недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: загинати повредени | 269 резултати

„Дронови над Кремљ“: Украина негира дека сакала да го убие Путин, Русија бомбардира

мај 4, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги негираше обвинувањата на руските власти дека извршиле напад со дронови врз Кремљ, за кои официјална Москва тврди дека биле обид да се убие рускиот претседател Владимир Путин, пишува Би-Би-Си. „Ние не го напаѓаме Путин или Москва. Ние се бориме на нашата територија. Ние ги браниме нашите села и градови“, изјави […]

Над 20.000 руски војници загинати во Украина од декември лани

мај 2, 2023

Повеќе од 20.000 руски војници загинале во Украина од крајот на декември 2022 година до денес, покажуваат проценките на САД, пренесува Би-би-си. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека дополнителни 80.000 руски војници биле повредени, цитирајќи ја неодамна декласифицираната разузнавачка информација. „Рускиот обид за офанзива во Донбас, главно преку […]

Загинати цивили во руските гранатирања на Украина, во Купјанск погоден музеј

април 25, 2023

Едно лице загина, а 10 се повредени во руското гранатирање на локален музеј во градот Купјанск во Харкивскиот регион, јавува Гардијан. Ова населено место утрово било нападнато со ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300. Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше дека Русија како терористичка држава се користи со варварски методи. Зеленски информираше дека загинатиот цивил […]

Украина добива нова воена помош од западните сојузници за одбрана од Русија

април 20, 2023

Два типа на системи за противвоздушна одбрана доби Украина од западните сојузници. Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников ја потврди испораката на американскиот „Патриот“ и германскиот систем „Ирис-Т“. Заедно со нив, Данска и Холандија потврдија дека ќе испорачаат дополнителни 14 германски тенкови „Леопард 2“, додека САД најавија нова воена помош за Украина во висина од […]

Нов руски напад со дронови врз Украина, предизвикан пожар во Одеса

април 19, 2023

Русија изврши нов напад со камиказе-дронови врз Украина изминатава ноќ, при што бил погоден пристанишниот град Одеса, пренесува Гардијан. Нападот предизвикал пожар во инфраструктурен објект, но нема информации за загинати и повредени лица, објавија украинските власти. Украинските воздухопловни сили соопштија дека изминатава ноќ од страна на Русија биле употребени ирански дронови „Шахед 136/131“, при што […]

Додека гинат цивили од руските напади, Путин во посета на окупираните делови на Украина

април 18, 2023

Рускиот претседател Владимир Путин повторно ги посетил окупираните делови на украинските региони Херсон и Луханск. Руските власти не соопштија кога Путин ја извршил посетата, но се наведува дека тој бил во штабот на армиската командна група „Днепар“ во областа Херсон, како и во седиштето на руската национална гарда во окупираниот регион Луханск, пренесува Гардијан. Најновите […]

Најмалку 56 загинати цивили во борбата за превласт во Судан

април 16, 2023

Неочекуваните жестоки борби за превласт кои вчера го зафатија Судан досега предизвикаа смрт на 56 цивили, јавува Би-би-си. Во третата по големина африканска земја започнаа борби меѓу суданската војска и паравоените Сили за брза поддршка во однос на предложената транзиција кон цивилна власт во Судан. Жителите на главниот град Картум се разбудиле со истрели од […]

Протечени документи: Украинската воздушна одбрана наскоро може да остане без проектили

април 10, 2023

Документите од Пентагон од февруари годинава, коишто протекоа во јавност, сугерираат дека постои ризик украинската противвоздушна одбрана да остане без проектили и муниција во рок од неколку недели, пишува Гардијан. Припадници на министерството за одбрана на САД се обидуваат да дознаат како тајните документи станале јавни. Еден од документите со датум од 23 февруари 2023 […]

САД ќе обезбедат дополнителна воена помош за Украина од 2,6 милијарди долари

април 5, 2023

Соединетите Американски Држави (САД) ќе обезбедат дополнителна воена помош од 2,6 милијарди долари за Украина, вклучително и три радари за надзор над украинското небо, противтенковски ракети, камиони и друга опрема, пишува Укринформ. Американските власти од почетокот на руската воена агресија врз Украина ветија повеќе од 35,2 милијарди долари безбедносна помош за нападнатата земја, која се […]

Најмалку пет цивили загинаа во руските ракетни напади врз украински градови

април 4, 2023

Руската агресија врз Украина продолжила со исто темпо во изминативе 24 часа, при што најмалку пет цивили загинале во ракетните напади врз невоени објекти. Четворица цивили загинале, а тројца се повредени во гранатирањето на населени места во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Ракетни напади врз цивилни цели биле извршени врз градовите Торецк, Авдивка и Торске. Гранатирање […]

Пригожин тврди дека го окупирал Бахмут, Украина демантира

април 3, 2023

Шефот на руската платеничка војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин во своето најново обраќање тврди дека го подигнал руското знаме на зградата на градското собрание во Бахмут, јавува Би-би-си. Во снименото видео Пригожин изјави дека Бахмут сега постанал „руски и во правна смисла“. Сепак, тој призна дека украинските сили сè уште се концентрирани во западните области на […]

Британските и германските тенкови пристигнаа во Украина

март 28, 2023

Првата пратка од 18 германски тенкови „Леопард 2“ пристигна во Украина, потврди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пишува Би-би-си. Писториус верува дека тенковите ќе ја постигнат одлучувачката разлика на фронтот во Украина. Германија, како воена помош за Украина, испрати и 40 пешадиски борбени возила „Мардер“. Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Ирина Золотар потврди […]

НАТО: Планот на Путин да постави нуклеарно оружје во Белорусија е опасен

март 27, 2023

Планот на Владимир Путин да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е опасен и неодговорен чин и е закана за обврските на Русија за неширење на нуклеарното оружје, посочува НАТО. Русија го обелодени својот план за Белорусија во саботата, инсистирајќи дека Русија нема да ги прекрши своите ветувања за неширење на нуклеарното оружје. Портпаролот на […]

Најмалку 23 лица загинаа од торнадо во САД

март 25, 2023

Во американската сојузна држава Мисисипи загинаа најмалку 23 лица, а четворица се водат за исчезнати во торнадото што зафати неколку населени места во централниот дел на САД, пренесува Гардијан. Огромни штети од торнадото и грмотевиците се регистрирани во малите градови Силвер Сити и Ролинг Форк, каде торнадото со брзина од над 110 километри на час […]

Најмалку девет цивили загинаа во најновите руски напади врз Украина

март 24, 2023

Русија изминатово деноноќие изврши нови напади врз Украина, во кои животот го загубија најмалку девет цивили во различни украински региони. Најмалку шест цивили загинаа, а пет лица се ранети како последица на руските воени дејствија во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Пет лица загинале во градот Константиновка при руски ракетен напад врз зграда, а едно лице […]

Над 72.000 воени злосторства регистрирани од почетокот на руската агресија врз Украина

март 23, 2023

Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин за време на неговата посета на Лондон изјави дека Јавното обвинителство на Украина регистрирало над 72.000 воени злосторства од почетокот на руската воена агресија врз Украина, јавува Укринформ. Костин уште еднаш повика на формирање Специјален трибунал за руските злосторства извршени во Украина. „Ова е одлучувачки чекор за градење на архитектурата […]

Зеленски ги посети војниците на фронтот кај Бахмут

март 22, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги посети војниците на линијата на фронтот во Бахмут, каде што борбите беснеат со месеци. Уништениот град долго време беше фокусна точка на војната, додека руските сили се обидуваат да ја оживеат својата воена кампања на исток, пренесе Би-би-си. Неговата посета дојде кога руските сили започнаа серија напади врз украинските […]

Три лица загинаа во ноќните напади со дронови врз регионот на Кијив

март 22, 2023

Три лица загинаа, а седум други се ранети во нападите на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Кијив, соопштија украинските власти, пренесе Ројтерс. Регионалната воена управа на Кијив на својот канал Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите сè уште работат на местото на настанот. Официјални лица рекоа […]

Во експлозии на полуостровот Крим уништени руски ракети

март 21, 2023

Руски ракети кои биле транспортирани со воз на полуостровот Крим се уништени во експлозии, информираше Министерството за одбрана на Украина. Нападот се случил во близина на градот Џанкој, а градоначалникот инсталиран од руските сили тврди дека областа била нападната со беспилотни летала, пишува Би-би-си. „Експлозиите го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат […]

Британски воен советник: Руските сили имаат до 30.000 жртви во борбите за Бахмут

март 16, 2023

Руските сили од мај минатата година во борбите за освојување на градот Бахмут во Донецкиот регион имале помеѓу 20.000 и 30.000 загинати и повредени војници, пренесува Укринформ. Ова го изјави Јан Стабс, висок воен советник во британската делегација во ОБСЕ, кој вчера зборуваше на Форумот за безбедносна соработка во Виена. „Во текот на изминатата недела, […]

Страна 4 од 14