fbpx
Таг: возачи

таг: возачи

Три пати зголемен бројот на сообраќајки со возачи под дејство на алкохол (инфографик)

Бројката на возачи што учествувале во сообраќајки под дејство на алкохол нагло растел во последните пет години, покажуваат статистиките на Министерството за внатрешни работи. Од 2014 до 2018, бројката на сообраќајни несреќи во земјава во кои учествувале возачи што управувале возила под дејство на алкохол, пораснал за отприлика 4,3 пати. Така, ако во 2014 година се регистрирани 86 такви случаи, веќе...

И покрај засилените контроли во Штип, се возат неисправни автобуси

Во последните неколку месеци штипската полиција врши засилени акциски контроли на автoбусите и другите возила за јавен превоз на патници, вклучувајќи ги и работничките автобуси. Полицијата последната акција ја спроведе вчера, кога во период од пет часа на технички преглед упати 93 автобуси и други возила за јавен превоз. „При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај два е утврдена...

Автобусите возат сè побрзо кон смртта

Сообраќајната несреќа кај Ласкарци, кога превртувањето на автобусот на „Дурмо Турс“ однесе 15 животи, а триесетина лица беа повредени, е најголемата автобуска несреќа во Македонија од осамостојувањето, ако не и порано. Овој настан што ја потресе земјата во поглед на бројките на загинати и повредени значително отскокнува над бројките за инциденти со автобуси од претходните години собрани на куп. Но...

ЈСП апелира граѓаните прописно да паркираат на Водно, за автобусите да можат да возат

Во пресрет на претстојниот викенд, од ЈСП апелираат граѓаните кои планираат да го посетат Водно со автомобили, да се паркираат прописно на обележаните паркинг-места, за автобусите непречено да возат до крајната станица на Средно Водно. „Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто...

Пребрзо возење и пијаните возачи се најчестите причини за сообраќајки во Полошко

На поширокото гостиврско подрачје, само во еден ден биле утврдени 35 различни видови сообраќајни прекршоци. Десет од нив биле пребрзо возење, девет возила имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека три лица управувале без положен возачки испит. Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово информираат дека токму овие прекршоци се најчестите што се откриваат годинава во Полошко,...

Возачите на камиони ќе се штитат од нелегалното уфрлување на мигранти

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата заедно со Стопанската комора на Македонија почнуваат координирана акција за сузбивање на нелегалното уфрлување на мигранти и бегалци во камионите на возачите од земјава кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, од страна на трговците со луѓе, информираат од Стопанска комора на Македонија. Целта е, како што велат, да се гарантира безбедноста на возачите,...

МВР: Вчера 10 сообраќајни незгоди и 66 казнети возачи во Скопје

Вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди, во кои кај едно лице биле констатирани тешки телесни повреди, а осум поминале со лесни повреди, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Полицијата, како што информираат од МВР, вчера издала вкупно 66 мандатни платни налози, односно казни, додека 74 возила биле подигнати од службата „пајак“. „Од преземените...

Жените во Саудиска Арабија конечно добија право да возат

Жените во Саудиска Арабија добија право да возат, што претставува пресврт во саудискиот конзервативизам. Промената се случува откако активисти бараа реформи во фундаменталистичкото кралство. Кралот Салман го воведе новитетот со кралскиот декрет што беше донесен синоќа, барајќи издавање возачки дозволи за жени кои сакаат да возат. Претходно овој месец, саудиски имам проповедаше дека на жените не треба да им биде дозволено...

Дубаи тестира такси без возачи

Во Дубаи денеска беше направен првиот тест на електрично такси-возило без возач, со што градот би бил пионер во областа на футиристичкиот транспорт. Агенцијата за сообраќај соопшти дека во првото пробно возење немало патници. Користениот прототип бил дело на германска иновациска компанија. Со него може да се вози со максимална брзина од 100 километри нас, а во него може да собере две лица. Властите...

Возачи од албанското МНР биле приведени од грчката полиција

Двајца возачи од албанското министерство за надворешни работи беа сопрени од грчката полиција во Јанина, поради пренесување книги на албански јазик. Тие биле задржани во полициската станица неколку часа, по што биле пуштени, известува дописникот на „Мета“ од Тирана. Наводно, возачите биле обвинети за пренесување вознемирувачки пропаганден материјал. Според други извори, пак, книгите на албански, всушност, биле наменети за образовни цели, поточно...

Откриени 39 мигранти во напуштено комби во Куманово

Полициска патрола вчераутро во населбата Доброшане, Кумановско, во напуштено комби пронашла 39 мигранти, од кои 21 биле малолетници, информираат од МВР. Како што информираат оттаму, вчера околу 3 часот, сообраќајна патрола на кумановската полиција, кај обиколницата Куманово - Свети Николе, забележала товарно возило, марка „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, кое било придружувано од две возила, марка „ауди а3“ и...

Скопјанец и државјанин на Србија фатени при транспорт на 34 мигранти

Полициски екипи, вчера, во два одвоени случаи откриле поголема група на илегални мигранти, кои биле превезувани со возила, што ги управувале жител на Скопје и државјанин на Србија. Во едниот случај, како што информираат од МВР, полициска екипа, вчера околу 5 часот, во возило, марка „цитроен“, со штипски регистарски ознаки, затекнала 10 мигранти, од кои девет биле со потекло...

Бегалците од Идомени повторно го блокираа автопатот Солун – Евзони

Бегалците од Идомени започнаа нов протест и блокада на автопатот Солун - Евзони кон македонско-грчката граница, јавува грчката телевизија „Мега“. Според телевизијата неколку стотици бегалци се распоредени на двете страни на автопатот и покрај сите мали патчиња кои водат кон автопатот со цел да не дозволат пристап на возилата. Утринава на автопатот немало проблеми и македонските граѓани кои патуваат...

Бугарите ја блокираа бугарско-грчката граница

Возачите на камиони во Бугарија денеска на најголемиот граничен премин Кулата-Промахон, го блокирале граничниот преминот со Грција за сите возила, како реакција на блокадата на овој премин од грчките земјоделци, кои веќе осум дена не дозволуваат возачите да ја поминат границата. На граничниот премин Кулата-Промахом е формирана колона на камиони долга околу 30 километри. Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека е...

Отежнат сообраќајот на патот Маврово – Дебар

На патниот правец Маврово – Дебар, помеѓу селата Јанче и Ростуше, кај Алиеви чешми, поради поројни дождови има наноси на патот. Моментално сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување и на нормализирање на сообраќајот. Учесниците во сообраќајот се замолуваат за крајно внимателно управување со возилата и за прилагодување на брзината на условите на...

Сообраќајни контроли во Куманово: Од 80 казнати возачи, 50 биле пијани

Од 80 прекршоци, колку што констатирала полицијата за време на контролите што викендов биле спроведни на подрачјето на СВР Куманово, повеќе од половината биле за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР. „Од извршената контрола констатирани се 80 прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Закон за возила. Загрижувачки е податокот дека најголемиот број на прекршоци се...

Користењето сигурносен појас во возило се зголемило за 14 отсто

За два месеци, од почетокот на кампањата за безбедност во сообраќајот, употребата на сигурносен појас во возило се зголемила за 14 отсто, покажале резултатите од истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Како што соопшти професорот Миле Димитровски од РСБСП, истражувањето е правено по општини и општа оценка е дека на целата територија на Скопје има...

За една недела фатени повеќе од 80 пијани возачи во Битола, Тетово и во Штип

Полициски службеници од СВР- Битола, во текот на минатата недела регистрирале 495 прекршоци на Законот за безбедност на сообраќајот. Како што се наведува во соопштението, во 25 од случаите е констатирано присуство на алкохол кај возачите, констатирани се 57 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 96 возачи управувале возила со поголема брзина од дозволеното, констатирани се технички неисправности кај 28...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...