fbpx
Таг: Загаден воздух

таг: Загаден воздух

Вонредни мерки поради загадувањето: Во Скопје паркирањето двојно поскапо, градските автобуси ќе возат бесплатно

Од 18 часот денеска превозот во Скопје во автобусите на ЈСП и на приватните превозници ќе биде бесплатен за сите граѓани, а паркирањето на паркинзите со кои управува ЈП Градски паркинг ќе поскапи двојно. Мерките ќе важат сè до надминување на сегашната ситуација со голема загаденост на воздухот, информираше Град Скопје. Градската управа ги воведе овие и други мерки откако...

Во Тетово два километра со автомобил се возат половина час (ВИДЕО)

Растојанието од два и пол километри за новогодишните празници за тетовци се претвори во 20 до 30 минути минати во автомобил, а завршувањето на овој потфат значи нови главоболки, бидејќи кога ќе стаса, започнува „борбата“ за наоѓање место за паркирање. Преоптоварениот сообраќај во Тетово го зголемува загадувањето на воздухот, бидејќи повеќето од возилата се од ниски еколошки категории и...

Возилата што помалку загадуваат ќе се увезуваат со помал данок

Прв пат се воведува данок на возила со еколошка компонента. Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог - законот за данок на моторни возила е во собраниска процедура, а ќе важи од почетокот на 2020 година, објаснија министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски пред претставниците на невладините организации,...

Поставен филтер во кочанската Paper Mill, општината најавува нови мерки против аерозагадувањето

Кочанската компанија Paper Mill (Пејпер мил) која доби забрана за работа од Државниот инспекторат за животна средина, монтираше воден филтер за собирање загадувачки супстанци и ПМ честички од отпадните гасови, кои исто така содржат и јаглерод моноксид. Филтерот е таложник со вода, низ која чадот поминува преку цевки и се враќа назад во системот, додека низ оџакот се испушта водена...

Туристичко-угостителската комора: Загадениот воздух и отпадот се огромни непријатели на туризмот

Претседателот на Туристичко-угостителската комора (ТУК) Владимир Граматиков зборувајќи за екологијата и туризмот на денешната прес-конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), истакна дека потребна е стратешка акција на сите чинители во општеството за да се подобри сликата за екологијата во земјава. „Главна тема посебно актуелна период е загадување на воздухот, а актуелен во текот на целата година е...

Контраспин: За 148 години би се вградил авто-плин во сите патнички возила кај нас

Мерката за субвенции за вградување уреди за гас на патничките возила во земјата е мерка за почит, освен ако не се има предвид дека со динамиката од 244 илјади евра за субвенции на годишно ниво, ќе бидат потребни околу 148 години за да можат сите сопственици на патнички моторни возила да си вградат уред за чисто погонско гориво. Државата и...

Владата ќе подели по 1.000 евра за инвертери на 10.000 семејства

Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за субвенционирање на високоефикасни инвертер - клима уреди за 10.000 домаќинства во Скопје, Тетово, Битола и Кичево, кои сега за греење користат печки на дрва, јаглен или нафта. Предвидени се по 1.000 евра за секое семејство. Парите за субвенциите ќе треба да ги обезбеди јавното претпријатие АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Станува...

Владата размислува субвенциите до 3.000 евра за нови автомобили да ги замени со намалување на ДДВ на 5 отсто

Министерството за економија и работната група за субвенциите за автомобили сериозно ја разгледуваат можноста наместо да доделуваат од 2.000 до 3.000 евра за носење на стариот нееколошки автомобил во отпад и набавка на нов автомобил, да го намалат ДДВ-то за увоз на нови или стари автомобили со еуро 5 и еуро 6 стандард. Со тоа целосно би отпаднала варијантата што...

Во Битола мерачите на аерозагадувањето не работат, Министерството со контрадикторни одговори за причините

Двете мерни станици кои ги мерат загадувачките ПМ10 честички во воздухот во Битола не работат - Битола 1 од 16 јуни, а Битола 2 од 18 март годинава. Според официјалниот допис од Министерството за животна средина и просторно планирање од јуни, во одговор на барањето за информација од јавен карактер од Платформата „Земи Здив“ од Битола, за причините зошто не...

Дивата депонија кај Шутка: Едни ја чистат, други ја полнат, трети ја палат – а сите се гушат

На просторот од 170.000 квадратни метри, кој се наоѓа на 5 километри од Скопје започна чистењето на досега исфрленото ѓубре, но за жал, паралелно продолжува и фрлањето отпад. Просторот за кој зборуваме е дивата депонија над населбата Шуто Оризари и селото Визбегово, која постојанo или самата се запалува или некој ја пали, а е опкружена со ниви засадени со...

Апликацијата „Мој воздух“ со нов дизајн

По речиси пет години постоење, мобилната апликација „Мој Воздух!“ денеска доби свој редизајн, со нов интерфејс. Новитет е и маскотата Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух. МојВоздух започна како иницијатива во декември 2014 година, и сега има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија, со план годинава да почне да се проширува низ...

Извештајот на ЕК порачува да се вложат повеќе пари за борба со аерозагадувањето

Државата има добри закони и стратегии од областа на заштитата на животната средина, но нема капацитети да ги примени, и тоа најмногу се чувствува кога се во прашање квалитетот на воздухот, заштита на водите, како и управувањето со отпад. Ова е еден од заклучоците поврзани со екологијата во проценката за напредокот на Република Северна Македонија, кои произлегоа од Извештајот...

Ни Институтот за јавно здравје не ги испитувал штетите од палењето на депонијата во Шутка

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) до вчера не презел мерки за испитување на штетите од загадувањето на воздухот и животната средина по палењето на депонијата во Шуто Оризари неколку пати во изминативе седници, известува „Порталб“. - Не, досега немаме реализирано никаква активност за тестирање нешто во тој регион  - вели професорот Драган Ѓорѓев од ИЈЗ. На прашањето од „Порталб“ зошто не...

Град Скопје почна со постапката за субвенции за инвертер – клима уреди

Град Скопје денеска објави јавен повик за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди. Субвенции може да се доделат само за инвертери купени од 1 јануари до 30 ноември годинава, или пак до потрошувањето на предвидените пари за субвенции. Доделувањето на парите ќе се врши по принципот „Прв дојден - прв услужен“. Од градската управа посочуваат дека давањето...

Депониите крај Вардар за некои ќар, за сите загадување: „Гориме отпад да преживееме“

Густ сив чад се назира во далечина, од правецот на дивата населба под Кале, каде се упатуваме со екипата на Градскиот инспекторат. Тоа е локацијата од каде зимава во повеќе наврати се гледаше како нешто гори, а смрдеата на изгорена гума и пластика потоа се ширеше по течението на Вардар. Во студени денови и во услови на магла, миризбата...

Скопје денеска најзагаден град во светот

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI. По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па Калкута со 166. Индексот AQI се...

Владата ја донесе програмата за намалување на аерозагадувањето

На својата редовна седница вчера, Владата ја усвоила Програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Таа се заснова на четири компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и воспоставување платформа за координација и...

Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

Поради зголеменото загадување на воздухот, зимскиот распуст на сите ученици од државните и приватните основни и средни училишта е продолжен до утре, соопшти заменик-министерот за образование Петар Атанасов. Првиот работен ден во второто полугодие ќе биде среда. Одлуката е донесена од Министерството за образование и наука во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство. -Во овој...

СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето

Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето. Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на Инфективна клиника се двајца возрасни...

Калифорнија ќе забрани продажба на не-електрични возила во 2040 година

Секое ново возило што ќе се продава во Калифорнија од 2040 година ќе мора да биде електрично, односно воопшто да не испушта загадувачки гасови и честички, пропишува новиот предлог-закон што оваа седмица влезе во процедура во парламентот на сојузната американска држава. Предвидената забрана е поднесена од пратеникот Фил Тинг од Сан Франциско и е усогласена со целта на гувернерот на...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...