понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: загадување | 504 резултати

Електраните на јаглен и понатаму нѐ трујат, емисиите на сулфур лани повисоки за 5,7 пати

25 септември 2024

Загадувањето со сулфур диоксид, прашина и азотни оксиди од термоелектраните на јаглен на Западниот Балкан продолжило и во 2023 година, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од објавен од Bankwatch. Во 2023 година, шест години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, загадувањето со сулфур диоксид од термоелектричните […]

УНИЦЕФ: Секој деветти смртен случај кај новороденчињата во С. Македонија поврзан со аерозагадувањето

10 септември 2024

Еден од девет смртни случај на деца до една година во 2021 година во С. Македонија е поврзан со загадениот воздух, открива ново меѓународно истражување на УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија. Во извештајот наречен „Почетоци без здив: политики за заштита на децата од загадениот воздух во Европа и Централна Азија“, се забележува дека во […]

ДИЖС: Езерото Младост е загадено и опасно за здравјето

30 јули 2024

Езерото Младост во Велес е загадено и е опасно за здравјето на луѓето, покажале анализите кои ги направил Државниот инспекторат за животна средина. Директорот Сретен Стојковски денеска информираше дека водата не е за употреба и од физичко-хемиски и од микробиолошки аспект и дека е опасна и за живиот свет, но и за луѓето кои се […]

Згурата од топилница нема да може да се дроби и меле, расчистувањето на депонијата заглави пред институциите

29 јули 2024

Второстепената комисија за управни постапки ја отфрлила жалбата на компанијата Кепс Монт Груп која се жалеше што не доби Б- интегрирана дозвола од Општината Велес за да може да воведе уште две дејности во расчистувањето на депонијата со згура од некогашната топилница за олово и цинк. Компанијата, која има концесија да ја ископа и извезе […]

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

26 април 2024

Десет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. „Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на […]

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

22 април 2024

Денот на планетата Земја, што традиционално се одбележува на 22 Април, оваа година е посветен на борбата со пластиката и пластичниот отпад. Под мотото „Планета vs пластика“ се започнува кампања за намалување за 60 отсто на целокупното производство на пластика до 2040 година и се апелира за инвестирање во иновативни технологии и материјали за да […]

Велес дефинитивно не дава дозвола за дробење и мелење на згурата, депонијата останува закана за градот

21 февруари 2024

Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат […]

Смртноста поради ПМ 2,5 честичките двојно повисока на Балканот отколку во ЕУ

2 февруари 2024

Во земјите од Западен Балкан смртноста поради загадувањето со ПМ 2,5 честичките е речиси двојно поголема отколку во земјите во Европската Унија. Ова го покажа ново истражување објавено во декември 2023 година во списанието Environment International, спроведено од Joint Research Centre на Европската Унија (JRC) во Испра, Италија, со меѓународен тим на истражувачи од Италија, […]

Во Кичево стапуваат заштитни мерки поради алармантно ниво на загадување

25 јануари 2024

Поради високото ниво на загадување, во Кичево стапуваат на сила мерки и препораки со цел заштитување на здравјето на граѓаните, извести Министерството за животната средина и просторно планирање. Мерките вклучуваат ослободување од работа за бремените жени и лицата постари од 60 години, како и скратувањето на работното време на половина за тие кои работат на […]

Отровниот воздух нѐ убива, државата со прст не мрда да ја намали употребата на нафта и мазут во јавните институции

8 јануари 2024

Над 740 јавни установи во сите делови од земјата сѐ уште се греат на мазут или нафта. Болници, училишта, градинки, спортски сали, затвори, културни установи…. се дел од долгата листа на загадувачи, кои користат фосилни горива и придонесуваат за загадување на воздухот. Листата и мапата, што ги креираше граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, неодамна беше […]

Скопските граѓани се разбудија со предновогодишно загадување

30 декември 2023

Скопјани утрово се разбудија на добро позната зимска глетка – градскиот пејзаж под „сможна“ прекривка. Нивото на концентрација на честички кои загадуваат повторно беше исклучително високо и над безбедните граници. Според вчерашните мерења на концентрацијата на ПМ-10 честички, односно честички со дијаметар помал од 10 микрометри, на мерната станица Лисиче биле забележани 224 микрограми ПМ-10 […]

Судот ја обврза германската влада да преземе итни мерки против штетните гасови

1 декември 2023

Германската влада мора да преземе дополнителни итни мерки против емисијата на штетни гасови од возилата и зградите, одлучи германскиот Вишиот управен суд Берлин-Бранденбург, пренесува германската новинска агенција ДПА. Судот ја донесе одлуката вчера, по жалбите на еколошките здруженија Deutsche Umwelthilfe и BUND. За пресудата е дозволена жалба. Здруженијата се обратија до судот со тврдење дека […]

Пакистански град со 13 милиони луѓе затворен поради загаденоста

10 ноември 2023

Нивото на загаденост на воздухот во пакистанскиот град Лахоре, кој е втор по големина во Пакистан, се смета за „опасно“ според швајцарската компанија IQAir, која го следи квалитетот на воздухот низ светот, известува Си-ен-ен. За да се справи со високото ниво на загаденост, во Лахоре, како и во градовите Гурјанвала и Хафизабад, е прогласена вонредна […]

Вебинар за жешките еколошки точки: Потребни се итни решенија, за човечките животи се работи

10 октомври 2023

Решавањето на жешките еколошки точки во земјава е итно потребно и без дополнителни одлагања од страна на државните власти, констатираа соговорниците на денешниот вебинар насловен „Жешките еко-точки низ новинарска призма“. На настанот говореа професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет, новинарите Бојан Блажевски и Сања Наумовска од новинската агенција Мета.мк. како и […]

Утрово гореше депонијата Дрисла, чадот може да биде канцероген, предупредуваат активисти

5 септември 2023

Во раните утрински часови денеска можело да се забележи густ црн чад над скопската депонија „Дрисла“, која според локалните жители започнала да гори во раните утрински часови. Активистот Сених Браховиќ, во видео кое го сподели на Фејсбук, вели дека добил многу повици од жители на Батинци и другите населени места во околината на депонијата кои […]

Камала Харис не признала дека постои план за намалување на населението, туку направила лапсус

23 јули 2023

Потпретседателката на САД во своето обраќање говорела за намалување на загадувањето, но направила лапсус наместо pollution (загадување) , рекла population (население). Грешката на Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој е официјално објавен на веб-страницата на Белата куќа. Оваа нејзина грешка теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини […]

Контраспин: Правото на личен став, па и на министерката Шукова, е домашен и меѓународен стандард, без оглед што мислат од „Еуромакс Рисорсис“

17 јули 2023

Компанијата со седиште во Канада, која треба да ја реализира „најголемата инвестиција“ во државата од независноста – изградба на рудник, во реакцијата за изразен личен став на државен функционер (министерката за животна средина Каја Шукова), бара (апелира) од државните функционери да се воздржат од лични ставови, зашто тоа било прашање на однос меѓу влада и […]

Водата во Рашче е чиста, тврди Државниот инспекторат за животна средина по извршениот надзор

15 јули 2023

Нема загадување на водата за пиење во водснабдителниот систем Рашче што го снабдува со чиста вода градот Скопје, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во вонредниот надзор што бил направен вчера, инспекторите за животна средина констатирале дека нема никакво загадување на водата за пиење со загадувачки материи и информираат дека изворот Рашче граѓаните на Скопје […]

Годинава немало масовни протести на земјоделците во Холандија

14 јули 2023

Минатата година имало масовни протести на холандските земјоделци, но не и годинава. Факт чекери од Холандија за Вистиномер велат дека во 2023 година имало протести, но ниту еден не можел да се спореди со огромните протести и немири во 2022 година. Земјоделците во Холандија не протестираат поради тоа што владата сака да ги исели за […]

Светски ден на животната средина: Половината од произведената пластика е за еднократна употреба

5 јуни 2023

Под мотото „Време е да го победиме загадувањето од пластиката“ (It is time to #BeatPlasticPollution), денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина. Годинава, фокусот е ставен на отпадот, особено пластиката, како потсетник дека активностите на луѓето за намалување на загадувањето на природата се важни, како и дека транзиција кон кружна економија и чекорите што […]

Страна 2 од 25