недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: загадување | 511 резултати

Вебинар за жешките еколошки точки: Потребни се итни решенија, за човечките животи се работи

октомври 10, 2023

Решавањето на жешките еколошки точки во земјава е итно потребно и без дополнителни одлагања од страна на државните власти, констатираа соговорниците на денешниот вебинар насловен „Жешките еко-точки низ новинарска призма“. На настанот говореа професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет, новинарите Бојан Блажевски и Сања Наумовска од новинската агенција Мета.мк. како и […]

Утрово гореше депонијата Дрисла, чадот може да биде канцероген, предупредуваат активисти

септември 5, 2023

Во раните утрински часови денеска можело да се забележи густ црн чад над скопската депонија „Дрисла“, која според локалните жители започнала да гори во раните утрински часови. Активистот Сених Браховиќ, во видео кое го сподели на Фејсбук, вели дека добил многу повици од жители на Батинци и другите населени места во околината на депонијата кои […]

Камала Харис не признала дека постои план за намалување на населението, туку направила лапсус

јули 23, 2023

Потпретседателката на САД во своето обраќање говорела за намалување на загадувањето, но направила лапсус наместо pollution (загадување) , рекла population (население). Грешката на Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој е официјално објавен на веб-страницата на Белата куќа. Оваа нејзина грешка теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини […]

Контраспин: Правото на личен став, па и на министерката Шукова, е домашен и меѓународен стандард, без оглед што мислат од „Еуромакс Рисорсис“

јули 17, 2023

Компанијата со седиште во Канада, која треба да ја реализира „најголемата инвестиција“ во државата од независноста – изградба на рудник, во реакцијата за изразен личен став на државен функционер (министерката за животна средина Каја Шукова), бара (апелира) од државните функционери да се воздржат од лични ставови, зашто тоа било прашање на однос меѓу влада и […]

Водата во Рашче е чиста, тврди Државниот инспекторат за животна средина по извршениот надзор

јули 15, 2023

Нема загадување на водата за пиење во водснабдителниот систем Рашче што го снабдува со чиста вода градот Скопје, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во вонредниот надзор што бил направен вчера, инспекторите за животна средина констатирале дека нема никакво загадување на водата за пиење со загадувачки материи и информираат дека изворот Рашче граѓаните на Скопје […]

Годинава немало масовни протести на земјоделците во Холандија

јули 14, 2023

Минатата година имало масовни протести на холандските земјоделци, но не и годинава. Факт чекери од Холандија за Вистиномер велат дека во 2023 година имало протести, но ниту еден не можел да се спореди со огромните протести и немири во 2022 година. Земјоделците во Холандија не протестираат поради тоа што владата сака да ги исели за […]

Светски ден на животната средина: Половината од произведената пластика е за еднократна употреба

јуни 5, 2023

Под мотото „Време е да го победиме загадувањето од пластиката“ (It is time to #BeatPlasticPollution), денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина. Годинава, фокусот е ставен на отпадот, особено пластиката, како потсетник дека активностите на луѓето за намалување на загадувањето на природата се важни, како и дека транзиција кон кружна економија и чекорите што […]

Шукова: Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден

јуни 1, 2023

Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден. Екстремните временски настани, исчезнувањето на видовите, уништувањето на шумите и исцрпувањето на виталните ресурси се само дел од алармантните знаци на еколошка нерамнотежа што мора итно да се реши. Ова го изјави денеска министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, на настанот организиран […]

Мета факт: Нема градска лабораторија за контрола на загадувањето во Скопје, едно од предизборните ветувања на Арсовска

мај 30, 2023

Едно од ветувањата во изборната програма на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше отворање на лабораторија која ќе го следи загадувањето во главниот град и заедно со градскиот Инспекторат за животна средина ќе се бори против загадувачите. Скопје е еден од најзагадените градови во земјава, а многу често се наоѓа и на светските листи на […]

„Паметни градови“ не се тема на Агенда 2030

април 23, 2023

Во текстот на Агенда 2030  никаде не се споменува ниту терминот „паметни градови“, ниту тоа дека владите ќе имаат авторитет да ги преземаат загадените земјишта. Невистинитото тврдење од постот започна да се шири на интернет просторот, откако на 3 февруари  воз излета од шините и предизвика пожар во град во Охајо, САД. После несреќата илјадници […]

Ќе се исклучи мерната станица во Велес – имало многу прав од реконструкција на улица

април 3, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека ќе ја исклучи мониторинг станицата Велес 2. Причините за ова е дека инструментите покажувале превисоки вредности на аерозагадување, поради реконструкција на улица во околината на станицата. Станува збор за мерната станица во градинката „Димче Мирчев“ и реконструцијата на улицата Благој Ѓорев во непосредна близина на […]

Мирува расчистувањето на депониите во ОХИС и велешка топилница

март 18, 2023

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС и депонијата со згура на велешката топилница во моментов е во мирување. Двете најжешки еколошки точки во земјава се најголемите опасности за жителите и за животната средина на Скопје и Велес. Канцерогениот линдан е потврдено дека го има и во воздухот во главниот град и во водите […]

Интервју со професор Трајче Стафилов: Решенија за жешките точки има одамна, само треба да се спроведат

јануари 21, 2023

Загадувањето на животната средина со тешки метали е централната тема на долгогодишните научни истражувања на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ. Во интервју за Мета.мк, професорот Стафилов го објаснува процесот на откривањето на 16 жешки точки со историски индустриски отпад, но и за изработката на физибилити студиите со решенијата за нивно чистење, […]

„Титан Усје“: Нема поврзаност меѓу цементарницата и квалитетот на воздухот во Скопје

јануари 12, 2023

Нема корелација меѓу работата на цементарницата „Титан Усје“ и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во „Усје“ е дури и помала од други мерни места во градот. Ова е наведено во реакцијата од […]

Кривична пријава од Град Скопје за цементарницата „Титан Усје“ поради загадување на воздухот

јануари 12, 2023

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска иницирала покренување кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ зашто го загадува воздухот, почвата и водата, со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето. Таа денеска на прес-конференција истакна дека на иницијатива на градот и во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец извршени биле мерења […]

Прекинат прагот на алармирање во Битола и Тетово, Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

јануари 3, 2023

Министерство за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3. Според тоа, епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Тетово и престануваат да важат […]

МЖСПП: Надминат прагот за алармирање во Тетово и Гостивар

јануари 2, 2023

Надминат е прагот на алармирање за загаден воздух на мерните места во Тетово и Гостивар, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Одлуката е согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за […]

Никој не планира никакви климатски заклучувања

декември 23, 2022

Советот на округот Оксфордшир не планира да воведе „климатски заклучувања“ и не одобри мерки за таа цел. Во постот што се шири на Фејсбук погрешно се толкува донесувањето на низа мерки наменети за намалување на патниот сообраќај во градот Оксфорд, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на […]

Со огромни прашалници активисти запрашаа: „Ќе се дише ли зимава“?

декември 9, 2022

Со портокалови огромни прашалници, поставени на плоштад „Македонија“ и пред ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, активистите од Младинскиот образовен форум прашаа „Ќе се дише ли зимава“? Оваа иницијатива, како што соопштија од МОФ, има за цел да ја подигне свеста на институциите во однос на сите прашања поврзани со животната средина и […]

Јагленот не е решение за енергетската криза, туку инвестициите во обновливи извори

декември 2, 2022

Државата не се справува со енергетската криза на правилен начин, а враќањето на јагленот и маутот за производство на енергија ќе остават големи последици на животната средина и здравјето на луѓето. Од граѓанската организација „Еко свест“ денеска апелираа земјава да почне сериозно да инвестира во обновливи извори на енергија, со што ќе ги испочитува меѓународните […]

Страна 3 од 26