среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: загадување на води | 30 резултати

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

март 9, 2023

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои […]

Наместо договор, догодина нов тендер за изградба на пречистителните станици во Битола и Тетово

декември 14, 2021

Наместо потпишување на договорите со најповолните понудувачи и почеток на изградбата, ревидирање на техничката и тендерската документација и распишување на нов меѓународен тендер. Ова е неславниот епилог од проектите за изведба на пречистителните станици за отпадни води во Битола и Тетово, за кои пролетва од централната власт беше најавено дека до крајот на 2021 година […]

Никако да започне чистењето на дивите и општинските депонии во Источниот и Североисточниот регион

ноември 14, 2021

Од март преку април до септември. Ова беа досегашните ветувања за почеток на чистењето на дивите и општинските депонии што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион. И по поминати неколку месеци, од Министерството за животна средина и просторно планирање нема прецизна информација за тоа кога официјално ќе почне затворањето на општинските депонии во […]

Лани загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина [инфографик]

септември 11, 2021

Во Македонија лани е забележано загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина. Во развиените земји, надминувањето на загадувањето се решава по принципот „загадувачот плаќа“, што повлекува со себе подмирување на трошоците за заштита на животната средина, кои треба да ги сноси правното или физичкото лице кое го врши самото загадување на почвите, водите, […]

Чистењето на расфрланиот отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе започне во септември

август 29, 2021

По неколку одложувања на почетокот на работите, во септември треба да започне чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментов се вршат подготвителните активности за расчистувањето на отпадот и рекултивација на локациите, додека целокупниот […]

ДИЖС со 20.000 евра казна за компанија што испуштила мазут во Вардар

јули 30, 2021

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. „За правното […]

Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]

јули 13, 2021

Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да […]

Две третини од фекалиите што го создаваме и понатаму завршуваат непречистени во реките и подземните води [инфографик]

јуни 27, 2021

Во 2020 година немало напредок во делот на заштитата на водите во земјава од урбаните отпадни води. Две третини од фекалиите што се создаваат во населените места и понатаму завршуваат во реките и подземните води, без притоа да се пречистат. Поголеми пречистителни станици за отпадни води минатата година не профункционираа низ градовите во земјава, па […]

Фекални и индустриски води загадиле канал за атмосферска вода во Гази Баба и Илинден

мај 31, 2021

Фекална канализација и отпадна вода од осум фирми завршувала во канал за атмосферска вода што минува низ Општините Гази Баба и Илинден. Државниот инспекторат за животна средина, заедно со локални инспектори реагирале на пријава на граѓани за непријатна миризба и обоена вода во каналот во селото Марино и откриле дека сета фекална вода, која се […]

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат [инфографик]

мај 22, 2021

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава. Овој загрижувачки […]

МВР со кривични пријави за две лица од Велешта: Узурпирале државен имот, палеле трски и го загадиле Охридското езеро

мај 20, 2021

Узурпирале државен имот, палеле трски во езерото и со насипување на градежен шут и земја ги загадиле водите на Охридското езеро. Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави против две лица од струшкото село Велешта. Тие се обвинети за кривичните дела „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“. „ОВР Струга поднесе […]

ДИЖС бара истрага за „темната супстанца“ поради која угина живиот свет во Дебарското Езеро

март 23, 2021

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својата Фејсбук страница објави дека, на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар доставил информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвикала угинување на живиот свет во езерските води. Додаваат дека, со цел навремено да се обезбеди доказен материјал, инспекторот дал насоки на […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

март 21, 2021

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и […]

Анкета на ИКС: Граѓаните свесни дека се најголем загадувач на водите, но се неинформирани за нивна заштита

јануари 11, 2021

Дури 42 отсто од испитаниците на анкетата на Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбистри сè“ сметаат дека самите тие се најголем загадувач на водите во Македонија. Една третина од анкетираните или 33 отсто сметаат дека преработувачката индустрија е најголем загадувач на водите, додека 10 отсто мислат дека тоа се рударските капацитети. Сепак, […]

Фактоје: Охридското езеро и 15 годишниот договор на Албанија со РСМ што не успеа да го запре загадувањето

декември 24, 2020

Албанскиот портал Фактоје објави опширен напис за договорот меѓу Албанија и Северна Македонија од пред 15 години, кој имаше за цел зачувување и спречување на загадувањето на водата во Охридското езеро. Истражувањето на Фактоје и набљудувањето на терен, покажа дека од албанската страна на езерото, загадувањето не е запрено. Во езерото продолжува да се влева […]

Казните за загадување на животната средина се зголемуваат до 20 пати

ноември 11, 2020

Се зголемуваат казните за загадување на животната средина. Владата на вчерашната 19-та седница усвои предлог-законско решение за измени во Законот за прекршоци со кое се зголемуваат глобите до 20 пати од сегашните, за прекршоци во областа на животната средина кои се предвидени во законите кои ја регулираат заштитата на природата, водата, воздухот, третманот на отпадот […]

За изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се заинтересирани 12 компании

октомври 2, 2020

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје заврши вчера. Од ЈП „Водовод и канализација“, како инвеститор, велат дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на капиталниот објект вреден 136 милиони евра. „Горд сум што испишуваме […]

Сè повеќе инвестиции во управувањето со отпадни води, потребни се уште за да имаме чисти води (инфографик)

септември 12, 2020

Инвестициите во управување со отпадните води во земјава постепено растат во изминативе години, но еколозите и невладините организации посочуваат дека се потребни многу повеќе во наредниот период за да имаме чисти речни и езерски води кои ќе овозможат враќање на изумрениот биодиверзитет, дозвола за капење на граѓаните и можност за наводнување на земјоделските површини. Според […]

Инспекторите сè уште не знаат кој стои зад вчерашното загадување на Вардар

јули 16, 2020

Државниот Инспекторат за животна средина сè уште нема утврдено кој е причинител на загадувањето на Вардар, кое се случи вчера, кога речните води се обоија во жолто-кафеави нијанси во близина на скопската населба Лисиче. Земените мостри од канализациониот испуст во Вардар кај мостот Близнак денес беа однесени на анализа во лабораторијата на скопското јавно претпријатие […]

Лани сме испуштиле над 70 милиони метри кубни фекалии во реките и подземните води (инфографик)

јуни 22, 2020

Процентот на непречистени отпадни води испуштени директно во водотеците, подземните води и акумулациите лани се намалил за 4,7 отсто, но оваа статистичка бројка не го менува фактот дека најголемиот дел од фекалиите во земјава и понатаму завршуваат како непречистени во нашиот воден фонд. Од вкупното количество на испуштени отпадни води во 2019 година, 67,5 отсто […]

Страна 1 од 2