понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: загадувачи | 13 резултати

Граѓаните кои пријавиле загадување ќе добијат извештај што преземала инспекцијата

1 февруари 2021

Пријавите на граѓаните за загадување на воздухот, водата или почвата повеќе нема да лутаат. Со новата онлајн платформа, која ја презентираа Државниот Инспекторат за животна средина и Институтот за комуникациски студии, изработена во рамките на кампањата „Разбистри сè“, претставките тие ќе одат директно до инспекторите, кои ќе можат навремено и ефикасно да постапуваат по нив. […]

Лабораторијата на МЖСПП наскоро ќе се санира, догодина стартува акредитацијата

6 декември 2019

Избрана е фирмата која треба да изврши реконструкција и санација на просториите на Централната лабораторија на Министерството за животна средина што е предуслов за да почне процесот за акредитација на лабораторијата. Фирмата „Свеан Инвест ДОО Скопје“ треба во рок од две недели, поточно до 20 декември да изврши реконструкција и адаптација на просториите на Централната […]

Мирослав Богдановски: Подгответе се, зимава ќе има високи казни за загадувачите на воздухот

5 септември 2019

Првиот човек на Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски, е на чело на сектор кој има 11 инспекции, а најчесто е во фокусот на јавноста кога таа бара акција против оние кои палат огнови на отворени површини и загадуваат. Мета разговараше со Богдановски на тема: Колку може да стори градската инспекција да се намали загадувањето […]

ДЗР контра Макрадули: Ревизорскиот наод дека индустријата загадува е точен

11 февруари 2019

Сите податоци кои се презентирани во Меѓународниот ревизорски извештај за квалитет на воздухот, кој неодамна беше објавен од страна на Државниот завод за ревизија се релевантни и се обезбедени од надлежни институции од страна на ревизорскиот тим, се вели во писмената реакција на Државниот завод за ревизија, откако „Мета“ побара коментар на изјавата на Јани Макрадули, […]

Од 8.000 до 20.000 евра казни за четири загадувачи во Скопје по вонредните контроли

8 јануари 2019

Во месец декември инспекторите за животна средина на Град Скопје извршиле осум вонредни контроли во индустриски објекти кои се под ингеренции на градот при што биле утврдени пречекорувања на емисиите на штетни гасови кај четири од нив, стои во Информацијата што ја изготви градскиот Инспекторат за активностите на инспекциите поврзани со справувањето со аерозагадувањето. Загадувачите, […]

Со два дрона, камери и со повеќе инспектори, град Скопје ќе се бори против загадувачите

15 ноември 2018

За само пет дена, откако град Скопје упати апел до граѓаните да не ги пријавуваат загадувачите на воздухот во Скопје на социјалните мрежи туку на надлежните инспекции на дежурниот телефон 193, добиени се 42 пријави од граѓани, градската комунална инспекција интервенирала по сите поединечно, при што на 10 локации кои биле на јавни површини, бил […]

Инспекторатот со дрон го снимал и следел дивото фрлање и палење отпад

1 февруари 2018

На подрачјето на Скопје состојбата со загадениот воздух е веќе под прагот на алармирање, извести Државниот инспекторат за животна средина на својата Фејсбук страница, повикувајќи се на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот од 31 јануари. „Се прекинува епизодата за надминување на прагот за алармирање за две мерни места во Скопје […]

Павле Трајанов предлага со дронови да се откриваат загадувачите на воздухот

5 јануари 2018

Демократскиот сојуз предлага со дронови да се детектираат загадувачите на воздух во Скопје и во другите градови со голема концентрација на штетни честички во воздухот, како Тетово, Куманово и Битола. Од партијата на Павле Трајанов велат дека малиот број на “еколошки инспектори” не можат да се справат со загадувачите на воздух, посебно тие што користат […]

Од големите загадувачи, инспекторите утврдиле проблеми и ја казниле само „Дрисла“

4 јануари 2018

Инцинераторот, односно направата во која гори медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ е единствениот од 15-те големи капацитети контролирани од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), за кој во последниов период се изречена казнени мерки. „Дрисла“ доби казна од 8.500 евра и обврска до средината на февруари да вгради соодветни филтри. Директорот на инспекторатот, Мирослав […]

Страна 1 од 1