недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: возен ред | 89 резултати

Корона вирусот го сопре сообраќањето на возот Скопје – Приштина

13 март 2020

Три дена по повторното воведување на брзиот воз меѓу Скопје и Приштина, косовската компанија ТРАИНКОС вчера го сопре сообраќањето на возот поради случувањата поврзани со вирусот COVID 19, информираат од Железници на РСМ – Транспорт. Прекинувањето на железничката врска меѓу Македонија и Косово е на неопределено време. По подолго време, овој воз почна да сообраќа […]

Од утре редуциран возен ред на автобусите од јавниот превоз во Скопје

11 март 2020

Градот Скопје и ЈСП ги известуваат граѓаните дека од утре, 12 март, автобусите на јавниот превоз ќе сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст. Редуцираниот возен ред се воведува согласно со актуелната состојба со корона вирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз […]

Од 9 март повторно ќе сообраќа брзиот воз меѓу Скопје и Приштина

6 март 2020

Железници на РСМ – Транспорт од 9 март повторно ќе го пушти во функција брзиот воз Скопје – Приштина – Скопје, информираат од ова железничко претпријатие. Возниот ред на возот не е променет, од Скопје ќе поаѓа во 16:10 часот, додека од Приштина ќе има поаѓање во 7:10 часот. Од железничкото претпријатие информираат дека овој […]

Лани воз користеле само 549.000 патници (инфографик)

24 февруари 2020

Идентично како и претходните две години, 2019 година ќе биде запаметена како една од годините со најлоши резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во земјава. Железници на РСМ – Транспорт лани успеало да превезе само 549.000 патници со воз на домашните и на меѓународните линии, односно за 9.000 патници повеќе во споредба со 2018 […]

Заврши распустот – ЈСП од утре ќе вози по вообичаениот возен ред

20 јануари 2020

Јавниот превоз во Скопје од утре повторно ќе функционира по вообичаениот зимски возен ред. Од ЈСП – Скопје информираат дека редукцијата на автобусите на градските и приградските линии траела во изминативе три недели, а истата завршува со крајот на ученичкиот зимски распуст и враќањето на учениците во училишните клупи. „Од утре, автоматски продолжува и важноста […]

Скопскиот јавен превоз на 1, 6 и 7 јануари по неделен зимски возен ред

30 декември 2019

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од скопскиот јавен превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот, а изменето работно време ќе има и Жичарницата на Водно, информираат од ЈСП – Скопје. Ноќните линии на 31 декември (вторник) кон 1 јануари (среда) ќе сообраќаат по возен ред како во сабота кон недела. […]

Патнички возови сѐ помалку, министерството вели секоја година давало доволно средства (инфографик)

15 декември 2019

Железници на РСМ – Транспорт догодина ќе добие 430 милиони денари за покривање на загубите од патничкиот железнички сообраќај во 2020 година, но ваквите субвенции нема да бидат единствените што ќе ги добијат за редовно сообраќање на патничките возови. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ потенцираат дека со секој ребаланс на државниот буџет […]

Железниците на Македонија и Турција разговараат за воведување воз Скопје – Солун – Истанбул

4 декември 2019

Железници на РСМ – Транспорт и Турските железници разговараат за можноста за пуштање во функција на туристички воз Истанбул – Солун – Скопје. Како што информираат од нашиот железнички оператор, директорот Орхан Муртезани разговарал за ова прашање за време на состанокот со генералниот директор на Турските железници (TCDD) на крајот од минатиот месец. Од државните […]

Полека замира железничкиот транспорт, се помалку патници со воз (инфографик)

3 декември 2019

Железници на РСМ – Транспорт во првите девет месеци од годинава успеало да превезе 401.000 патници, што е речиси истата бројка на граѓани што патувале со воз како и лани. Патничкиот железнички сообраќај е сведен на минимум, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третиот квартал од годинава со воз патувале само […]

И догодина ќе нема доволно субвенции за патничките возови

25 ноември 2019

Железници на РСМ – Транспорт догодина од државниот буџет ќе ја добие идентичната сума како и годинава за субвенционирање на патничкиот железнички сообраќај. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на минатонеделното презентирање на проектираниот буџет за ресорот транспорт за 2020 година посочи дека државната железница ќе добие 430 милиони денари (седум милиони евра) за […]

Железница предвидува два патнички воза помалку во возниот ред за 2020 година

5 ноември 2019

Наместо зголемување на бројот на патнички возови, догодина е можно да сообраќаат помалку патнички возови во земјава. Според постојниот Нацрт – возен ред за 2020 година, од 15 декември би сообраќале по два воза помалку од железничката станица Скопје. Експресниот воз „Хераклеа“ на релација Скопје – Битола – Скопје е отстранет од возниот ред за […]

За да расте бројот на патници, мора да има повеќе возови дневно (инфографик)

5 октомври 2019

Од скопската железничка станица годинава поаѓаат најмал број на патнички возови кон дестинациите во земјава и странство. Со само 16 поаѓања во едно деноноќие, урнат е рекордот на најмал број на патнички возови што поаѓале од главната железничка станица во земјава. Слична ситуација имало во 2005 година, но во тој период пругите кон Кичево и […]

Автобусите на ЈСП во понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

6 септември 2019

Од ЈСП информираат дека во понеделник, поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. „Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно […]

Мал интерес за возот кон Белград и Солун, ќе сообраќа само до 16 септември

2 септември 2019

И годинава експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и Солун ќе сообраќа само до крајот на летото. Единствената железничка врска за македонските патници кон странство ќе престане да сообраќа на 16 септември. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ велат дека возот годинава сообраќа како сезонска линија токму поради економски причини. Бројот на патници […]

Во ерата на брзи железници, возот од Скопје до Белград патува десет часа (инфографик)

1 август 2019

За да го мине растојанието меѓу Скопје и Белград, на меѓународниот воз „Хелас експрес“ денес му се потребни 9 часа и 55 минути. Во 1989 година, до истата дестинација граѓаните со воз патувале 3 часа пократко. Без границата кај Прешево и Табановце, меѓународните возови пред распадот на СФР Југославија, од Скопје до Белград патувале 6 […]

Меѓународни возови премалку, граѓаните приморани да плаќаат поскапи автобуски карти (инфографик)

3 јули 2019

Македонија е една од ретките европски земји каде меѓународниот железнички сообраќај е пред замирање. Покрај отсуството на експресни возови кон поголемите градови во текот на целата година, за граѓаните не се воведени ниту прекугранични возови кон Србија, Грција и Косово. Жителите од пограничните градови се приморани да плаќаат поскапи автобуски билети, поради фактот што националните […]

ЈСП од понеделник со летен возен ред

7 јуни 2019

Возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред, од понеделник 10 јуни информираат од ЈСП. Поради завршувањето на учебната година, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни. „ЈСП Скопје нуди […]

ЈСП со изменет возен ред за линијата 21

15 март 2019

Јавното сообраќајно претпријатие информираше дека линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови, од денеска. „Имено, во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот. Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа […]

Железничка изолација: Скопје – Блаце ни е единствениот меѓународен воз (инфографик)

22 февруари 2019

Од македонскиот главен град со воз во странство може да се патува единствено до Блаце. Брзиот воз до Приштина е единствената странска дестинација до која можат да патуваат граѓаните. Во актуелниот возен ред на Македонски железници – Транспорт е наведено дека возот кон Солун и Белград ќе сообраќа само налето. Воедно, од Железничката станица во […]

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред

21 јануари 2019

Од денеска, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст, поради кој во изминативе три недели возниот ред беше редуциран, информираат од таму. Од вчера од 12 часот користењето на јавниот превоз е бесплатно. „Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е […]

Страна 4 од 5