fbpx
Таг: возови

таг: возови

Ковид-19 предизвика финансиски штети во транспортот и во првиот квартал од годинава

Ковид-19 пандемијата продолжува да предизвикува финансиски штети и намалување на обемот на работа на транспортот во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во превозот на патници забележано е значително намалување на нивниот број во првите три месеци од 2021 година. Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз изнесувал 580.000, во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз...

Возот „Connecting Europe Express“ есенва ќе го мине целиот континент, во Скопје доаѓа на 13 септември

Заеднички европски воз за 36 дена ќе мине низ 26 земји на континентот. Европската Комисија по прогласувањето на 2021 година за Европска година на железницата, деновиве го објави возниот ред на возот „Connecting Europe Express“. Во периодот од 2 септември до 7 октомври, возот ќе патува 20.000 километри, преминувајќи 33 гранични премини, на своето патешествие од Лисабон до Париз. Возот...

На скопската железничка станица вчера се запали локомотива од патнички воз, нема повредени

Нов инцидент во железничкиот сообраќај во земјава, по само неколку недели од излетувањето од шини на товарен воз кај кумановското село Романовце. На скопската железничка станица вчера вечер се запалила електричната локомотива од патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје. За среќа, пожарот настанал веднаш по пристигнувањето на возот на станицата, а патниците безбедно го напуштиле истиот. Нема повредени...

Франција ќе забрани домашни летови до градовите кои се меѓусебно поврзани со воз

Француските пратеници изгласаа забрана на летови во домашниот воздухопловен превоз помеѓу градови за кои патувањето може да се изврши со патнички воз во времетраење од максимум 2 и пол часа, јавува Гардијан. Како дел од мерките за заштита на животната средина и климата, на авиокомпаниите ќе им се забрани да летаат меѓу дестинациите како што се Париз-Нант, Париз-Лион и...

Патничките возови од денеска со изменет возен ред поради полицискиот час

Поради воведувањето на полициски час во земјава во периодот од 10 до 22 март, Железници на РСМ-Транспорт ги известува патниците дека ќе има изменет возен ред на патничките возови. На релацијата Скопје-Битола-Скопје, патничките возови во наредните 12 дена ќе поаѓаат од Скопје во: 6:57, 13:49 и 17:25 часот. Возовите од Битола за Скопје ќе поаѓаат во: 5:30, 12:51 и 17:45...

Откако студентите и средношколците не патуваат поради ковид-19, возовите се попразни од кога било претходно [инфографик]

Патничкиот железнички сообраќај во земјава продолжува да руши неславни историски рекорди, коишто лани беа предизвикани првенствено од ковид-19 пандемијата. Со возовите лани биле превезени скромни 253.058 патници, информираат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ-Транспорт. Од железничкиот превозник велат дека намалувањето на превезените патници во земјава е за околу 50 отсто во споредба со 2019 година, а притоа треба да се...

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 кон Бугарија и беше...

Догодина 6,5 милиони евра за патничкиот превоз, нема чаре за расипаните кинески возови

Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. Нема новини ниту во...

Ковид-19 за девет месеци донесе огромни штети во превозот на патници во земјава [инфографик]

Како последица на ковид-19 пандемијата, превозот на патници во земјава руши негативни рекорди. Авиосообраќајот, железничкиот транспорт, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз, како и јавниот превоз во градовите, бележат огромно намалување на бројот на превезени патници во првите девет месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-септември 2020 година, градско-приградскиот превоз го користеле 31.210.000 патници, а...

Ако се почитуваат мерките, ризикот од КОВИД-19 во автобус или воз е минимален

Јавниот превоз во земјава трпи сериозни штети од ковид-19 пандемијата, а веќе подолго време се посочува како ризична локација на која може да се пренесува корона вирусот меѓу граѓаните. Владата на крајот на октомври воведе мерка за ограничување на исполнетоста на возилата за превоз на патници до 50 отсто од нивниот максимален капацитет. „Мета.мк“ контактираше со дел од превозниците,...

Колку е можен слободен проток на патници и стоки во Западен Балкан без заеднички гранични премини?

Меѓу Скопје и Приштина се патувало за околу еден и пол час не само денес по новиот автопат „Арбен Џафери“, туку и во 80-тите години на минатиот век со воз. Тогашниот експресен воз „Акрополис“ во 1987 година ја минувал оваа дестинација меѓу Косово Поле и Скопје за 1 час и 29 минути, а со сите други возови меѓу главните...

Возен ред на Железници за 2021 година – возот за Белград и Солун нема да сообраќа [инфографик]

Железници на РСМ-Транспорт го изготви новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто ќе стапи на сила 13 декември годинава. Во домашниот железнички сообраќај ќе нема значајни измени во бројот на возовите што ќе сообраќаат кон Табановце, Велес, Битола, Гевгелија, Кочани и Кичево, додека во меѓународниот превоз целосно е укинат експресниот воз од Скопје за Белград и...

РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот

Од Скопје до Штип со автомобил се стасува за 45 минути по новиот автопат којшто лани беше пуштен во употреба. Наредната година ќе биде отворен целосно за сообраќај и експресниот пат Штип-Кочани, по кој меѓу главниот град и Кочани ќе може да се стигнува за помалку еден и пол час. Источниот дел од Македонија како никогаш досега се гради...

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на аеродромскиот воз влезе како проект...

Опаѓа бројот на железнички несреќи, патувањето со воз најбезбедно за граѓаните (инфографик)

И покрај финансиските потешкотии со кои се соочува железницата и долгогодишното минорно вложување во неа, возот лани бил најбезбедното превозно средство во земјава. Ниту еден загинат патник не е регистриран во билансот на железнички несреќи што се случиле во нашата земја. Во 2019 година имало вкупно 81 вонреден настан во железничкиот превоз, во кои 4 лица загинале и 15...

Железница мака мачи со сервисирањето на кинеските возови, возниот ред едвај се одржува

И покрај тоа што летово не сообраќаа брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје и експресните возови за Белград и Солун, Железници на РСМ-Транспорт едвај го одржува актуелниот возен ред со само 15 предвидени поаѓања на возови дневно од скопската железничка станица. Изминатово лето 40 дена не сообраќаше патничкиот воз меѓу Скопје и Кочани поради поправка на расипаната локомотива што го влечеше овој...

Поради корона кризата, меѓународните возови од Скопје летово воопшто не сообраќаа

Меѓународниот воз „Хелас експрес“ од Солун за Белград денеска за последен пат требаше да мине низ скопската железничка станица. Сепак, возовите за Солун и Белград од Скопје годинава воопшто не сообраќаа во летниот период. Поради тоа што корона кризата ги затвори границите со Грција и Србија, овој воз не отпатува ниту еднаш до својата крајната дестинација од почетокот на...

Српските железници и поделени во три компании направиле загуби од 100 милиони евра

Советот за борба против корупцијата во Србија со остри критики за работењето на Српските железници, кои со реформите од 2015 година се поделија на три посебни компании: „Србија карго“, „Србија воз“ и „Инфраструктура железница“. И покрај реструктурирањето на државната железница и влезот на приватни компании во товарниот железнички сообраќај, сите три компании направиле загуби од околу 100 милиони евра...

Министерот Бочварски вети дека годинава ќе се пушти во функција пругата Битола-Кременица

Извор: Facebook page of the Bitola-Kremenica Project
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Пелагонискиот регион порача дека изградената пруга Битола-Кременица годинава ќе биде ставена во функција. Тој информираше дека моментов се вршат последните тестирања на новата пруга и се очекува до крајот на годинава да се пушти во употреба железничката станица во Жабени, од што бенефит ќе има и тамошната индустриска...

Железничките станици во Тетово, Гевгелија и Скопје се реконструираат, патници на станиците нема

Трите железнички станици во Тетово, Гевгелија и Скопје годинава е предвидено да се санираат со финансиски средства обезбедени од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во Тетово во тек е темелна реконструкција на станичната зграда, со која ќе се обноват чекалната, билетарата, санитарните јазли и останатите простории во рамките на железничката станица, а предвидена е и санација...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...