fbpx
Таг: војна

таг: војна

Џонатан Конрикус: Мисијата е да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано во бункери

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус го опиша раководството на Хамас во и надвор од Газа како „мртовци што шетаат“. Тој објави видео на Твитер, во кое ги опишува борбите и ситуацијата на терен, пренесува „Гардијан“. „Мисијата е едноставно да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано под земја во бункери. Тоа го правиме бавно и педантно според...

Израелските војници ја опколија Газа, државниот секретар Блинкен пристигнува во Израел

Израелските трупи го зајакнаа опкружувањето на Газа, во време кога американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во Израел за да изврши притисок за хуманитарна „пауза“ во борбите со Хамас и поголема хуманитарна помош во опколената Газа, пренесува Асошиејтед Прес. Oд Белата куќа, во меѓувреме, изјавија дека сите паузирања во борбите треба да бидат привремени и локализирани, и инсистираа на тоа...

Со дезинформации од руска кујна за војните во Украина и Израел, се оцрнува Америка

Украинските власти го отфрлија тврдењето дека нивната земја го вооружува Хамас. Агенцијата за воено разузнавање на Украина во понеделникот (09.10.2023) постираше на својата официјална Фејсбук страница обвинувања дека Русија лансира дезинформациска кампања околу овие тврдења. САД продолжуваат да ја поддржуваат Украина во нивната контраофанзива, но и во спроведувањето на сите воени дејствија, што може да се види и од...

Жестоки борби во Газа, 20.000 повредени цивили оставени без адекватна помош

Израелските сили и борците на Хамас водат жестоки борби во Појасот Газа, при што Израел тврди дека го пробил одбранбениот фронт на Хамас и сега се наоѓа пред влезот на самиот град Газа, јавува Би-би-си. Хамас изминатово деноноќие истрелал противтенковски проектили, фрлал гранати и активирал експлозив против израелските сили. Израелската војска одговорила со жестоки напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и...

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во...

Германскиот министер за одбрана: Мора да бидеме спремни за одбранбена војна во Европа

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус повторно предупреди од опасноста за војна во Европа. Руската агресија врз Украина ја постави Германија пред нова реалност од која се одвикна уште пред 30 години, изјави вчера Писториус за радиото Дојчландфунк, пренесува германската новинска агенција ДПА.  „Ние психички за тоа не сме подготвени“, изјави министерот говорејќи за можниот напад од странски агресор. Но,...

Израел продолжува со нападите во Газа, спасен првиот заложник

Израелската пешадија врши напади врз милитанти и инфраструктура на Хамас во северниот дел од Појасот Газа, додека воената авијација врши воздушни напади. Понесен од првото спасување на израелски заложник што беше држан од милитантното движење, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ја отфрли идејата за примирје и вети дека ќе го уништи капацитетот на Хамас за владеење во Газа или...

Војната во Газа и жртвите од неа злоупотребени во Кју анон теориите на заговор

Објавата ја шири познатата теорија на заговор за некакви елити кои го контролираат светот, го обожуваат сатаната и тргуваат со деца кои ги убиваат за да ја пијат нивната крв, но овојпат во конспирацијата е вклучена војната во Газа. Оваа теорија на заговор особено ја форсираат поддржувачите на Кју Анон кои го величаат Трамп, а по војната во Украина и...

Шојгу: Москва е подготвена за решавање на украинската криза, но условите не се исполнети

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, зборувајќи на форумот за одбрана во Пекинг, кажа дека Москва е подготвена за разговори за постконфликтно решавање на украинската криза и за понатамошен „соживот“ со западот, но дека западните земји треба да престанат да бараат стратешки пораз на Русија. Како што пренесе „Гардијан“, условите за разговори сè уште не биле исполнети. Тој го обвини...

Израел елиминираше тројца високи оперативци на Хамас

Израелската војска соопшти дека нејзините војници и тенкови накратко влегле во северниот дел на Газа, што претставува трет израелски напад од почетокот на војната пред повеќе од две недели. Воздушните напади опустошија делови од Појасот Газа во тоа време. Во меѓувреме, висок функционер на Хамас за Асошиеjтед прес изјавил дека на палестинската милитантна група и е потребна поголема интервенција...

Израел-Хамас: Речиси секој преживеан бил сведок како умира некој друг, пред самиот да биде повреден

По предупредувањето од главната болница во Газа на југот на енклавата дека ќе престанат да се вршат интервенции поради недостиг на гориво, следуваше апелот на шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш за итен хуманитарен прекин на огнот. Потребно е примирје, рече тој пред Советот за безбедност во вторникот, за да се олесни епското страдање, да се направи испораката на помош...

Украинската одбрана ноќеска ги уништила руските дронови и ракети

Украинските одбранбени системи уништија руски дронови и ракети кои Русија ги лансирала во текот на ноќта, соопшти во понеделникот украинското воздухопловство, пренесе „Гардијан“. Воздухопловните сили, на „Телеграм“ соопштија дека биле уништени вкупно 14 напаѓачки дронови, меѓу кои 13 дронови од иранско производство, еден непознат дрон, како и една ракета. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека е „особено тешка“ ситуацијата во...

Не е вистина дека Русија не бомбардирала населени центри

Објавата што ја анализираме тврди дека Русија не бомбардирала населени места. Факт е дека Русија во неколку наврати има гаѓано населени места при што загинале стотици цивили меѓу кои жени и деца, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук која ја оправдува Руската инвазија на Украина, лажно тврдејќи дека Русија никогаш не бомбардирала...

Администрацијата на Бајден не дава воена помош за Хамас

САД и администрацијата на Бајден не го финансираат Хамас. САД испраќаат хуманитарна помош за цивилите во Газа, но таа не оди за терористичката организација која има повеќе финансиери, меѓу кои главниот е Иран. САД ја прогласи Хамас за терористичка организација и ги гони своите државјани или постојани жители кои ја финансираат оваа милитантна група, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Израел се подготвува за копнена инвазија во Газа, Нетанјаху порача: „Одиме до победа“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им соопшти на војниците собрани на границата со Газа „дека наскоро ќе ја видат палестинската енклава одвнатре“, сугерирајќи дека се приближува очекуваната копнена инвазија со цел да се уништи Хамас, пренесува Ројтерс. Израел вчера ја нападна Газа со нови воздушни напади, како одговор на нападот од 7 октомври, кога вооружени лица на Хамас убија...

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е лажно

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е неточно, имајќи предвид дека Меѓународниот кривичен суд го гони Путин за геноцид поради нелегалниот трансфер на украински деца во Русија, а декларации со кои ваквите постапки на Русија се оценуваат како геноцид усвоија и Парламентарното собрание на НАТО, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Сенатот на САД, пишува...

Зеленски: Кијив користи проектили со долг дострел обезбедени од САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека Кијив користел проектили со долг дострел на армијата за тактички ракетни системи (Аtacms) обезбедени од САД. „Денеска, посебна благодарност до Соединетите држави“, рече тој. Како што пренесува „Гардијан“, тој информирал дека договорите со американскиот претседател Џо Бајден се спроведуваат. Употребата на проектили од американската армија, ја означува првата официјално потврдена употреба во Украина, кои може...

Со старо видео лажно се тврди дека израелската армија ги евакуира борбените авиони

Видеото е снимено пред неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестина. Нашата проверка покажа дека тоа е снимено во септември, во јужниот округ на Израел и не е поврзано со последниот напад на Хамас врз Израел, како што неточно тврди објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Израелската...

Хамас не е создаден ниту од ЦИА, ниту од Мосад

Мосад не ја креираа Хамас, со оглед на тоа што во манифестот на Хамас, стои дека нивната крајна цел е да го уништат Израел како држава. Во самиот манифест пишува дека се работи за палестинско движење, исламско, кое се стреми „да го дигне знамето на Алах врз секој инч од Палестина“ (член 6), пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе важни од руската инвазија...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...