fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајка кај Гевгелија

Тројца српски државјани ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што утринава околу 7 часот се случила кај Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. „Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едно од возилата удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите повреди починаа три лица“, стои во соопштението на Јавното обвинителство. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно...

Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“. Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници. Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф...

Еден загинат и еден повреден при пад на мермерна плоча

Едно лице загина, а друго е тешко повредено откако мермерна плоча паднала врз нив. Несреќата се случила синоќа, околу 19.30 часот, во фирмата за преработка на мермер „Лабисчина“ во атарот на прилепското село Ново Лагово. Од камионот паднала мермерна плоча која ги зафатала работниците Зоран Димески (1974), кој починал на самото место, и Жарко Стефаноски (1961), кој со тешки телесни повреди...

Поплавите во Виетнам однесоа 14 животи

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите што го зафатија Халонг, летувалиште на североистокот на Виетнам, соопштија денеска локалните власти. Три лица, исто така, се водат како исчезнати во најтешките поплави во Виетнам во последните 40 години. Властите соопштија дека неколку илјади куќи се поплавени и оштетени на туристичкиот остров Ко То. Неколку илјади војници се мобилизирани за да им помогнат за загрозените жители. Халонг,...

Бројот на загинати во експлозијата за пиротехнички средства во Италија се искачи на девет

Бројот на жртви во експлозијата во една фабрика за пиротехнички средства во Италија се искачи на девет лица, откако уште две лица за време на викендот им подлегнаа на повредите, соопштија болнички извори. Седум лица загинаа на местото на несреќата, додека повеќе луѓе се повредени, во експлозијата што се случи во петокот, во фабрика за пиротехнички средства, во јужното италијанско...

Двајца турски војници загинаа при напад со автомобил-бомба

Двајца турски војници загинаа, а четворица се повредени при напад со автомобил-бомба врз нивниот конвој во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди. Нападот следел откако бунтовничката група Курдска работничка партија (ПКК) се закани дека повеќе нема да го почитува примирјето, кое се одржува од 2013 година, бидејќи Турција ги бомбардира нивните позиции во северниот дел на...

Најмалку седум загинати при експлозија во фабрика за огномети во Италија

Најмалку седум луѓе загинале, а повеќемина се повредени во голема експлозија што денеска попладне се случила во фабрика за пиротехника и за огномети во близина на градот Бари, во Јужна Италија, пренесуваат светските агенции. Според извештаите, станува збор за фабриката „Брускела“ во градот Модуњо. Информациите што ги пренесуваат медиумите велат дека првична детонација предизвикала серија експлозии и пожар, кој се заканува...

Поплавите однесоа 28 животи во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 100.000 лица се загрозени од поплавите предизвикани од монсумските дождови во Пакистан, соопштија денеска хуманитарните агенции. Европската канцеларија за хуманитарна помош соопшти дека во провинцијата Читрал, на северозападот на Пакистан, тешко се оштетени патиштата, мостовите и посевите. Најсиромашната пакистанска провинција Балучистан, исто така, е тешко погодена. Метеоролозите најавуваат силни дождови во текот на викендов, што...

Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Тетово-село Пирок, а според неофицијалните информации две лица се загинати, но има и повредени. Од МВР ја потврдуваат сообраќајната несреќа, но детали за бројот на загинати и повредени лица ќе бидат соопштени по завршување на увидот.

Петнаесет загинати во бродска несреќа на реката Нил

Најмалку 15 луѓе загинале во судир меѓу товарен и патнички брод во реката Нил во Египет, јавуваат светските агенции. Според информациите, семејство и пријатели на млада брачна двојка најмиле брод за нивната свршувачка и испловиле северно од Каиро, каде и се случила несреќата. Од египетското министерство за внатрешни работи соопштиле дека во реката биле пронајдени 15 безживотни тела, додека шест лица...

Бомбашки напад на пазар во Авганистан

Најмалку 15 лица загинаа кога бомбаш-самоубиец се разнесе на пазар во областа Алмар, на северот на Авганистан. Меѓу загинатите има жени и деца, а околу 40 лица се повредени. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Единаесет загинати во сообраќајка на Сибир

Единаесет лица загинаа, а 33 се повредени во при судир на автобус и на камион во близина на сибирскиот град Краснојарск, соопштија денеска локалните власти. Канцеларијата на регионалниот гувернер прогласи ден на жалост. Не се објавени детали за несреќата. Во сообраќајни несреќи во Русија во 2014 година загинале 27.000 лица. Земјата е меѓу првите во светот по смртност на улиците, најчесто поради...

Десетици загинати и ранети во експлозија во труски град на границата со Сирија

Најмалку 10 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија во културен центар во југоисточниот турски град Суруч, во близина на границата со Сирија. Весникот „Туркиш стар“ јавува дека експлозијата однела 30 животи, додека порталот „Туркијегазетеси“ наведува дека најмалку 45 лица се повредени во експлозијата, која, наводно, е од автомобил-бомба. Претставници на локалните власти засега потврдуваат само 10 загинати и околу...

Хеликоптери на САД извршиле напад на пункт на авганистанската војска

Најмалку осум авганистански војници биле убиени во воздушен напад на силите на САД на воен пункт во провинцијата Логар, јужно од Кабул, соопштиле авганистанските власти, пренесува „Би-Би-Си“. Според информациите, два воени хеликоптери на САД го нападнале пунктот, денеска, среде бел ден. Засега не се познати причните за воздушниот напад, а армискиот командант на областа за „Би-Би-Си“ изјавил дека на пунктот јасно...

Единаесет загинати во поплавите во Иран

Најмалку 11 лица загинаа во поплавите што настанаа по обилните дождови што ги зафатија планинските предели во Иран. Поплавите ги зафатија подрачјата кај Техеран, Алборз и кај Кавзин, а меѓу жртвите има и еден кинески државјанин. Иранската новинска агенција ИРНА јави дека водата однела околу 20 автомобили со патници. Поплавите во планинските предели на Иран се честа појава поради непрекинатото градење куќи во близина...

Две жртви во сообраќајни несреќи во Куманово и во Кавадаречко

Седумдесет и осумгодишна кумановка и 49-годишен жител на Кавадарци ги загубиле животите во две одвоени сообраќајани несреќи, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчераутро, околу 6.40 часот, на раскрсница во Куманово, автомобил марка „цитроен џампер“, што го управувал М.А. (35), удрил во Горица С. (78), која се движела пеш. Кумановката веднаш била пренесена во кумановската болница, но поради сериозноста на...

27 аџии загинале во стампедо во Андра Прадеш

Најмалку 27 аџии загинале во стампедо на бреговите на светата река Годавари во индиската држава Андра Прадеш, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на изјави на локалните власти. Околу 24 милиони хинду-верници се собрале на традиционално капење во реката Годавари, на почетокот на фестивалот Маха Пушкаралу, кој ќе трае во наредните 12 дена. Аџиите веруваат дека капењето во реката ќе ги ослободи...

Се урнал дел од руски воен објект, 23 војници загинати

Дваесет и тројца војници загинале откако ноќеска се урнал блок од руски воен објект во близина на сибирскиот град Омск, соопштиле службени лица, пренесува „Би-Би-Си“. По несреќата, 19 лица биле извлечени живи од урнатините, додека пет се водат како исчезнати. Во објектот во моментот на несреќата имало повеќе од 300 војници. Според медиумите, зградата чиј дел се урнал, минатата година била реновирана. Сомневањата...

Авганистан: 10 загинати при експлозија на бомба

Десет лица загинаа, а шест се повредени откако бомба поставена на пат експлодира во североисточниот дел на Авганистан, јави локалната полиција. Како што соопшти Абдул Карим Фаик, шеф на полицијата во провинцијата Каписа, лицата патувале со автомобил кога наишле на бомбата поставена на патот во областа Тагаб. Повредените веднаш се хоспитализирани, но се знае колкава е тежината на повредите.

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка кај Демир Капија

Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна несреќа што се случи кај Демир Капија. Несреќата се случила утринава, околу 6.30 часот, кај клучката кај Демир Капија, кога автомобил со српски регистарски ознаки излетал од мостот на автопатот. Повредените веднаш се хоспитализирани на скопската клиника за рехабилитација и интензивно лекување, а увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и увидна...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...