fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Осум загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што зафати дом за стари лица во градот Куарте де Уерва во Сарагоса, на североистокот на Шпанија, соопштија локалните власти. Како што јавуваат шпанските медиуми, двајца од повредените се со потешки повреди. Пожарот избил синоќа, околу еден часот, и полицијата сè уште се обидува да утврди која е причината. Меѓу повредените е...

Тринаесет загинати во напад во Кенија

Неидентификуван напаѓач рано утринава уби најмалку 13 лица во близина на Мандера, на североистокот на Кенија, соопштија од кенискиот Црвен крст. Во нападот, кој се случил два часа по полноќ, ранети се најмалку 11  лица, соопшти генералниот секретар на кениската хуманитарна организација, Абас Гулет. Жртвите се работници на каменолом кај Мандера, а нападот бил извршен додека спиеле.

Двегодишно дете загина во сообраќајка кај скопско Рашче

Двегодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила во скопското село Рашче, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 11.40 часот и во неа учествувале возило, марка „форд транзит“, што го управувал М.И. (57) и автомобил „опел корса“, зад чиј волан бил Б.С. (28) од селото Рашче. Двегодишното дете, кое било сопатник во...

Тројца загинати во земјотрес во Кина

Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала што денеска ја погоди северозападната кинеска провинција Синџјан-Ујгурската. Кинескиот сеизмолошки центар јави дека земјотресот бил регистриран утринава во 9.07 по локално време, а епицентарот бил на 160 километри северозападно од градот Хотан, на длабочина од 20 километри.

Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Четири лица, од кои едно бебе и едно тригодишно дете, ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што вчера вечерта, околу 18 часот, се случила на магистралниот пат Кичево - Охрид. Несреќата се случила во близина на селото Колари, а во неа учествувале автомобил, марка „волво“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А. (28) од селото Зајас, и товарно возило...

Бројот на загинати при падот на авион во Суматра достигна 142 лица

Бројот на загинати во падот на индонезинскиот воен транспортен авион на островот Суматра достигна 142 лица. Воениот авион „херкулес Ц-130“ на индонезиските воздухопловни сили се сруши вчера на островот Суматра, во населено места во градот Медан. Во авионот имало 113 лица, односно 12 членови на екипажот и 101 патник, за кои се верува дека биле припадници на војската заедно со своите семејства. Индонезиските воздухопловни...

Најмалку 30 загинати во напад на воена база во Сомалија

Најмалку 30 лица биле убиени во вооружен напад на воена база на Африканската унија, во јужниот дел на Сомалија, изјавиле очевидци, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за напад на бомбаш-самоубиец, кој детонирал автомобил-бомба пред главниот влез на базата во Лего, покрај патот што ги поврзува главниот град на Сомалија, Могадишу, и градот Баибоа. Милитантната исламистичка група Ал шабаб, која се бори...

Девет лица загинаа при пад на мал авион на Алјаска

Девет лица, од кои осум туристи и пилот, кои тргнале да ги разгледуваат фјордовите во близина, загинале откако малиот авион со кој патувале се урнал во близина на Кечикен, на југоситочниот дел на Алјаска. Спасувачките екипи успеале да дојдат на местото на падот на авионот, но поради неповолното време и теренот, не можат да стигнат до телата на жртвите.

42 лица загинаа во напад на екстремисти од Боко харам

Најмалку 42 лица се убиени денеска во напад на екстремистите од Боко харам во нигериската држава Борно, во северозападниот дел на земјата, еден ден откако 12-годишно девојче активираше експлозив и уби најмалку десет и рани уште 30 лица. „Примивме извештаи за нападите за кои постои сомневање дека ги извршиле вооружени напаѓачи од Боко харам во две села во кои се...

Тројца убиени и 14 ранети војници во Украина

Украинската војска соопшти дека тројца војници се убиени, а 14 се ранети во борбите на истокот на земјата во последните 24 часа. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко, изјави дека „не опаѓа интензитетот на судирите, туку оти престануваат опсежните воени операции“. Од почетокот на судирите во Украина, досега загинале повеќе од 6.400 лица. Властите во Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за...

Во судир на камион и на воз загинаа 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 70 се повредени во судир на воз и на камион јужно од истоимениот туниски главен град Тунис, соопшти министерството за сообраќај и за внатрешни работи на Тунис. Несреќата се случила во Ел Фахес, на околу 60 километри од Тунис, околу 6.30 часот по локално време, во екот на утринскиот сообраќаен метеж. Министерот за сообраќај, Махмуд Бен...

Најмалку осум загинати во големи поплави во Тбилиси

Во поплави што ноќеска го погодиле главниот град на Грузија, Тбилиси, загинале најмалку осум луѓе, а имало пријави и за исчезнати во надојдените води, пренесува ХРТ. Од силниот дожд, надојдената река Вере, која тече низ градот, однела десетици згради и автомобили. Животните од градската зоолошка градина побегнале од своите кафези, оштетени од дождовите. Меѓу избеганите животни имало шест тигри, шест лавови и осум мечки. Побегнале вкупно 50...

20 загинати и ранети во нови судири на истокот на Украина

Во последните 24 часа, шест украински војници загинале, а 14 биле ранети во судирите со проруските бунтовници на истокот на Украина, соопштиле денеска официјални претставници на украинските власти, пренесуваат медиумите. - Ситуацијата во близина на аеродромомот во Донецк и понатаму е нестаблна. Непријателот повторно користи тенкови, блиндирани возила и тешка артилерија - изјавил портпаролот на украинската воска, Андреј Лисенко. И од...

Украина: Пет загинати во последните 24 часа

Пет лица загинаа во последните 24 часа на истокот на Украина. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, изјави дека двајца војници загинале, а 13 се ранети во нападите на проруските сепаратисти, кои користат тешко вооружување. Претставникот на бунтовниците, Едуард Басурин, соопшти дека три жени загинале во гранатирањето на Горивке, триесетина километри североисточно од Донецк. Набљудувачите на ОБСЕ ги обвинуваат Киев и...

Три лица загинаа во сообраќајна незгода во Куманово

Три лица загинале во сообраќајната несреќа што се случи денеска, околу 17 часот, кога автомобил „бе-ем-ве“ излетал од мостот кај Бедиње во Куманово. Според полицијата, возачот не успеал да ја одржи контролата над возилото. Автомобилот паднал на лентата на меѓународниот автопат Скопје - Белград на правецот кој води кон север. За да го избегне автомобилот, цистерна која се движела по автопатот...

Дваесет и шест загинати во судирите на војската и на бунтовниците во Пакистан

Седум пакистански војници и 19 бунтовници загинаа во судирот во близина на границата со Авганистан, соопшти денеска војската. Во соопштението се наведува дека во племенската област Северен Вазиристан, во текот на ноќта дошло до жестока размена на оган и оти меѓу загинатите бунтовници има и пет нивни команданти. Седум војници настрадале кога еден од бунтовниците активирал експлозив прикачен за појасот, додека...

Се зголемува бројот на загинатите во земјотресот на Борнео

Единаесет лица загинаа, а осум сè уште се водат за исчезнати во вчерашниот земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала, што го погоди малезискиот дел на островот Борнео. Како што соопштија локалните власти, замјотресот предизвикал и неколку свлечишта, поради што 137 планинари и туристи биле блокирани на планинскиот врв Кинабалу. Епицентарот на земјотресот бил на 54 километри од градот...

Тридневна жалост во Гана

Сто и педесет лица загинаа во експлозијата на бензинската пумпа во главниот град на Гана, наведе претседателот Џон Махама, прогласувајќи тридневна жалост во земјата. Експлозијата предизвикала пожар кој избил на терминалот за камиони, а потоа се проширил на бензинската пумпа и на околните згради. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од несреќен случај и не е последица на терористички напад,...

Триесетина загинати во експлозија на бомба во Нигерија

Повеќе од 30 лица загинаа во експлозија на пазар во нигериското место Џимет, на североистокот на земјата. Експлозивната направа била подметната под скутер на пазарот во државата Адамава, а детонирана е само неколку минути откако жена-самоубиец усмрти две лица на контролен пункт во градот Маидугури. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но тие ги имаат обележјата на исламистичката група...

Се зголемува бројот на загинати во експлозијата во Гана

Повеќе од 90 загинати и десет повредени е последниот биланс од експлозија на гас на бензинска пумпа во главниот град на Гана, јавуваат светските медиуми. Локалните власти велат дека на бензинската пумпа имало многу лица кои побарале засолниште од силниот дожд. Силниот дожд во Акри предизвика поплави и прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населби. Сè уште не е...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...