fbpx
Таг: Загаден воздух

таг: Загаден воздух

На пладне протест пред Владата поради загадениот воздух

Активистите за животна средина и граѓаните денеска точна напладне, под мотото „Станете за чист воздух“ ќе протестираат пред зградата на Владата. „Протестот не е организиран од политичка партија, организиран е од граѓани, од сите нас кои дишеме загаден воздух“, се вели во повикот за протестот, споделен на „Фејсбук“. Активистите за чиста животна средина, исто така ги повикаа родителите, да...

Владата донесе серија итни мерки за заштита и намалување на загадувањето

Доколку во текот на два последователни дена концентрацијата на ПМ-10 честички надмине 200 микрограми на кубен метар воздух, и тоа на најмалку две мерни места ќе стапат на сила итни мерки. Тоа го предвидува најновата „Уредба за намалување на граничните вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци“ која е донесена на 42 седница на Владата и веќе на...

Маските за загаден воздух распродадени, во Скопје се прават листи на чекање

„Нема моментално, од понеделник може да добиеме“, „многу бргу се продаваат“, „да ве запишам на листата на чекање“, „очекуваме од среда - четврток да добиеме“. Такви одговори добивме во неколку аптеки во центарот на Скопје и во една продавница за здрава храна попладнево, прашувајќи дали има маски за загаден воздух и колку пари чинат. Кога ќе добијат пратка, аптеките многу бргу...

Утре протест пред Владата поради загадениот воздух

Поради загадениот воздух, граѓаните утре ќе протестираат пред зградата на Владата од 12 часот. На настанот, „Станете за чист воздух“, кој што е споделен на „Фејсбук“ се вели дека протестот е граѓански. „Протестот не е организиран од политичка партија, организиран е од граѓани, од сите нас кои дишеме загаден воздух“, се вели во повикот за протестот. Активистите за чиста животна средина,...

Амбасадата на САД загрижено праша: Има ли идеи за намалување на загадувањето?

Амбасадата на САД во Македонија денеска изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава. Во својата објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ од aмбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“. „Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист...

Активистите ги повикуваат родителите на бојкот на наставата, поради загадениот воздух

Активистите за чист воздух и здрава животна средина, ги повикуваат родителите да ја бојкотираат наставата во училиштата на 20 декември (среда), поради енормно загадениот возух. На Фејсбук-страницата „Бојкотирам настава“ тие велат дека, ниту еден протест до сега, не помогнал во решавање на проблемот со загаденоста, па затоа и се менува начинот на искажување на револт. „Мерните станици низ Скопје веќе две...

Шилегов: Градот Скопје ќе развива стратегија, како да се зголеми бројот на велосипедисти

Градот Скопје е домаќин на Регионалната конференција во рамки на меѓународниот проект „Одржлива урбана мобилност кај градовите од Југоисточна Европа“, на тема „Зголемување на бројот на велосипедисти во Скопје”. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека на оваа конференција ќе се дискутира за продолжување и унапредување на проектот „Скопје велосипедски град“. - Во наредните три дена, во оваа конференција ќе бидат...

Голема загаденост на воздухот во Скопје

Воздухот во Скопје и утрово беше многу загаден. Концентрациите на ПМ10-честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прoсторно планирање се движеа од 129 микрограми на еден кубен метар во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат, до 230 микрограми на еден кубен метар во Лисиче. Според мерењата во Скопје, значителна загаденост на...

Загаден воздух во сите скопски општини – во Лисиче речиси 10 пати над дозволеното

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминатите 24 часа било над дозволеното, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според мерните станици, најголема загаденост во изминатото деноноќие е забележано во Лисиче, каде вчера во 18 часот биле измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Во општина Центар, вчера во девет часот биле измерени...

Денеска ќе се одржи јавна дебата за чист воздух во МКЦ

Одбележувањето на Светската недела на вселената ќе биде финализирано со јавна дебата за загадувањето на воздухот денеска во „МКЦ – Џебно кино“ во 10 часот. Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата „НАСА дејтанаутс“ (NASA Datanauts), со чија помош оваа дебата ќе биде промовирана на глобално ниво. Целта е да се посочи како македонските граѓани се здружуваат и ја користат технологијата за...

Во Европа, 4.500 луѓе годишно умираат од издувни гасови

Истражувачите соопштија дека годишно во Европа, прерано умираат повеќе од 4.500 лица, затоа што автомобилите на дизел-горива емитуваат повеќе штетни гасови отколку што производителите тврдат, пишуваат светските медиуми. Студијата е објавена две години откако „Фолксваген“ призна дека лажел на тестовите за емисија на штетни гасови со вградување нелегален софтвер во милиони свои возила на дизел-мотори. Се проценува дека ситните честички од...

Владата ќе расправа за овластувањата на функционерите и за загадениот воздух

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледана информацијата за дискреционите овластувања на носителите на јавни функции. Ќе се разгледа и информацијата со анализа за причините и можните причинители на високо ниво на загадување на воздухот во Република Македонија во летниот период, како и точки од кои членовите на владата ќе ги добијат најновите информации...

Движење Беса: Срамот на Теута Арифи не го покриваат ни чадори

Младинскиот форум на Движењето Беса денеска во Тетово изведе герила-акција и постави чадори на дупки на улиците и на дивата депонија на влезот на Тетово. Со тоа го изразија своето негодување за владеењето на градоначалничката Теута Арифи. - Иако знаеме дека пропаднатите и срамни политики на градоначалничката на Општина Тетово, госпоѓа Теута Арифи, не може да ги покрие ништо, ние, Младинскиот...

ВМРО-ДПМНЕ: Гаснењето на депонијата нема да го реши проблемот на Струга

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и неговите коалициски партнери дека го загрозиле здравјето на граѓаните и животната средина, дозволувајќи 10 дена граѓаните на Струга да го дишат штетниот воздух. „Со самото гасење на депонијата нема да се реши овој проблем, бидејќи постои опасност повторно да се запали, а истовремено има ризик да ја контаминира земјата и подземните води кои се...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата неспособна да помогне на стружани и да ја спаси туристичката сезона

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија“, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата вели дека со неправилното постапување, се загрозува...

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има...

Активистите против новите мерки за загадениот воздух

Прагот на алармирање за ПМ10-честичките да биде поставен при достигнување на просечна вредност поголема од 70 илиграми на еден кубен метар, два дена по ред, без оглед  дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Ова е барањето што членовите на коалицијата за чист воздух „О2“ и на граѓанските здруженија „Ние сме Карпош 4“, „Воздух сега“ и...

СЗО: Загаденоста секоја година убива 540 деца во Македонија, а 1,7 милиони во светот

Загадената животната средина убива 1,7 милиони деца на возраст под пет години, покажува извештајот на Светската здравствена организација (СЗО). Во Македонија на 100.000 жители, 27 деца на возраст под пет години починале како резултат на загадената околина. Пресметано на вкупниот број жители на земјава (околу 2 милиони), тоа значи дека кај нас годишно 540 деца под пет години го губат животот поради за загадувањето. Во извештајот...

Високо ниво на загаденост на воздухот кај Ректорат, во Гази Баба и во Лисиче

Средно ниво на загадување со ПМ2,5-честички утрово во 8 часот е регистрирано на мерните станици во Центар и во Карпош, кои се единствените две мерни станици во земјава што го мерат овој загадувач. Според податоците од веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, мерната станица во Центар регистрирала околу 75 микрограми ПМ2,5-честички на еден кубен метар воздух, со...

СДСМ го прашува Трајановски зошто задоцни со бесплатниот автобуски превоз

Трајановски ќе мора да им одговори на граѓаните зошто три години не ја прифаќаше мерката што ја предложи СДСМ за бесплатен автобуски превоз, туку чекаше отровниот воздух да го загрози здравјето на граѓаните и особено здравјето на децата, реагираше СДСМ на денешната прес-конференција на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на која тој најави мерки за намалување на загадувањето. „Денешниот потег на...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...