недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: војска | 182 резултати

Двајца полицајци се убиени во напад на полициски пункт во Каиро

август 21, 2016

Во напад на контролен полициски пункт во Каиро, убиени се двајца полицајци соопштуваат египетските медиуми. Според пишувањата, во овој напад тројца полицајци и двајца цивили се ранети. Ниту една милитантна група се уште не ја презела одговорноста за овој напад, а египетската влада наведува дека истрагата е во тек, пренесуваат медиумите. Безбедносните сили на Египет се […]

Денеска е ден на жалост во Македонија

август 8, 2016

Денеска е ден на жалост во Република Македонија. Одлуката ја донесе Владата на вчерашната вонредна седница. „Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надомест во висина од 300.000 денари за семејствата на загинатите граѓани“, се вели во соопштението […]

Ердоган со декрет ја стави војската под своја контрола

јули 31, 2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша нов претседателски декрет за воведување промени во армијата, по неуспешниот обид за државен удар извршен на 15 јули. Декретот им дава овластувања на претседателот и на премиерот да им дадат директни наредби на командантите на армија, воздухопловните сили и на морнарица. Покрај тоа, со претседателскиот декрет се затвораат неколку воени […]

Ердоган сака војската и разузнавањето да бидат под контрола на претседателот

јули 28, 2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака вооружените сили и националната разузнавачка агенција (МИТ) да бидат под контрола на претседателот, јавуваат турските медиуми. – За такво нешто се потребни уставни промени, а тоа мора да го одобри и опозицијата – рече Ердоган. Во Турција денеска е одржан состанок на Врховниот воен совет на кој се очекуваше […]

Во Турција затворени стотина медиуми

јули 28, 2016

Турските власти затворија 130 медиумски куќи, вклучувајќи три новински агенции, 16 телевизиски станици, 23 радио-станици и 45 дневни весници. Во војската отпуштени се вкупно 726 официри и 1.684 војници, а двајца турски генерали од висок ранг поднесоа оставка. Двајцата турски генерали од висок ранг денеска поднесоа оставка по масовното отпуштање во војската, јавува „Си-ен-ен Турк“. […]

Се укинува турската претседателска гарда

јули 25, 2016

Турција ќе ја распушти елитната претседателска гарда, откако околу 300 нејзини членови беа уапсени поради учество и вмешаност во неуспешниот обид за воен удар. Турскиот премиер Бинали Јилдирим, кој соопшти дека дел од војниците што ја зазедоа државната телевизија ТРТ биле припадници на претседателската гарда, рече дека властите заклучиле оти нема потреба од оваа единици, поради […]

Издадени налози за апсење на 42 новинари во Турција

јули 25, 2016

Турските власти издале налози за апсење на 42 новинари, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации на турската приватна телевизија НТВ. Според информациите, станува збор за последен случај на апсења по неуспешниот обид за државен удар во земјата пред десет дена. На листата на новинари за кои се издадени налози за апсење, според НТВ, се […]

Турскиот парламент го одобри воведувањето вонредна состојба во земјата

јули 21, 2016

Турскиот парламент одобри да се воведе тримесечна вонредна состојба во земјата и да му се дадат неограничени овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по минатонеделниот неуспешен обид за државен удар, јавуваат светските агенции. Од 550 членови на парламентот, за воведување вонредна сосојба гласале 356 пратеници, а 115 биле против. Ердоган ја соопштил одлуката на неговиот […]

Турција поведе обвиненија против 99 генерали

јули 20, 2016

Турските власти формално поднеле обвиненија против 99 генерали и околу 360 офицери поради нивната наводна улога во обидот за државен удар, соопштија денеска турските претставници. Според истите извори, уште 14 генерали ќе останат во притвор. Турските власти во последните неколку дена спроведуваат масовни смени и апсења во војската, полицијата, државите служби и во образовниот систем. […]

Уапсени 6.000 лица по обидот за пуч во Турција

јули 17, 2016

Најмалку 6.000 лица се уапсени по обидот за државен удар во Турција, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг. – Операцијата за чистење продолжува. Помеѓу уапсените има војници, офицери и судии – нагласи Боздаг. Во судирот кој изби откако војската се обиде да изведе пуч, загинаа најмалку 265 лица, а ранети се повеќе од 1.000. […]

90 загинати, 1.150 повредени и 1.563 уапсени по обидот за пуч во Турција

јули 16, 2016

Најмалку 90 лица загинаа во обидот за државен удар во Турција, а повеќе од 1.150 се повредени. Уапсени се повеќе од 1.563 војници кои учествувале во синоќешниот пуч, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен претставник на власта. Борбите продолжуваат и утринава, а силни експлозии се слушаат во Анкара и во Истанбул, додека бомба ја погоди […]

Ердоган: Државниот удар е задушен, останувам со народот

јули 16, 2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето до јавноста по обидот за државен удар од страна на војската изјави дека одговорните жестоко ќе платат. – Државниот удар е чин на предавство, но и „дар од Бога“ затоа што го организираше малцинство внатре во војската, кое сега ќе се исчисти. Организаторите ќе платат за тоа што […]

Летовите од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани

јули 16, 2016

Сите летови од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани, а според информациите на медиумите, војската ги зазела контролните кули. Во Турција вечерва дел од војската се обидува да изврши државен удар, за, како што велат, да го заштитат демократскиот поредок на државата и да ги сочуваат човековите права. "@BBCWorld: Tanks on the streets of […]

Јилдрим: Дел од војската во Турција изврши обид за државен удар

јули 15, 2016

Турската војска вечерва објавила соопштение во кое било наведено дека ја презела контролата над Турција, пренесуваат странските медиуми. „Дел од војската изврши државен удар“, изјави премиерот на Турција, Бинали Јилдрим, откако е објавено дека воени хеликоптери ниско ги надлетувале Анкара и Истанбул. https://twitter.com/lourenco_marina/status/754038272393940992 Вооружените сили на Турција соопштиле дека ја презеле власта за да го […]

Обама одобри зајакнато ангажирање на војската на САД во Авганистан

јуни 11, 2016

Претседателот на САД, Барак Обама, одобри закајнато ангажирање на американските трупи во поддршка на авганистанската војска во конфликтот со талибанците. Официјални лица од САД велат дека американските војници нема само да ги обучуваат и да ги советуваат авганистанските трупи, туку дека ќе ги следат и во операциите на терен. Со ова е проширена постоечката мисија […]

Израел привремено го забрани влезот за сите Палестинци на нејзина територија

јуни 10, 2016

Израелската војска денеска соопшти дека привремено им го забранува влезот на сите Палестинци во Израел, со што ги заостри мерките што властите ги воведоа откако вооружени напаѓачи завчера вечерта убија четири лица во Тел Авив. Портпаролката на израелската војска, пренесуваат светските агенции, изјавила дека во согласност со владините директиви и со проценката на моменталната ситуација, […]

Во поплавите во Тексас загинаа 16 лица

јуни 4, 2016

Најмалку 16 лица загинаа при поплавите што го зафатија Тексас. Американските медиуми јавија дека меѓу жрвите се и девет војници, кои загинале кога камионот со кој патувале бил одвлечен од надојдените води во близина на воената база Форт Худ. Несреќата ја преживеале тројца војници. Изминативе денови поплави зафатија повеќе региони на централниот и на јужниот […]

Ирачките сили влегоа во Фалуџа, во офанзивата против ИД

мај 30, 2016

Елитните сили на ирачката војска утрово почнале да влегуваат во градот Фалуџа, каде почнале операција за истиснување на милитантите на Исламска држава (ИД) од ова нивно упориште, кое се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, соопшти командата на операцијата. „Ирачките сили влегоа во Фалуџа со поддршка од воздух на меѓународната коалиција, како и на […]

В сабота протест на Синдикатот на одбраната

мај 16, 2016

В сабота, Синдикатот на одбраната и безбедноста ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата. Протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата, а ако не се исполнат нивните барања, ќе штрајкуваат во институциите што ги […]

Асад: Сириската војска е пред конечна победа во Алепо

мај 5, 2016

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека не може да прифати ништо друго освен целосна победа нас бунтовниците во Алепо и во другите делови во земјата, јавија државните медиуми. Во телеграмата испратена до рускиот претседател Владимир Путин, во која Асад ѝ заблагодарува на Москва за воената поддршка, сирискиот претседател истакнува дека неговата војска ја „постигнува конечната победа“ […]

Страна 5 од 9