понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: возен ред | 89 резултати

Линијата „4“ од денеска поминува крај пазарот и црквата во Ѓорче Петров, сменети возни редови на пет линии

11 април 2022

ЈСП-Скопје соопшти дека од денеска, линијата „4“ ќе изменета траса на движење, заедно со усвоените уште четири други измени на линиите од градско-приградскиот превоз. Од денеска линијата „4“ вози по малку изменета траса, односно во правец кон Хром наместо да врти лево на кружниот тек кај Порта Влае, продолжува право покрај пазарот и потоа на […]

Молк од градските власти за идејата за воведување на градска железница во Скопје

26 март 2022

Четиридецениската идеја за воведување на градско-приградска железница како надополнување на јавниот превоз во Скопје не наидува на воодушевување кај новата градска власт. Скопскиот регион располага со 95 километри железничка пруга која што е недоволно искористена во моментов, наспроти преоптовареноста на патната инфраструктура. Уште во 1982 година, скопските градски власти пробале да го воведат јавниот превоз […]

Од денеска повторно ќе сообраќаат ноќните линии на ЈСП-Скопје

28 декември 2021

Ноќните линии во скопскиот јавен превоз се воведуваат од денеска, информираат од Град Скопје. Во ноќните часови ќе сообраќаат 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Притоа, автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секојдневно, додека преостанатите линии ќе бидат во функција во […]

Во земјава од ноќеска стапува на сила новиот возен ред на возовите

11 декември 2021

Во европските земји, како и во Македонија, од полноќ стапува на сила новиот возен ред на патничките возови. Поаѓањата и пристигнувањата на возовите може да се погледнат на веб-страницата на Јавното претпријатијатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Од скопската железничка станица од утре ќе сообраќаат по 15 пара возови дневно, а новиот возниот ред […]

Железница и догодина со идентичен возен ред, ќе нема возови за Белград и за Солун (инфографик)

1 декември 2021

Веќе трета година по ред нема промени во возниот ред на патничките возови во земјава. Железници на РСМ-Транспорт и во 2022 година ќе вози со идентичниот возен ред од годинава, така што нема да има возови кон Белград и Солун. Новиот возен ред којшто стапува на сила на 12 декември 2021 година веќе е објавен […]

Половина година не сообраќаат возовите кон Кичево, Кочани и Приштина, од Железници-Транспорт молк

12 ноември 2021

Граѓаните со месеци по социјалните мрежи реагираат за неодржување на вцртаните линии во возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт за 2021 година, а од државното железничко претпријатие молк за ваквата состојба. Од почетокот на мај годинава е укинат патничкиот воз Скопје-Кочани-Скопје, додека од крајот на мај не сообраќа ниту единствениот воз меѓу Скопје и Кичево. […]

Порталб: Од денеска започна да функционира јавниот превоз во Тетово, возењето сé уште е бесплатно

20 септември 2021

Денеска почнаа да сообраќаат редовните автобуски линии во Тетово, со распоред од понеделник до сабота, во периодот од 06 до 20 часот. Билетите сé уште не се во продажба, затоа возењето сé уште е бесплатно, но според ЈП „Тетово транспорт“ билетите ќе бидат готови набргу. Порталб.мк испрати прашања до ова претпријатие во врска со работата […]

Од утре повеќе градски автобуси во Скопје, пензионерите и понатаму не може да се возат бесплатно

31 август 2021

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје соопшти дека од утре, 1 септември, поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси на градските и приградските линии. Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на […]

Од утре јавниот превоз во Скопје ќе функционира без ограничувања, по вообичаениот возен ред

11 мај 2021

ЈСП-Скопје информира дека скопскиот јавен превоз од утре (12 мај) ќе сообраќа без временски ограничувања, по вообичаениот возен ред на градско-приградските линии што е достапен на веб-страницата на ЈСП. Воедно, од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено. „Посочениот режим е согласно денешната одлука на Влада на РСМ, […]

Со градска железница, би се патувало барем двојно побрзо во споредба со автобус во Скопскиот регион [инфографик]

7 април 2021

Доколку во Скопје би постоела градско-приградска железница како средство за масовен превоз на патници, тогаш времето за патување до приградските населби околу главниот град би се скратило барем за половина во споредба со постојното времетраење на патувањата со градско-приградските линии на ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници. Споредбата на возните редови на ЈСП-Скопје и на Железници […]

Поради полицискиот час, од денеска нови измени во возниот ред на патничките возови

6 април 2021

Поради воведувањето на забрана на движење на населението во периодот од 20 часот до 5 часот секојдневно од 6 до 20 април, Железници на РСМ-Транспорт направи измени во возниот ред на патничките возови што сообраќаат во земјава. Почнувајќи од денешниот ден, на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќаат единствено возовите со поаѓање од Скопје во 6:57 и […]

Јавниот превоз од денеска ќе сообраќа до 20 часот, билетарниците на ЈСП ќе работат до 18:30 часот

6 април 2021

ЈСП-Скопје информира дека од денеска, вторник, 6.04.2021 година, до вторник, 20.04.2021 година, јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП ќе работат до 18.30 часот. „Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период […]

Патничките возови од денеска со изменет возен ред поради полицискиот час

10 март 2021

Поради воведувањето на полициски час во земјава во периодот од 10 до 22 март, Железници на РСМ-Транспорт ги известува патниците дека ќе има изменет возен ред на патничките возови. На релацијата Скопје-Битола-Скопје, патничките возови во наредните 12 дена ќе поаѓаат од Скопје во: 6:57, 13:49 и 17:25 часот. Возовите од Битола за Скопје ќе поаѓаат […]

Поради полицискиот час, ЈСП ги објави последните термини на поаѓања на линиите од јавниот превоз

10 март 2021

ЈСП-Скопје информира дека од денеска, среда (10.03.2021 година) јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Владата на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22 март. Од Јавното сообраќајно претпријатие ги потсетуваат корисниците на јавниот превоз, […]

Автобусите на ЈСП за Водици ќе сообраќаат по неделен возен ред

18 јануари 2021

Утре, вторник (19.01.2021 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Како што информираат од претпријатието, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на […]

За Бадник и Божиќ, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

5 јануари 2021

Поради претстојните празници Бадник (06 јануари) и Божиќ (07 јануари), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од Град Скопје. „Утре (среда), како дежурни билетарници ќе работат тие лоцирани на Зелениот пазар и Транспортниот центар, кои ќе работат од 07 до 19 часот, додека билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 07 до […]

Јавниот превоз во Скопје од 1 до 3 јануари ќе сообраќа по неделен возен ред

30 декември 2020

Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје (ЈСП Скопје) информира дека в петок (1.01.2021 година), возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, по 6:30 часот наутро на градските линии, односно по 7 часот на приградските линии. Распоредот на првите вклучувања на сите […]

Догодина 6,5 милиони евра за патничкиот превоз, нема чаре за расипаните кинески возови

12 декември 2020

Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. […]

Возен ред на Железници за 2021 година – возот за Белград и Солун нема да сообраќа [инфографик]

13 ноември 2020

Железници на РСМ-Транспорт го изготви новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто ќе стапи на сила 13 декември годинава. Во домашниот железнички сообраќај ќе нема значајни измени во бројот на возовите што ќе сообраќаат кон Табановце, Велес, Битола, Гевгелија, Кочани и Кичево, додека во меѓународниот превоз целосно е укинат експресниот воз од […]

ЈСП вклучи повеќе автобуси на поголем дел од линиите во јавниот превоз

6 октомври 2020

ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. „Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, […]

Страна 2 од 5