среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: вонредна состојба | 106 резултати

ДКСК: Во криза се зголемува ризикот од корупција

април 8, 2020

Уредбите со сила на закон, кои се носат во вонредна состојба, а особено оние со кои се трошат буџетски пари или се користат донации се во фокусот на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во услови на пандемија. Комисијата соопшти дека во надзорот ќе соработува со Платформата на граѓански организации за борба […]

Oнлајн наставата – тест за дигиталната (не)писменост на наставниците, децата и родителите (2)

април 3, 2020

Секој наставник во државава, наоѓа најразлични начини да ја предаде материјата предвидена со наставната програма. Во услови на вонредна состојба, кога лекции не се предаваат во училница, наставниците се принудени да комуницираат онлајн со нивните ученици. Има наставници кои само испраќаат што треба да се учи за цела недела и потоа чекаат домашни задачи од […]

Армијата од денеска се вклучува во обезбедување на објектите од витално значење

март 23, 2020

„Припадниците на Воената полиција во Армијата на Македонија од денеска активно се вклучуваат во обезбедувањето на објектите од витално значење, меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје. Се врши реорганизација и зајакнување на обезбедувањето на резиденцијата на Претседателот, со армиско обезбедување. Обезбедувањето ќе се врши во комбинирани тимови со единиците на полицијата“, соопштија од […]

Владата ќе бара над 580 милиони евра од странски банки и фондови за справување со корона кризата

март 22, 2020

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека владата наредната недела ќе обезбеди над 580 милиони евра од странски банки, Меѓународниот монетарен фонд и од Светската банка за одржување на ликвидноста на буџетот и за гарантирање на одржувањето на работните места во земјава. Владата на вчерашната седница го усвоила планот на Министерството за финансии во делот […]

Владата донесе Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите

март 22, 2020

Предвремените парламентарни избори што беа закажани на 12 април и дефинитивно се одложени на неопределено време. Македонската влада на вчерашната седница донела уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес. „Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување […]

Десковска: Вонредната состојба не значи забрана на движење, полициски час и затворање на продавници

март 19, 2020

Министерката за правда Рената Десковска денеска појасни дека воведувањето на вонредна состојба не значи забрана на движење, полициски час и затворање на продавниците. Таа додаде дека ситуацијата не е ништо поразлична отколку претходно со кризната состојба. Ограничувањето на човековите права ќе биде минимално. „Самото прогласување на вонредна состојба, не значи ограничување на човековите права и […]

Пендаровски прогласи вонредна состојба: Ситуацијата е сложена, мoра да се држиме заедно

март 18, 2020

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска прогласи вонредна состојба откако од Собранието го доби предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба. Таа ќе трае 30 дена, период во кој Владата до претседателот ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за активностите и плановите за постапување. – […]

Владата предлага вонредна состојба во целата држава, Спасовски апелира на одговорно однесување

март 18, 2020

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пред малку соопшти дека на последната владина седница било одлучено да се предложи прогласување вонредна состојба во државата, за справување со корона вирусот. Тој неколку пати во своето обраќање кон граѓаните повтори дека секој мора многу одговорно да се однесува. – Ова што ни се случува е вонредна ситуација која бара […]

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост

јануари 28, 2020

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM-10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од владината прес – служба. Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК) за ден 27 јануари (понеделник), средно – дневните концентрации на РМ-10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 […]

Вонредни мерки поради загадувањето: Во Скопје паркирањето двојно поскапо, градските автобуси ќе возат бесплатно

јануари 27, 2020

Од 18 часот денеска превозот во Скопје во автобусите на ЈСП и на приватните превозници ќе биде бесплатен за сите граѓани, а паркирањето на паркинзите со кои управува ЈП Градски паркинг ќе поскапи двојно. Мерките ќе важат сè до надминување на сегашната ситуација со голема загаденост на воздухот, информираше Град Скопје. Градската управа ги воведе […]

Бројот на загинати од земјотресот во Албанија се искачи на 40, акцијата за спасување продолжува

ноември 28, 2019

Спасувачките тимови продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините на објектите во Албанија. Бројката за загинати лица утрово порасна на 40, а се стравува дека таа може да се зголеми со натамошното пребарување на срушените зданија во Тумане, Драч и другите албански градови, јавува Радио – телевизија Србија. Тлото во Албанија не престанува да се […]

Екологистите по средбата со Пендаровски: Граѓански протест и бојкот на избори ако не се реши загадувањето

ноември 15, 2019

Доколку не се превземат итни мерки за справување со тешката состојба во која се наоѓа животната средина во државата, ќе ги искористиме сите демократски права и средства во борбата за заштита на нашето уставно загарантирано право на здрава животна средина и покрај досегашните форми на организиран протест, блокади, ќе повикаме и на граѓанска непослушност, бојкот […]

Поларни температури од денеска, Македонија во вонредна состојба

март 1, 2018

Студен бран од портокалова фаза денеска ја зафати целата држава. Утринските температури се движеа од -18 до -9 Целзиусови степени, а дневните ќе изнесуваат од -4 до 2 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се симне до -15 Целзиусови степени, […]

Вонредна состојба на Малдиви, уапсени судии на Врховниот суд

февруари 6, 2018

Полицијата на Малдиви денеска уапсила двајца судии на Врховниот суд на земјата, јавуваат светските агенции. Апсењата следуваат неколку часа откако безбедносните сили на Малдиви влегле во зградата на Врховниот суд и била прогласена вонредна состојба во земјата. Во краткото соопштение на полицијата било наведено дека претседателот на Врховниот суд, Абдила Саид и судијата Али Хамид […]

Франција ја замени вонредната состојба со закон против тероризам

ноември 1, 2017

Во Франција денеска на сила стапи законот против тероризам што ќе ја замени вонредната состојба, која трае 719 дена. Вонредната состојба беше прогласена пред речиси две години, по нападот од 13 ноември, а законот против тероризам беше изгласан на 18 октомври годинава. Законот ѝ дава зголемени овластувања на полицијата во спроведување на истрагите, можност за затворање […]

Иванов побара повеќе пари за АРМ, Шекеринска повика на брзо зачленување во НАТО

август 18, 2017

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје вечерва се одржа централната свеченост за одбележување на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија. На свеченоста, која почна со плотуни од артилерско оружје, се обратија претседателот Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Шефот на државата во своето обраќање забележа дека армијата се ангажирала […]

Во Турција продолжена вонредната состојба уште за три месеци

јули 17, 2017

Вонредната состојба во Турција е продолжена уште за три месеци, речиси една година откако беше воведена поради обидот за државен удар кој се случи на 15 јули минатата година. Парламентот го прифати барањето на владата на Турција да се продолжи вонредната состојба воведена по неуспешниот пуч. Според соопштението на канцеларијата на премиерот Бинали Јилдрим, кабинетот побарал […]

Макрон: Наесен ќе се укине вонредната состојба

јули 3, 2017

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека наесен ќе ја укине вонредната состојба во Франција која е на сила од терористичкиот напад во земјата во ноември 2015 година. – Повторно ќе воспоставам слобода во Франција со укинување на вонредната состојба наесен затоа што тие слободи се услов за постојаност на една силна демократија – изјави Макрон. […]

Предизборен молк во Франција во пресрет на првиот круг од претседателските избори

април 22, 2017

Ноќеска на полноќ во Франција стапи на сила предизборниот молк во пресрет на утрешниот прв круг од претседателските избори во земјата. За функцијата претседател на Франција ќе се натпреваруваат 11 кандидати. Изборниот молк ќе трае до утре, до 20 часот, кога се затвораат избирачките места. Речиси 47 милиони Французи имаат право на глас на претседателските избори, […]

Во Египет прогласена тримесечна вонредна состојба

април 10, 2017

Египетскиот претседател Абдула Фатах ал Сиси прогласи тримесечна вонредна состојба по нападот на две коптски цркви, во кои загинаа 44 лица. Мерката им овозможува на властите апсење и претрес без налог. Пред самите мерки, беше потребно одобрение од парламентот. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Танта и во Александрија, кои се случија за […]

Страна 3 од 6