fbpx
Таг: вработени

таг: вработени

Просечната нето-плата во мај се зголемила на 31.407 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2022 година изнесува 31.407 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 109.4. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:...

Родовиот јаз владее и во ниските 4,6 отсто од вработеното младо население во земјава [Инфографик]

Во Република Северна Македонија има 104.035 работоспособно население што е на возраст од 15 до 19 години. Само 4.766 од нив, поточно само 4,6 отсто се активно вработени, а само 10,3 отсто се активни но притоа не се пријавени ниту како вработени ниту како невработени - вака изгледа табеларниот приказ на податоците од последниот попис на населението во земјава. Момчињата...

Зошто младите од генерацијата „Зед“ се чувствуваат истоштено на своите работни места?

Исцрпени и под притисок уште во најраната фаза од нивната работна кариера. Многу од младите од генерацијата „Зед“ (Gen-Z) се чувствуваат истоштени на своите работни места и дожуваат 'burn out', пишува Би-би-си во анализата на овој актуелен проблем во денешните општества. Анкетно истражување спроведено од веб-страницата за работни места Indeed покажа дека работниците од двете последни генерации - Милениумците и...

ДЗС: 451.900 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, од нив 30,3 отсто се деца до 17 години

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата во земјава во 2020 година изнесувал 451.900. Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти, што е зголемување во однос на 2019 година кога тој процент изнесувал 21,6 проценти. Стапката на сиромаштија на...

Во јавниот сектор лани работеле 132.088 лица, за околу 900 повеќе во однос на 2020

Заклучно со 31 декември 2021 година, во земјава имало вкупно 1.346 институции коишто го сочинуваат јавниот сектор, во којшто се вработени вкупно 132.088 лица. Во споредба со претходната година, лани во јавниот сектор имало за околу 900 вработени повеќе. Овие податоци денеска ги објави министерот за информатичко општество и јавна администрација, Адмирем Алити на прес-конференција на која го презентираше Годишниот...

Просечната плата во јули достигна 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од лани

Просечната нето-исплатена плата по вработен во земјава во текот на јули 2021 година изнесувала 28.540 денари и истата е за 4,8 отсто поголема во однос на истиот месец од минатата година, информира Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи првенствено на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,1 отсто),...

Просечната нето-исплатена плата во мај изнесувала 28.721 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28.721 денари и е зголемена за 8,8 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државен завод за статистика (ДЗС). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 изнесува 42.917 денари и е зголемена за 8,9 проценти во однос на истиот месец лани. „Ваквото зголемување се должи, пред...

За новинарите од Фондацијата Метаморфозис, мора да престане игнорирањето на повиците на линч, велат од ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ

ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ бараат итна реакција на МВР и на Јавното обвинителство по континуираните отворени повици за линч на новинарите и на другите вработени во Фондацијата Метаморфозис, што организирано ги шират групи и поединци на социјалните медиуми, а со тоа се нарушува и безбедноста на нашите колеги, се вели во заедничкото соопштение. „Потсетуваме дека пријави до МВР од...

Просечната нето-плата по вработен во март изнесувала 28.217 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28.217 денари и е за 6,8 проценти повисока во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 проценти), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3...

Анализа на Порталб.мк за вработеноста во администрацијата: Основците доминираат во јавните претпријатија, само 2,4 отсто се доктори на науки

Речиси половина од вработените во јавниот сектор имаат високо образoвание, а веднаш зад нив се оние со средно. Конкретно, од вкупниот број на вработени, 52.891 се со факултет, а 38.493 се со средно образование. Во јавниот сектор само 2,4 отсто има доктори на науки, додека 8,3 отсто се со основно образование. Од етничките Македонци, 46,1 отсто од вработени во...

Индустриското производство во март зголемено за 7,6 отсто, бројот на вработени намален за 3 отсто

За првпат годинава, индустриското производство во март бележи зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесувал 107.6, односно пораснал за 7,6 отсто. И покрај ваквиот раст, индексот на индустриското производство во првиот квартал годинава, во однос на периодот јануари - март 2020 година, бележи...

Бројот на вработени во јавниот сектор лани изнесувал 131.183 и е намален за 1.717 во однос на 2019

Бројот на вработени во 1.332 институции во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 изнесува 131.183 лица, истакна на денешната прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Во споредба со 2019 година, бројот на вработени во јавниот сектор бил намален за 1.717 лица. Од овој вкупен број на вработени, 19.594 се во Армијата, Министерство за внатрешни работи, Агенцијата...

Индустриското производство во февруари намалено за 12,2 отсто, бројот на вработени помал за 3,9 отсто

Ковид кризата продолжува негативно да влијае на индустријата во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 87,8, односно истото е намалено за 12,2 отсто во однос на истиот месец лани. Индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос...

Од понеделник со вакцините „АстраЗенека“ ќе се вакцинираат 4.000 полицајци, војници, пожарникари, новинари

Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, информираат од Министерство за здравство. „Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години“, соопштија од ресорот...

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 28.272 денари

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, изнесува 28.272 денари и е за 2,7 отсто повисока во однос на истиот месец лани. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак, во јануари 2021 година изнесува 42.204 денари и е за 2,7 проценти повисока во однос на истиот месец лани. „Ваквото зголемување...

ДЗС: Стапката на невработеност лани била 16,4 отсто и е за 0,9 отсто помала во однос на 2019 година

Стапката на невработеност во земјава лани се намалила на 16,4 отсто и била за 0,9 отсто помала во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на активност во 2020 година била 56,4 отсто, стапката на вработеност 47,2 отсто, додека стапката на невработеност 16,4 отсто. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека во четирите квартали од минатата година...

Анализа на Порталб: Сите параметри на едно место – економијата го допре дното, следува ли заздравување? [инфографик]

Стопена доверба на стопанствениците, пад на индустриското производство, намалување на бројот на вработени во индустријата. Статистиката ги белeжат едни од историските најлоши податоци за економијата, која во 2020 година беше во рецесија, пишува „Порталб.мк. Се ситни новата 2021 година, власта го пакува новиот пакет на антикризни мерки кои треба да помогат за опоравување на приватниот сектор. Намалената побарувачка од странство...

Обвинителство гони осум вработени во МВР за злоупотреби при издавање на возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. „Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури...

Одржан последниот јавен состанок на АВМУ за 2020 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа последниот јавен состанок за 2020 година, кој поради актуелната состојба со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. „Учесниците имаа можност да слушнат за активностите поврзани со...

Награда од 30.000 денари за 7.600 болничари, сестри, лекари што работат со ковид-пациенти

Министерот за здравство д-р Венко Филипче при денешната посета на Клиничката болница во Штип, во изјава за медиумите информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари. „Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...