fbpx
Таг: војна

таг: војна

Зеленски бара средба со Путин, во војната до сега загинаа 90 деца

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Нашата делегација има јасна задача - да стори сѐ за да се одржи средба на двајцата претседатели“, изјави Зеленски во видео обраќање во текот на изминатата ноќ. Тој нагласи дека тоа е средба на која сите чекаат и, иако тој пат е тежок, неопходен е за да се...

Американски новинар убиен во Украина

Американски државјанин и новинар бил застрелан од руската војска во украинскиот град Ирпин, пренесува украинската државна новинска агенција „Укринформ“. Станува збор за 51- годишниот фоторепортер и новинар Брент Рено, кој има работено во неколку американски медиуми, меѓу кои и „Њујорк Тајмс“ и „Ен-Би-Си“. Веста за неговото убиство ја потврди Андриј Нибитов, шеф на националната полиција во регионот на Киев. Според неговите...

Украинското културно наследство е во опасност, предупреди УНЕСКО

Агенцијата за култура на Обединетите нации, УНЕСКО, предупреди дека главните историски знаменитости во Украина се во опасност да бидат оштетени, па дури и уништени додека Русија продолжува со својата офанзива, пишува „Јуроњуз“. УНЕСКО посочува дека намерното уништување на наследството на една земја или култура е воено злосторство и дека таргетирањето на културните места преминало во тактика на војна за оштетување...

Нападнат аеродромот во Ивано-Франковск, истрелани проектили кон Меѓународниот центар за мир и безбедност во Лавов

Инфраструктурата на аеродромот во Ивано-Франковск е речиси уништена како резултат на руското гранатирање. Утрово бил започнат третиот напад на аеродромот, објави на Фејсбук градоначалникот на Ивано-Франковск, Руслам Марцинкив, јавува „Укинформ“. Засега нема информации за жртви. Украинската државна новинска агенција јави и дека руските напаѓачи извршиле воздушен напад врз Меѓународниот центар за мир и безбедност во регионот Лавов. Оваа информација ја соопштила...

Борби во предградијата на Киев, руската војска гранатираше џамија во Мариупол

Руската војска гранатираше џамија во пристанишниот град Мариупол во која се наоѓале повеќе од 80 лица, меѓу кои и деца, соопшти денеска украинската влада. Борби се водат и во предградието на главниот град Киев, каде одекнуваа сирени за воздушен напад, објави „Асошејтед прес“. Борбите се водат во повеќе области околу градот, а артилерија го нападна северозападното предградие на Киев....

Кулеба и Лавров се договориле да продолжат да работат на решение на хуманитарната криза во Украина

По најновата рунда преговори меѓу Украина и Русија што се одржа денеска во Анталија, на иницијатива на Турција, министрите за надворешни работи на двете земји, Дмитро Кулеба и Сергеј Лавров се договориле да продолжат напорите за двете страни за решавање на хуманитарните прашања во Украина, по двонеделната руска инвазија на земјата, јави Би-Би-Си. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба...

И „Кока-Кола“, „Мекдоналдс“ и „Старбакс“ си заминуваат од Русија

Гигантите „Кока-Кола“ и „Мекдоналдс“ се приклучија на големиот број меѓународни компании што престанаа со работа во Русија поради руската инвазија на Украина, јави Би-Би-Си. На нив им се приклучи и „Старбакс“. Гигантот за брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека привремено ги затвора своите 850 ресторани во Русија, а „Старбакс“ своите стотина кафулиња. „Мекдоналдс“ во писмо од генералниот директор до вработените зборува...

Гинат цивили во хуманитарниот коридор во Мариупол, под рушевините дете починало од дехидратација

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко соопшти дека руските трупи напаѓаат хуманитарен коридор помеѓу овој град и Запорожје, кое е оддалечено 225 километри, јавува Би-би-си. Тој истакнал и дека осум камиони и 30 автобуси се на пат да му испорачаат хуманитарна помош на градот и да евакуираат цивили во Запорожје. Цивилите во Мариупол живеат без вода и струја речиси...

Зеленски: Одамна загубив интерес за НАТО, не се подготвени да ја прифатат Украина

Што се однесува до НАТО, јас одамна изгубив интерес по тоа прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Руската Федерација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизија „Еј-Би-Си ворлд њуз”, одговарајќи на прашањето дали Украина е подготвена да ги испочитува барањата на Руската...

Договорено 12-часовното примирје во Украина, сепак постои скептичност дека бегалците успешно ќе се евакуираат

Иако е договорено 12-часовно примирје во Украина и создавањето на безбедносни коридори по кои цивилите би можеле да се евакуираат, веќе се одвива, како што известува „Асошиејтед Прес“ сепак, постои скептичност од украинска страна бидејќи претходните обиди да се воспостават евакуациски коридори пропаѓаа поради нови напади. Со инвазијата на руските вооружени сили на Украина, којашто тече веќе втора седмица, руските...

Вистиномер: Бајден не вели дека ,,излезот е Трета светска војна”

Американскиот претседател, Џо Бајден, во интервјуто се осврнува на санкциите кои што САД и ги наметна на Русија, а кои, според Бајден, се неопходни за да нема Трета светска војна. Вака пренесената порака е сосема поинаква од онаа во насловот од текстот кој го рецензираме, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот на САД Џо Бајден во интервју спроведено...

Во недела протестен марш во Скопје против руската агресија во Украина

Здружението на украинците во Република Северна Македонија, „Лесја Украинка“ ги повикува граѓаните да излезат на утрешниот протест кој ќе започне во 14:00 часот со собир кај споменикот „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“.  „Ги повикуваме сите свесни граѓани да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот...

Анализа на „Порталб“: Економски последици – кризно „цунами“ од Русија, преку Украина и ЕУ до Македонија!

Пред околу 15 години Русија беше еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, со трговска размена поголема од 660 милиони евра. Петнаесеттина години подоцна – Русија е на 20. место како трговски партнер на земјава. Но, и натаму останува високата зависност на земјава од руските енергенси – од гасот кој од Русија преку Украина и европската траса завршува во...

Сведоштва од Украина: „Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас“

„Не знам како да го опишам преку зборови, не знам како да го вметнам во зборови она што го чувствуваме, она што се случува овде. Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас.“ Со овие зборови Марина Соловеи, која што во моментов се наоѓа во Киев, а инаку е поранешна учесничка на натпревари за убавина...

Пожарот во најголемата нуклеарна централа е изгаснат, Зеленски ја обвини Русија за нуклеарен тероризам

Руските сили ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа, откако зградата во комплексот беше запалена за време на интензивните борби со украинските бранители, соопштија во петокот украинските власти, пренесе Ројтерс. Стравот од потенцијална нуклеарна катастрофа во централата Запорожје ја прошири тревогата низ светските метрополи, пред властите да кажат дека пожарот во зградата идентификувана како центар за обука, бил изгаснат. Американскиот секретар...

Русија се соочува со истрага за воени злосторства, младите Руси протестираат против војната

Покрената е истрага за можни воени злосторства во Украина, откако Русија беше обвинета за бомбардирање цивили, објави Би-Би-Си. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд рече дека се собираат докази за наводни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Ваквиот потег на судот доаѓа откако 39 земји побараа да се отвори истрага. Градовите, вклучително и главниот град Киев, Харков и Херсон беа под...

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви. Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои најмалку 2 деца, јави официјалниот...

НАТО: Нема потреба да се менува нивото на нуклеарна тревога

Шефот на НАТО вели дека Алијансата не гледа потреба да го промени нивото на тревога за нуклеарно оружје, и покрај заканите на Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, зборуваше за Асошиејтед прес по разговорите за европската безбедност со полскиот претседател Анджеј Дуда, воздухопловната база во Полска, каде што се наоѓаат полските и американските борбени авиони на НАТО. „Ние секогаш ќе...

Ковачевски: Земјава е безбедна, бараме итен прекин на воените дејствија

Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот Димитар...

И ноќеска битки, досега загинале 198 Украинци, од кои 3 деца

Во руската инвазија на Украина, што започна рано утрото во четвртокот, 24 февруари, досега животите ги загубиле 198 Украинци, од кои три се деца, соопшт утрово украинскиот министер за здравство, Виктор Љашко. Во текот на изминатава ноќ се водеа борби меѓу украинските одбранбени сили и руските вооружени сили. Според украинската страна, успешно биле потиснати руски трупи кај воена база на...

Зошто младите од генерацијата „Зед“ се чувствуваат истоштено на своите работни места?

Исцрпени и под притисок уште во најраната фаза од нивната работна кариера. Многу од младите од генерацијата „Зед“ (Gen-Z) се чувствуваат истоштени на своите работни места и дожуваат 'burn...