fbpx
Таг: вонредни мерки

таг: вонредни мерки

Во изминатото деноноќие 27 лица не го почитувале полицискиот час, 18 се приведени

Во текот на изминатото деноноќие, 27 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи. Исто така, на 44 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 потпишале изјави за самоизолација. Полициските службеници извршиле контроли кај лицата во изолација и...

Макрадули: Дел од актуелните мерки мора да станат наше секојдневие

Пост-ковид периодот треба да има три клучни компоненти; зајакнување на јавното здравство, економско опоравување и справување со климатските промени, напиша на својот Фејсбук профил, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, по вчерашната видео средба во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Еко-свест, Центарот за истражување и информирање за животна средина. „Дел од мерките за...

Спасовски: По првомајските празници враќање на животот во нормала

Премиерот Оливер Спасовски, најави почеток на враќање на процесот во нормала кој се очекува да започне по првомајските празници. Како што напиша тој, во подготовска е сериозен план. „Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш“ - пишува во објавата на Спасовски. https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.261906130653684/1557267831117501/?type=3&theater

СЗО: Земјите што ќе ги укинуваат мерките да се подготват за нови случаи на заболени

На виртуелна средба со министрите за здравство на земјите-членки на Г20, директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека го охрабрува фактот што некои земји планираат да ги олеснат социјалните ограничувања, но дека тоа треба да биде спроведено во фази. „Укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата во ниту една земја, туку само почеток на...

Во Данска повторно се отвораат училиштата, но под строги услови

Данска почна делумно да ги отвора училиштата, но под услов учениците да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање и хигиена. Наставата ќе се одвива само за децата до петто одделение под строги правила: постојано миење раце, растојание меѓу клупите од два метра, мали групи на ученици во еден клас и, ако дозволуваат условите, што повеќе настава на отворено. Данската премиерка...

Невладините бараат владата да обезбеди услови за ромската заедница во време на пандемија

По повод Денот на Ромите (8 април) државни функционери и институции им го честитаа празникот на своите сограѓани Роми. Но, невладиниот сектор не ги заборави проблемите со кои се соочува ромската заедница, а се таложат веќе со години. Од Институтот за истражување и анализа на политики – „Ромалитико“ велат дека според нивните сознанија од терен генерално ромската заедница е запознаена...

МИОА ќе ги издава дозволите за активистите да можат по два часа дневно да се грижат за бездомните животни

До утре, 12 часот, сите регистрирани друштва за заштита на правата на животните може да достават пополнет образец за пет членови од здружението кои ќе се грижат за бедзомните животни во текот на продолжениот викенд за кога е предвиден полициски час од петок попладне до вторник наутро. Активистите ќе добијат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење да...

Маалски концерт на „Lepi Xhoni“ од „The John“ на покривот на Домот на градежници (видео)

Денеска, од 18 до 19 часот се одржа првиот од најавените „Маалски концерти“ во Скопје. Младиот скопски музичар и некогашен фронтмен на бендот The John, Lepi Xhoni, одржа едночасовен соло концерт за станарите од Градскиот ѕид. https://www.youtube.com/watch?v=9R-YNTsyn7U Концертот се стримаше во живо на фејсбук-страницата на Град Скопје и на официјалниот јутјуб-канал на Град Скопје. „За два дена, повеќе од 100 апликации од...

Хелсиншки комитет: За две недели прекршени им се правата на 363 работници

До Хелсиншкиот комитет, во периодот од 1 до 14 април, пријавени се 56 случаи за прекршување на правата кои опфаќаат вкупно 363 работници. За време на корона кризата, најголем дел од прекршувањата (16) се однесуваат на принудно спогодбено раскинување на договорот за вработување, со кои се засегнати 264 работници. По 9 пријави има за отпуштања од работа и намалување или неисплатена...

Папата Франциск предупреди дека жените се изложени на опасност од семејно насилство

Поради мерките за ограничено движење во време на пандемија, жените се изложени на опасност од семејно насилство, посочи Папата Франциск, поглаварот на Римокатоличката црква. Тој повика и на молитва за жените. „Во овие моменти жените имаат ризик да бидат изложени на насилство заради коегзистенција за што носат преголем товар“, додаде тој. „Мета.мк“ претходно пишуваше за опасноста од ризикот да се зголемат...

Дејвид Набаро: Употребата на маски ќе стане ново правило во секојдневието

Експертот на СЗО, Дејвид Набаро предупредува дека новиот корона вирус нема да исчезне бргу. Со оглед на тоа што новиот корона вирус ќе биде присутен уште некое време, луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, оцени тој. Во разговор за радио Би-би-си тој вели дека општествата мора да се приспособат и „да научат да живеат со новата реалност“. „Овој вирус...

Австралиски министер си поднесе оставка откако ја прекрши забраната за патување

Викендов уште еден државен функционер во светот си поднесе оставка поради корона кризата. Министерот за култура во австралиската држава Нов Јужен Велс, Дон Харвин, изминатиов викенд се повлече од функцијата, откако беше казнет со 1.000 долари поради кршење на забраната за патување. Харвин тврди дека патувањето се случило пред да стапат на сила правилата за ограничување на патувањата, но...

„Анима Мунди“ бара дозволи за активистите да се грижат за бездомните животни вон полицискиот час

Од Здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“ бараат да им се овозможат дозволи за движење на активистите кои се грижат за бездомните кучиња. „Ние ги почитуваме мерките на Мининистерството за здравство и Владата, ја разбираме сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме и во ниту еден случај не би ги нарушиле предвидените мерки и процедури, но веќе со недели...

Училиштата во Њујорк ќе останат затворени до крајот на учебната година

Според првичникот план, училиштата во Њујорк требаше да бидат повторно отворени до 20 април, сепак тоа е нереална цел бидејќи Њујорк е жариште на епидемијата во САД, информираше градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио. „Тешко ми е што морам да ви кажам дека нема да бидеме во можност да ја организираме работата во училиштата до крајот на годината, но можам...

Град Скопје со кризни мерки за културата, најавени се маалски концерти

Град Скопје ги претстави мерките со кои што излегува во пресрет на барањата на независната културна сцена. Со „Култура во време на Корона“ се предвидува пренамена на буџетските средства, одложување на неприоритетните капитални инвестиции во културата, загарантиран минимален хонорар за сите ангажирани уметници за време на кризата, како и адаптирање на културните програми на сите градски институции на новите...

Студентите имаат четири дена да ги подигнат личните работи од студентските домови

Почнувајќи од денес, студентите ќе имаат четири дена да ги посетат студентските домови со цел да ги подигнат своите лични работи, информираше директорот на Државниот студентски дом - Скопје, Дарио Николовски. Поради мерките за ограничено движење, посетите ќе се одвиваат во вторник од 12 до 16 часот, а од среда до петок во период од 9 часот изутрина до 13...

Советничката за здравство на Шкотска си даде оставка бидејќи го прекршила ограничувањето на движењето

Главната советничка за здравство на Шкотска, Кетрин Калдервуд поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничување на движењето за превенција од ширење на корона вирусот. Таа призна дека два последователни викенди престојувала во викендичка во рурално подрачје на Шкотска, што е наспроти сопствениот совет што го упати до Шкотите да останат дома. „Јас не ги следев сопствените...

Засилување на мерките против корона вирусот во Албанија, Црна Гора, Словенија…

Во Албанија се воведуваат построги мерки за справување со новиот корона вирус, па така од денеска, во терминот од 5 до 13 часот секој ден ќе се дозволува само на едно лице по домаќинство да излезе најмногу еден час од дома поради купување или вршење други неопходни работи. Излегувањето претходно ќе се најавува со СМС или онлајн. Сепак, за оние...

Хелсиншки: Нејасна е целта на полицискиот час, ако парковите и игралиштата се преполни преку ден

За Хелсиншкиот комитет за човекови права е нејасна целта на радикалната забрана за движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден и насловувањето на оваа мерка како „полициски час“, доколку во текот на денот парковите, игралиштата и другите јавни површини остануваат главни собиралишта на големи групи луѓе. „Можноста за ширење на вирусот е еднакво голема во...

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните на Србија никој не може...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...