го запреле автобусот, а потоа отвориле оган врз патниците, шиитски муслимани. - Најмалку шест вооружени напаѓачи го нападнале автобусот во Сафора Гот – соопшти полициски претставник. Шиитските муслимани се малцинство во Пакистан и...

Општина Прилеп им изрази сочувство на семејствата на загинатите полицајци

Пo немилите настани што се случија вчера во Куманово, во кои загинаа осум полицајци, со порака на сочувство до семејствата на загинатите полицајци се огласи и Општина Прилеп. „Со длабока жал и тага ја прифативме веста за загинатите и повредени припадници на безбедносните сили. Општина Прилеп им изразува сочувство на фамилиите на загинатите херои, кои се наша гордост и секогаш ќе...

Мирен собир пред Владата, се делеа цвеќиња и се палеа свеќи во чест на загинатите полицајци

Граѓани и активисти вечерва, на вториот ден на жалост, одржаа мирен собир пред Владата, со кој оддадоа почит на загинатите полицајци во вооружениот судир во Куманово. Тие пред Владата се собраа со цвеќиња и со запалени свеќи. Дел од активистите со креди ги напишаа имињата на загинатите полицајци, а потоа ги оставија цвеќињата и свеќите запалени во нивна чест. Дел од...

Г.Г.Стефан: Единството треба да биде нашата најголема сила

Да се помолиме за душите на загинатите и за здравје на повредените, побара поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во говорот по осветувањето на црква во Штип. При тоа, поглаварот се осврна на актуелната состојба и последните настани од Куманово. - Вчерашните случувања во Куманово, потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон народот и кога партиските и личните интереси ни...

Сочувство до семејствата на загинатите од СДСМ

Од СДСМ изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, како и до семејствата на загинатите цивили. „Во овие тешки моменти за Република Македонија, уште еднаш повикуваме на смиреност и на присебност, да не се предизвика дополнителна ескалација на состојбата и дестабилизација на државата, што може да доведе до нови трагедии и до губење човечки...

Денеска и утре – денови на жалост

Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука денеска и утре да бидат денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и за разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово. На деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје. Агенцијата за...

Загинатите полицајци се од Тетово, Брвеница и од гостиварско Зубовце

Полицајците Жарко Кузмановски од Брвеница, Сашо Самојлоски од Тетово на возраст од околу 32 години и 28-годишниот Ненад Серафимовски од гостиварското село Зубовце, се жртвите од вооружената престрелка во кумановско Диво Насеље. Трагичната вест семејствата на убиените ја слушнале попладнево. Брвеница денеска беше обвиена во тага, а револтот кај мештаните кои беа излезена на сред село беше голем. Дел од нив избегнуваа да зборуваат за...

Убиени пет украински војници

Најмалку пет украински војници се убиени, а 12 се ранети во изминатите 24 часа на истокот на Украина, соопшти портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко. Изјавата на Лисенко доаѓа неколку часа пред обновувањето на мировните преговори во Минск меѓу официјален Киев и проруските бунтовници. Четворица војниците загинале откако со оклопно возило нагазиле на мина, додека петтиот војник е убиен кај селото...

Десет загинати во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку десет лица се повредени во самоубиствениот напад на автобус кој превезувал владини претставници во Кабул. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, кој се случи еден ден откако претставниците на владата и талибанците се сретнаа во Катар за да разговараат за завршување на кампањата за милитантите против авганистанските власти. Милитантите минатата недела почнаа пролетна офанзива против „владините институции и претставници, како и странски...

Бројот на загинати во земјотресот во Непал надмина 7.000 лица

Непалската полиција денеска потврди дека бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата достигнал 7.074 лица, а 14.000 биле повредени, пренесуваат медиумите. Според официјалните податоци, во земјотресот биле уништени 141.000 куќи, а оштетени биле 150.158 домови. Како што пренесуваат медиумите, полицијата барала повеќе хеликоптери за транспорт на хуманитарна помош на стотиците илјади луѓе, кои се наоѓаат во оддалечените подрачја,...

Тридневна жалост во Непал поради загинувањето на 4.300 лица

Непалската влада прогласи тридневна жалост поради загинувањето на повеќе од 4.300 лица во разорниот земјотрес што во саботата ја погоди сиромашната земја под Хималаите. Според последните информации, во земјотресот загинале 4.353 лица, а доброволците четврти ден по ред бараат преживеани под урнатините и ископуваат тела на загинати во потресот со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Обединетите нации проценуваат дека со...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...