fbpx
Таг: Врховен суд

таг: Врховен суд

Судството добива двојно помалку средства отколку што е предвидено со закон (инфографик)

Судската власт, како еден од трите независни столба на власта во едно демократско општество, покрај извршната (владата) и законодавната (собранието), треба да има финансиска самостојност за да може да работи ефикасно и целосно независно. Износот на средствата кои македонското судство ги добива при распределбата на државниот буџет од страна на извршната власт е повеќе од двојно понизок од она што...

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 - 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори. Како што може да се види во инфографикот, во текот на 2016 година, Врховниот Суд има исполнето 55,61 отсто...

Судски совет: Нема законски услови за избор на нов претседател на Врховниот суд

Судскиот совет на Северна Македонија, речиси два месеци по разрешувањето на Јово Вангеловски, сè уште не објавил конкурс за нов претседател на Врховниот суд, пренесува „Порталб.мк“. Од 10 септември, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во земјата, и понатаму ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет смета дека сè уште нема законски услови за објавување оглас за нов претседател. „Кога ќе се...

Судскиот совет да внимава, новиот претседател на Врховен суд да учи од грешките на Вангеловски

Правните експерти очекуваат Судскиот совет конечно да се подобри, а новиот претседател на Врховниот суд, кој и да биде тоа, да не ги повтори грешките на неговиот претходник, Јово Вангеловски. Тој беше разрешен од функцијата затоа што доверената задача ја извршувал несовесно и непрофесионално, пишува Порталб.мк. -Ова е многу клучен и специфичен момент, кога треба да се покаже дека институциите...

Врховниот суд сè уште е без претседател

Фаик Арслани и понатаму останува в.д. претседател на Врховниот суд, бидејќи Судскиот совет се уште нема објавено оглас за избор на нов претседател, наместо разрешениот Јово Вангеловски, кој според решението работел несовесно и непрофесионално, пишува „Порталб.мк“. „Сè уште го немаме објавено огласот, и кога ќе се објави ќе бидете известени. Немаме законски определен рок за објавување на огласот, а до...

Милион евра во „Луи Витон“ – објавени видео и аудио снимки поврзани со случајот „Рекет“

Италијанскиот весник „Ла Верита“ (Вистината) на своето онлајн издание објави делови од видео и аудио снимки кои се поврзуваат со случајот „Рекет“ во Македонија, во кој Бојан Јовановски - „Боки 13“ и Зоран Милевски - „Кичеец“ се сомничат дека изнудувале пари за да влијаат врз случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, односно за одредена сума на пари да го...

Смешна е реакцијата на Врховниот суд, Антикорупциска има право да предупреди за судир на интереси

Смешна е реакцијата на Врховниот Суд, околу предупредувањето на Антикорупциската комисија дека постои судир на интереси ако тие самите расправаат и одлучуваат за нивното разрешување. Ова е оценка на поранешната членка на Антикорупциска Вања Михајлова, пишува „Порталб.мк“. "Законот за спречување на корупција и судир на интереси важи и за нив, а го прочитав одговорот на Врховниот суд и се шокирав. Важи...

ЗНМ бара да се повлече обвинението против Кежаровски

Откако Врховниот суд го врати предметот за новинарот Томислав Кежаровски на повторно судење, денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли, обвинението против новинарот. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно...

Антикорупциска ги проверува хидроцентралите на Анѓушев и автомобилите на Вангеловски и на Меркo

Антикорупциската комисија на денешната седница отвори три постапки за еден вицепремиер, еден градоначалник и за претседателот на Врховниот суд. Антикорупционерите отворија постапка за хидроцентралата на фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Ќе се истражува како земјиштето во Дреново завршило во нивните раце. Отворени се и...

Врховен суд го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“ – тој останува дома поради „Титаник 2“

Врховниот суд денеска донесе одлука да ја прифати жалбата на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, и да ја укине мерката куќен притвор, изречена со решение на Апелациониот суд на 28 февруари. Сепак и покрај оваа одлука, Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник...

Јовески го испрати барањето за автентично толкување до Собранието

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска до Собранието го испрати барањето за автентично толкување за член 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство. Ваквиот потег уследи откако стручниот колегиум на Јавното обвинителство на проширениот состанок пред една седмица одлучи дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста и дека ќе поднесе барање до Собранието...

Јовески: ОЈО ќе бара автентично толкување за надлежностите на СЈО

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески соопшти дека стручниот колегиум на Јавното обвинителство на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање до Собранието за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО. Кривичниот суд Скопје завчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески...

Oбвинителството на проширена седница ќе решава што понатаму со предметите на СЈО

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска свикал проширена седница на обвинителите во Јавното обвинителство, на која треба да се дискутира за побараното мислење од скопскиот Кривичен суд. Скопскиот суд побара известување кој обвинител ќе ги работи случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по мислењето од Врховен суд со кој се посочува дека СЈО повеќе од година и пол нема мандат...

Цаца – Николовска: И покрај мислењето на Врховен суд за СЈО, осомничените нема да се спасат

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, вели дека иако Врховниот суд донесе начелно правно мислење со кое се запираат истражните постапки на Специјалното јавно обвинителство, сепак осомничените нема да се спасат од кривична одговорност. Според неа правниот систем во Македонија треба да продолжи со истражните постапки на предметите кои СЈО не успеа да ги...

Дане Илиев: не е важен моделот за СЈО, туку да продолжат постапките што ги води

Не е важно во која форма ќе функционира Специјалното јавно обвинителство (СЈО), решенија има, важно е да има политичка волја да продолжат постапките што тоа ги покрена и ги презема, смета Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд. Тој оценува дека е доведено во прашање постоењето на СЈО. - Не е добро. Од неколку страни се донесоа прописи кои работата...

Јовески и Јанева разговарале за одлуката на Врховен суд, СЈО ќе продолжи „да постапува“

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска се сретнал со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, информираа преку заедничко соопштение двете обвинителства. Јовески и Јанева разговарале за одлуката донесена на вчерашната седница на Врховен суд дека СЈО не може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка после 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите...

Врховен суд: СЈО не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци

Специјалното јавно обвинителство не смеело да отвора нови случаи по истекот на „рокот на траење“ од 18 месеци, заклучи Врховниот суд. На денешната општа седница Врховниот суд утврдил вакво начелно правно мислење, по иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов. - Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите...

ОЈО Скопје ја отфрли пријавата против 10 судии за бегството на Грујевски и Бошковски

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа „Зелена лупа“ против десет судии, со која тие се товареа за злоупотреба на службената положба и овластување. „Зелена лупа“, чиј претседател е Ване Цветанов, поранешниот прв човек на Управата за спречување перење пари, поднесе кривични пријави за судиите што одлучувале за притвор...

Формирана е Комисија за пренос на техничките уреди и на документацијата од МВР–УБК во ОТА

Владата на денешната 97. седница, донесе одлука за формирање на Комисија за пренос на техничките уреди за следење на комуникации и на техничката документација од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција (ОТА). „Комисијата, составена од претставници од МВР, од ОТА, од Врховниот суд, од Јавното обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации,...

Во судовите функционирал двоен АКМИС – рачен и компјутерски

Извештајот за користењето на информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС) открива дека тој во голема мерка не функционирал, како и дека повторно во движењето на предметите решавал човечкиот фактор, открива извештајот на Работната група формирана од Министерството за правда. Актуелната министерка Рената Дескоска го објави извештајот на групата вчера и од него се гледа дека во Основен суд...

Средба Ковачевски – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, информираат од владината прес-служба. На состанокот е потврдено...