fbpx
Таг: возач

таг: возач

Ослободен возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“

Пуштен е на слобода возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“ кој што беше приведен синоќа. Тој бил приведен поради кривично дело „оштетување на туѓи предмети“, а при претресот во комбето во полициската станица „Пролет“ биле пронајдени пакети со неотпакувана боја, водени детски пушки, и валјаци. Сето тоа било запленето, информираше неговиот адвокат. Возачот беше приведен по завршувањето на синоќешниот протест, во близина на Градска болница...

Во „лада нива“ откриени 12 мигранти, возачот побегнал

Полициска патрола синоќа, околу 23.50 часот, на регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода во возило, марка „лада нива“ пронашла 12 мигранти кои илегално влегле на територијата на државата. Според МВР, при контролата на возилото, кое било без регистарски ознаки, полицајците откриле 11 мигранти од Сирија и еден од Ирак, додека возачот успеал да побегне. При прегледот на возилото, биле откриени гевгелиски...

Во камион откриени 31 мигрант, возачот во бегство

Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднел кривична пријава против 21-годишниот Д.И. од Велес, осомничен за криумчарење на мигранти, информираат од МВР. Според полицијата, завчера мешовит патролен тип на автопатот меѓу селата Прдејци и Смоквица, забележал товарно возило марка „рено“, чиј возач, при обидот на полицајците да извршат контрола, успеал да побегне. При прегледот на товарното возило, полицајците откриле 31 мигрант,...

Черепот најден близу Стража му припаѓа на поранешниот возач на ректорот на ДУТ

Черепот што беше пронајден пред еден месец близу превојот Стража му припаѓа на гостиварецот Насер Селмани, кој се водеше како исчезнат пет години. Јавното обвинителство денеска информираше за извршената ДНК-анализа. - Резултатот со веројатност од 99,9 проценти укажува дека пронајдениот череп му припаѓа на лицето Насер Селмани од Гостивар, возач на ректорот на Државниот универзитет во Тетово - стои во...

Возач на автобус шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид

Возач на македонски автобус, кој сообраќал на релација Хамбург - Охрид, шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид. Царинската управа на Македонија, на граничниот премин Табановце, во два непријавени куфери, сопственост на возачот – македонски државјанин, открила и  запленила 2.655 парчиња разни таблети. Стоката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Откриени 12 илегални мигранти на патот Демир Капија – Неготино

Дванаесет илегални мигранти утрово биле откриени од полицијата на регионалниот пат Демир Капија - Неготино. Мигрантите, од кои 11 биле од Авганистан и еден од Пакистан, се превезувале со возило, марка „фолксваген пасат“, чиј возач успеал да ѝ побегне на полицијата. „На регионалниот пат Демир Капија - Неготино, полициски службеници забележале патничко возило „фолксваген пасат“, кое во близина на село...

Во комби пронајдени тројца мигранти од Авганистан, полицијата трага по возачот

Екипа на неготинската сообраќајна полиција вчераноќ кај тунелите во Демир Капија запрела возило во кое, засега непознато лице превезувало тројца мигранти од Авганистан. Како што информираат од МВР, возачот на комбито, марка „мерцедес“, со бугарска национална ознака, не застанал на знакот на полициските службеници и продолжил со движењето, а по околу 500 метри го запрел возилото и се дал во...

Во автомобил откриени осум мигранти од Иран, полицијата трага по возачот

Вчера полицијата регистрирала нов случај на шверц на мигранти, откако при контрола на автомобил открила осум државјани на Иран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, вчераноќ, околу 1 часот, на автопатот Гевгелија - Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, полициски службеници се обиделе да запрат возило, марка „мазда 323“, кое не застанало. Полицајците веднаш тргнале по...

Откриени два нови случаи на шверц на мигранти

Вчеравечер, околу 19 часот, на регионалниот пат Богданци - Дојран, мешовита полициска патрола октрила два случаи на шверц на мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во првиот случај, според полициските информации, во возило, марка „фолксваген венто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот М.С. од селото Кучица, биле пронајдени шест илегални мигранти. Мигрантите и возачот биле приведени во полициската...

Кривична за возачот на камионот со мигранти откриен на стариот пат Скопје – Куманово

Секторот за внатрешни работи Куманово го сомничи 25-годишниот М.М. од велешкото село Сливник, дека го управувал камионот во кој во петокот минатата недела беа откриени 33 мигранти, на стариот пат Скопје - Куманово. Како што информираат од МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти. Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека камионот, марка „мерцедес“, во кој биле...

Откриени тројца мигранти од Палестина по сообраќајка на патот Гевгелија – Негорци

Тројца економски мигранти од Палестина биле повредени во сообраќајна незгода што вчера, околу 10.30 часот, се случила на регионалниот пат Гевгелија - Негорци, кога автомобилот, со кој нелегално биле превезувани, излетал од патот. Како што информираат од МВР, возачот на автомобилот „опел тигра“, И.Ѓ.(25) од Гевгелија, не бил пронајден на местото на несреќата. Мигрантите, пак, биле пронајдени во општата болница...

Инцидентот во Лас Вегас не е терористички напад

Несреќатa во Лас Вегас, во која автомобил налетал на минувачи во централното шеталиште во градот, не е терористички напад, соопшти денеска полицијата. Во несреќата најмалку едно лице загина, а 37 се повредени. - Не станува збор за тероризам, тоа е исклучено – рече заменик-началникот на полицијата, Берт Зимерман, додавајќи дека возачот, можеби, намерно налетал на минувачите. Очевидците велат дека зад воланот била...

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во автомобил во Валандовско

Тринаесет мигранти, со потекло од Ирак, во вторникот вечерта биле откриени како се превезуваат во автомобил, чиј возач побегнал откако полицијата се обидела да го запре возилото. Како што информираат од МВР, случајот бил регистриран во вторникот, околу 20 часот, на локалниот пат меѓу селата Марвинци и Удово, кога полициска екипа се обидела да запре автомобил, марка „мерцедес“. И покрај...

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод - Самоков, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал починатиот Драгомир С., и возило...

Куќен притвор за возачот на камионот што го усмрти девојчето во Влае

„По добиената кривична пријава против возачот на камионот што вчера удри во 11-годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денеска надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки за претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен...

Битолчанец доживеал потрес на мозокот по сообраќајка со бугарски дипломат

Политрауми на главата и фрактура на потколеницата, се последиците кај битолчанецот роден 1929 година, кој синоќа бил прегазен од автомобил на бугарскиот конзулат во Битола. Со возилото управувал Бугарин со дипломатски пасош. Според портпаролката на битолската клиничка болница, Јагода Стојановска, пацинетот е хоспитализиран на одделот на неврохирургија со тешки телесни повреди, но надвор од животна опасност. - Заради повредите на главата...

Возач загина во сообраќајка на патот Кичево – Демир Хисар

Четириесет и двегодишен возач го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово, околу 7 часот, се случила на регионалниот пат Кичево - Демир Хисар, кај местото Зли дол, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во сообраќајката учествувале камiон влекач со полуприколка, со битолски регистарски ознаки, и комби, марка „цитроен џамбо“, со прилепски регистарски ознаки. Во незгодата на самото место починал возачот...

Поднесен обвинителен предлог за сообраќајката што во мај се случи кај патарината Градско

Основното јавно обвинителство Велес ја завршило истражната постапка за сообраќајната несреќа што во мај годинава се случи кај патарината Градско и до судот поднела обвинителен предлог против едно лице, кое се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици, соопшти Јавното обвинителство. Во сообраќајната несреќа, која се случи на 26 мај, загинаа сопругата и...

Струмичанец нелегално превезувал мигранти

Триесети и двегодишен струмичанец вчера бил приведен во Гевгелија откако бил затекнат од полицијата како со возило нелегално превезува мигранти, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, нивна екипа околу 14 часот извршила контрола на возило, марка „пежо“, кое било паркирано на улицата Борис Кидриќ, пред полициската станица за граничен надзор на преминот Богородица. Возачот С.Д.М. (32) од Струмица, како...

Возач загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Четириесет и тригодишен жител на селото Издеглавје го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид - Кичево. Како што информираат од полицијата, Лазо Н.(43), кој управувал автомобил, марка „застава 101“, во еден момент изгубил контрола над возилото и првин преминал на левата страна од коловозот, а потоа удрил во бетонски sид од шахта...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...