fbpx
Таг: загадување на воздухот

таг: загадување на воздухот

ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

Печката за согорување на медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ не испушта загадувачки материи во воздухот повеќе од дозволеното, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Од таму велат дека од депонијата ангажирале акредитирана лабораторија која на 31 мај и 20 јуни мерела колкаво е загадувањето од таа печка, а резултатите добиени на 6 јуни и 4 јули покажале дека...

Владата ги активираше мерките против аерозагадувањето во Скопје

Владата денеска ги активираше мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Мерките се активираат откако мерните станици во Лисиче и Ректорат два дена последователно покажале вредности над дозволеното, односно над 200 микрограми на кубен метар. Според активираните мерки, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените...

Голема загаденост на воздухот во Скопје

Воздухот во Скопје и утрово беше многу загаден. Концентрациите на ПМ10-честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прoсторно планирање се движеа од 129 микрограми на еден кубен метар во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат, до 230 микрограми на еден кубен метар во Лисиче. Според мерењата во Скопје, значителна загаденост на...

Коце Трајановски вети 20 електрични автобуси

Актуелниот градоначалник на град Скопје и кандидат за оваа функција на престојаните локални избори, Коце Трајановски, денеска на прес-конференција најави дека доколку повторно ја добие функцијата, ќе набави 20 нови двојни електрични автобуси што не го загадуваат воздухот. - Предвидуваме неколку мерки за модернизација на возилата на сите кои учествуваат во системот на јавниот сообраќаен превоз во Скопје. Првата мерка е...

Анкета на „М-проспект“: Загадувањето на воздухот треба да го реши Владата

Дури 82 отсто од граѓаните на Македонија сметаат дека загадувањето на воздухот е многу сериозен проблем и дека треба веднаш да се преземат мерки за решавање. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „М-проспект“. Според анкетата, главен причинител за загадувањето на воздухот, за мнозинството граѓани, односно 31,5 отсто од испитаниците, е сообраќајот, на второ место е индустријата со 24,9...

Високо ниво на загаденост на воздухот кај Ректорат, во Гази Баба и во Лисиче

Средно ниво на загадување со ПМ2,5-честички утрово во 8 часот е регистрирано на мерните станици во Центар и во Карпош, кои се единствените две мерни станици во земјава што го мерат овој загадувач. Според податоците од веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, мерната станица во Центар регистрирала околу 75 микрограми ПМ2,5-честички на еден кубен метар воздух, со...

СДСМ го прашува Трајановски зошто задоцни со бесплатниот автобуски превоз

Трајановски ќе мора да им одговори на граѓаните зошто три години не ја прифаќаше мерката што ја предложи СДСМ за бесплатен автобуски превоз, туку чекаше отровниот воздух да го загрози здравјето на граѓаните и особено здравјето на децата, реагираше СДСМ на денешната прес-конференција на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на која тој најави мерки за намалување на загадувањето. „Денешниот потег на...

Бесплатен јавен превоз во Скопје поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз од денеска - и во автобусите на ЈСП и во тие на приватните превозници, миење на улиците и контрола на градилиштата и на возилата што ги напуштаат градилиштата, како и повик граѓаните да одат на работа или на факултет со автобус наместо со автомобили, се мерките на Град Скопје за справување со енормното загадување на воздухот...

ВМРО-ДПМНЕ: Благодарение на СДСМ, Куманово умира од загаденост

„Изминатата ноќ Куманово беше најзагаден град во цела Европа. ПМ10-честичките достигнаа вредност од дури 1.000 милиграми на еден кубен метар. Загаденоста 10 пати ја надминува дозволената граница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Благодарение на СДСМ, кои повеќе од 27 години владеат со Куманово, градот секојдневно умира од тивка еколошка катастрофа од загаденост и од негрижа за градот. Како последица на рекордното загадување, со години...

Поради смогот во Пекинг, затворени автопатите и откажани десетици летови

Пекинг и други градови во Северна и во Централна Кина ги покри густ смог поради што властите откажаа десетици летови и ги затворија автопатите. Бирото за заштита на животната средина во Пекинг го продолжи портокаловото предупредување за зголемено загадување на воздухот уште три дена, иако се очекуваше смогот да се намали до денеска. Портокаловото предупредување е од трет степен, пред најголемото...

Амети: „Југохром“ да постави филтри за вработените да се вратат на работа

Министерот за животна средина, Башким Амети, го повика раководството на комбинатот „Југохром“ да го забрза процесот за поставување филтри за да се исполнат условите комбинатот повторно да почне со работа, како што побараа и вработените што денеска еден час ја блокираа крстосницата кај Судска палата. Амети побара од раководството да најде решение за вработените додека не се постават филтрите на комбинатот. -...

Синдикатот на „Југохром“ со едночасовна блокада побара да проработи комбинатот

Вработените во комбинатот „Југохром“ денеска точно напладне излегоа на протест во Скопје и еден час ја блокираа крстосницата пред Судска палата. Тие бараат да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес. Во моментов, вработените од „Југохром“...

Вработените од „Југохром“ во 12 часот ќе блокираат кај Судска палата

Синдикатот на вработените на комбинатот „Југохром“ денеска ќе организира уште еден протестен собир поради, како што велат, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Мирниот протест ќе се одржи во Скопје, каде вработените еден час ќе ја блокираат крстосницата пред Судска палата. Протестот ќе почне во 12 часот. По 13 часот вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за животна средина,...

#Одговорност е да не се дозволи труењето на граѓаните

Канцерогените честички ПМ10 во воздухот во Тетово и понатаму се присутни во големи количества. Од 2009 година, Тетово и околните села дишат загаден воздух, во кој нивото на ПМ-честичките неколкупати ја надминува дозволената граница. Само во 2015 година, во Тетово воздухот беше загаден дури 260 дена. За загадениот воздух во Тетово, граѓаните, меѓу другите, ја обвинуваат и фабриката „Југохром“ и...

Пак дишеме отров, сите мерни станици покажуваат дека воздухот е загаден

Со заладувањето на времето и со почетокот на грејната сезона, се зголеми и загадувањето на воздухот и се намножија канцерогените честички што ги вдишуваме. Утринава сите мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваа средно или високо ниво на концентрација на канцерогените ПМ10-честички во воздухот. Високо ниво на загадување бележат мерните станици Ректорат и Миладиновци, а средно ниво на загаденост...

Манчевски: Прв чекор за намалување на загадувањето е смената на власта

Наместо краткорочни и ненавремени мерки, потребен е сериозен пристап во решавање на проблемот со загадување на воздухот, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Манчевски вели дека СДСМ ќе го врати зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторно и урбанистичко планирање, а гасификацијата на Скопје ќе биде нивниот стратешки проект. - Во сообраќајот ќе...

Теута Арифи ќе побара Владата зимава да го затвори „Југохром“

Ако комбинатот „Југохром“ не постави филтри, тогаш зимава треба да биде затворен. Вакво барање до Владата ќе достави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според неа, неработењето на комбинатот драстично ќе придонесе во воздухот да се намали концентрацијата на честичките штетни по здравјето на тетовци. - Ќе побараме „Југохорм“ да не работи до март 2017 година, ако не постави филтри. Така...

Во Тетово и во Лисиче вчера и денеска екстремно загадено

Многу високо ниво на аерозагадуваење утринава е измерено во скопските населби Центар и Карпош и во Тетово. Високо ниво на концентрација на канцерогените честички ПМ10 измерено е во Лисиче, Гази Баба, Битола и во Кичево. Средно ниво на аерозагадување забележано е во Миладиновце, Велес и во Кочани. Синоќа концентрацијата на честичките ПМ10 во Лисиче достигна 850 микрограми на еден кубен метар, што е...

Утрово најзагадено во Центар, Битола и Тетово

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во скопската општина Центар, во Битола и во Тетово покажуваат многу високо ниво на загадување на воздухот. Во Лисиче, Гази Баба, Ректорат, Кичево и во Велес мерните станции покажуваат високо ниво на концентрација на канцерогените честички ПМ10, а средно ниво на загаденост утринава има во Миладиновце, Кочани и во Кавадрци. Во...

Речиси сите мерни станици покажуваат многу виско ниво на аерозагадување

Многу висока концентрација на канцерогените честички ПМ10 попладнево е измерена на мерните станици во Карпош, Лисиче, Битола, Кичево, Велес, Тетово и во Кавадарци. Мерните станици во Центар, Гази Баба и во Кочани покажуваат високо ниво на аерозагадување, а во Миладиновце - средно ниво. Освен високо ниво на честичките ПМ10, во Центар и во Карпош висока концентрација имаат и честичките ПМ2,5. Во Тетово во 19 часот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...