fbpx
Таг: забрана

таг: забрана

Британските министри добија забрана да користат ТикТок на службените телефони

На министрите во британската влада на нивните службени телефони и уреди, од безбедносни причини им е забрането да ја користат апликацијата за видеа ТикТок која е во кинеска сопственост. Владата стравува дека кинеските власти можат да имаат пристап до чувствителни информации што се чуваат на уредите, јави Би-Би-Си. Британскиот државен секретар за дигитализација, култура, медиуми и спорт, Оливер Дауден рече...

ТикТок повторно се соочува со забрана во САД ако кинескиот удел не биде продаден

Американската влада вели дека платформата за видеа ТикТок треба да се продаде или во спротивно да се соочи со можна забрана во целата земја. Апликацијата која е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“ е обвинета дека претставува ризик за националната безбедност преку податоците собрани од милиони корисници. За барањето за промена на сопственоста прв објави „Волстрит Журнал“, додека од ТикТок...

И Канада го забрани ТикТок на уредите во сопственост на владата

Почнувајќи од денес, Канада ја забранува апликацијата за видеа ТикТок на сите уреди издадени од страна на владата, јави Би-би-си. Со оваа одлука Канада им се придружи на Соединетите Американски Држави и Европската комисија во преземањето чекори поради загриженоста околу располагањето со податоците на корисниците на апликацијата што е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“. Владиниот портпарол соопшти дека одлуката...

Франција планира да ги забрани Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 години

Француските пратеници минатата недела усвоија нацрт-закон со кој се бара платформите за социјални медиуми како Инстаграм, ТикТок и Снепчет да го блокираат пристапот за малолетници под 15 години, освен ако немаат овластување, односно дозвола од нивните родители, пренесува „Политико“. Во спротивно, технолошките гиганти ќе се соочат со казни до 1 отсто од нивните годишни глобални приходи. Техничките решенија со кои...

ChatGPT забранет од научни списанија и француски универзитет поради страв од плагијаризам

Врвниот Париски институт за политички науки (Sciences Po) одлучи да ја забрани употребата на алатката ChatGPT во функција на спречување на плагијаризмот од страна на студентите, јавува Ројтерс. Еден од најдобрите француски универзитети во петокот соопшти дека им испратиле електронска пошта на сите студенти и факултети од нивниот кампус, објавувајќи дека е забрането користењето на ChatGPT и сите други...

Пендаровски: Предложив да се забрани влез во земјава на европратеник и други лица од Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски по вчерашната, 18. седница на Советот за безбедност, која се одржала во проширен состав, соопшти дека предложил да се забрани влезот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште неколкумина бугарски националисти кои најавија дека ќе дојдат во земјава за да го одбележат роденденот на Гоце Делчев. Седницата на Советот уследи по испадот на Џамбаски на панихидата на Мара...

Забрана за влез во објекти на невакцинираните е опција само ако се влоши епидемиолошката состојба

Во постот што го рецензираме, не се наведува контекстот, дека со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка која што не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба да ја одобри Владата...

Индонезија забрани вонбрачни сексуални односи, законот важи и за странците

Парламентот на Индонезија денес го одобри новиот кривичен законик со кој се забранува секој во земјата да има секс надвор од бракот и ги ограничува политичките слободи. Новите закони нема да стапат на сила уште три години, а се очекува да има судски оспорувања, пренесе Би-Би-Си. Законот ќе стапи на сила во 2025 година. А, заменик на министерот за правосудство...

Никогаш не биле забранети обдукции на починати од ковид

Факт е дека Светската здравствена организација никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие да се прават со голема внимателност. Директорот на Институтот за судска медицина во екот...

МСНБЦ: Илон Маск го гледа Твитер како политичко оружје

Најбогатиот човек на светот Илон Маск, како нов сопственик и нов главен извршен директор на социјалната мрежа Твитер го користи овој сервис како политичко оружје, оти зад невидениот хаос што го зафати Твитер, има знаци на намера, коментира МСНБЦ. Како што пишува Зишан Алим, колумнист на оваа медиумска мрежа, по реактивирањето на Твитер профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд...

Мета факт: Исполнето е ветувањето за постепена забрана на пластичните кеси

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа на владата во периодот 2020-2024 година вети дека до 2024 година постепено ќе ја забрани употребата на пластични кеси во малопродажба во земјава. Ова владино ветување е исполнето. Имено, на 1 декември 2021 година стапи на сила одлуката за забрана за пуштање на пластични кеси на пазарот во земјава. Како што се...

ЕУ воведува забрана за продажба на нови бензински и дизел возила по 2035 година

Во земјите-членки на ЕУ во периодот по 2035 година граѓаните нема да може да набават нови возила на погон на бензин и дизел гориво. Претставниците на Европскиот парламент и Европскиот совет вчера вечер го усогласија првиот договор за етапно намалување на емисиите на стакленички гасови во делот на транспортот, кои треба до 2030 година да ги намалат штетните емисии...

Социјалната мрежа на Доналд Трамп останува забранета на „Гугл Плеј Стор“

Платформата за социјални мрежи „Truth Social“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и понатаму е недостапна на „Гугл Плеј“ – онлајн продавницата на „Гугл“, каде е забранета поради тоа што ги прекршува нејзините политики за модерирање и забрана на содржини кои вклучуваат физички закани и поттикнување насилство, пренесе „Би-би-си“. Ова значи дека корисниците со телефони со оперативен систем Андроид, кои...

По Фејсбук и Инстаграм, Ендру Тејт баниран на Јутјуб и ТикТок

Откако компанијата „Мета“ донесе одлука да го забрани инфлуенсерот Ендру Тејт од нивните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, Гугл презеде идентична акција за банирање на поранешниот кик-боксер од Јутјуб, јавува Би-би-си. Од Гугл објаснуваат дека ги избришале Јутјуб каналите на Ендру Тејт поради повеќекратно прекршување на нивните упатства за заедницата и условите за користење, вклучувајќи ја и политиката за спречување...

Се забранува извоз на брашно, пченица, пелети и огревно дрво

Забранет е извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, а укината е царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој информира дека на предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донела одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината...

ЦУК: Слободно пешачете на Водно, забрана за движење нема

Низ парк шумата Водно или низ националните паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања, информира Центарот за управување со кризи. Оттаму додаваат дека доколку граѓаните планираат да се движат низ останатите планински делови од државата, може да побараат писмено одобрение за движење во некоја од локалните подружници на ЈП Национални шуми. „Центарот...

Лавров ги обвини НАТО и ЕУ за забраната за прелет над Бугарија, Македонија и Црна Гора

Одбивањето од Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора да дозволат прелет на неговиот авион со кој денеска требаше да пристигне во официјална посета на Србија, по што таа беше откажана, за рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е прибегнување на ЕУ и НАТО кон најдолни средства за да ја спречат Србија да ги избира своите партнери. Лавров на прес-конференцијата...

Захарова за забраната за летање на Лавров: Вие сте себични!

Откако земјите околу Србија не дозволија прелети на авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да долета во Белград, тој најверојатно ќе ја откаже посетата. На забраната веднаш реагираше портпаролката на Министерството, Марија Захаровa, нагласувајќи дека Москва не е таа што ја прави новата „железна завеса“, туку дека Европа е таа што ја „оградува“ Русија...

ЕУ го објави планот за забрана на 12.000 хемикалии опасни по човекот и природата

До 12.000 најразлични супстанции би можеле да се вклучат во опсегот на новиот „патоказ за ограничувања“ на Европската Унија како најголема во историјата забрана за хемикалии, јавува весникот Гардијан. Илјадници потенцијално штетни хемикалии наскоро би можеле да бидат забранети во Европа со новите ограничувања, кои активистите ги поздравија како најсилни досега. Претходно оваа година, научниците рекоа дека хемиското загадување ја преминало...

Русија ја забрани работата на Амнести интернешенел, Хјуман рајтс воч и други меѓународни организации

Руските државни власти вчера соопштија дека ја забрануваат работата на нивната територија на 15 меѓународни организации, меѓу кои се Амнести интернешенел, Хјуман рајтс воч, фондациите „Фридрих Науман“, „Фридрих Еберт“, „Хајнрих Бел“, „Ага Кан“, „Карнеги“ и други, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик.  Ваквиот чекор на Кремљ доаѓа откако Русија на 24 февруари ја започна воената агресија врз Украина, а...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...