fbpx
Таг: Временска Прогноза

таг: Временска Прогноза

Времето денеска претежно сончево, со температури до 15 степени

Во Македонија времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локално зголемување на облачноста, особено во западните делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од -5 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во Скопје времето ќе биде...

Сончево време со температура до 13 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со слаб ветер од северен правец, кој интензивно ќе дува во Повардарието и на планините. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 13 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 11 Целзиусови степени.

Сончево време со температура до 12 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 12, максималната ќе се искачи до 11 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура од минус 7 до 9 Целзиусови степени.

Сончево време со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево. Во текот на денот ќе дува слаб југоисточен ветер. Температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 10 Целзиусови степени.

Стабилно и студено време

Времето денеска ќе биде стабилно и суво, а ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 11 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура од -5 до 9 Целзиусови степени.

Студено и ветровито време

Времето денеска ќе биде студено, а во текот на денешниот ден ќе дува слаб умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од -14, во раните утрински часови, до 8 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура од -6 и до 4 Целзиусови степени.

Облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд и од снег на планините. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура од 6 до 9 Целзиусови степени.

Сончево со слаб југозападен ветер

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе достигне 5 Целзиусови степени, а дневната до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со локална облачност и со максимална дневна температура до 11 Целзиусови степени.

Облачно време со врнежи од дожд и од снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Во западните планински предели се очекуваат врнежи од снег, а снежната покривка ќе достигне висина поголема и од 20 сантиметри. Во котлините се очекуваат врнежи од дожд и од снег, но со послаб интензитет. Во текот на денот ќе дува засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени. Во...

Нè очекува дожд и силен ветер

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд и на планините од снег. Особено обилни врнежите ќе бидат во јужните и во западните делови од земјава, каде локално повторно ќе наврнат повеќе од 40 литри на еден квадратен метар. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 1...

Облачно време со врнежи од дожд во ноќните часови

Времето денеска ќе биде умерено облачно во претпладневните часови. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и во јужните делови на земјата, каде се очекува да наврнат и повеќе од 40 литри дожд на еден квадратен метар. На планините се очекуваат врнежи од...

Облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската темпертатура ќе достигне 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи 10 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно време, со слаби врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне 6 Целзиусови степени.

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Утринската температура ќе достигне 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 6 до 12 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Скопје ќе биде облачно, со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне девет Целзиуови степени.

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, кои во источните делови на земјата ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува 3 Целзиусови степени, а максималната ќе се искачи до 12 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, со температура од 5 до 9 Целзиусови степени.

Облачно и магливо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла и на слаб дожд во котлините и со снег на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до третиот Целзиусов степен, а максималната ќе достигне 14 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината нè очекува слично време, со магла во претпладневните часови. Температурата ќе се...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд, особено во западниот дел од земјата. Во одделни котлини ќе има појава на малга и на ниска облачност. Дневната температура ќе се движи од 5 до 10 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, со слаба магла и со услови за повремен слаб дожд, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне 5 Целзиусови...

Денеска променливо облачно време со слаб дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, сончеви периоди ќе има во источните делови на земјата, додека во западните, синоптичарите прогонозираат услови за слаб локален дожд. Претпладнe, во одделни котлини ќе има слаба магла, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи ќе ја зафатат целата територија на земјата, но претежно ќе бидат со слаб интензитет....

Сончево време со појава на магла

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Во котлините, во претпладневните часови, се очекува појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -9 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 12 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура од -6 до 4 Целзиусови степени.

Суво и магливо време

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со локална облачност и со појава на магла во утринските часови. Ќе дува северен и северозападен ветер, а во западните делови на земјата ќе дува слаб западен и југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне 12 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со...

Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Доцна попладне е можна појава на локален дожд, кој во текот на ноќта ќе премине во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува -2 Целзиусови степени, а максималната 15 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 10 Целзиусови степени.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...