fbpx
Таг: воени злосторства

таг: воени злосторства

Уапсени шест лица во БиХ поради воени злосторства

Полициски службеници на државната агенција за истраги и заштита (СИПА), постапувајќи по наредба на обвинителството на Босна и Херцеговина, утрово на подрачјето на општините Какањ и Илијаш уапсиле шест лица осомничени за воени злосторства, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Шесте лица, како што се наведува во соопштението на СИПА, се уапсени поради основано сомнение дека ги извршиле кривичните...

Почина Слободан Праљак откако испи отров во судницата во Хаг

Слободан Праљак, генерал на војската на босанските Хрвати во војната во БИХ во 1990-тите, почина неколку часа откако во судницата на Меѓународниот трибунал испи отров од шишенце, јавија хрватските медиуми. Праљак е познат како командантот осомничен за уривањето на стариот мост над Неретва во Мостар, кој сега е обновен. При изрекувањето на пресудата, 72-годишниот Праљак, во еден момент ја зафрли главата...

Капетан Драган осуден на 15 години затвор за воени злосторства

Драган Васиљковиќ, попознат како Капетан Драган во војната во Хрватска, кога предводеше паравоени единици, денеска во Жупанискиот суд во Сплит е прогласен за виновен за воени злосторства во Хрватска и е осуден на 15 години затвор. Делата за кои се товари се воено злосторство во тврдината во Книн во јуни и во јули 1991 година врз притворени хрватски војници, полицајци...

Лидерите на Западен Балкан на самит ќе потпишат договор за основање комисија за воени злосторства

Коалицијата за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства (РЕКОМ) направени за време на војните во поранешна Југославија од 1991 до 2001 година, ќе ги повика лидерите на Западен Балкан на самит на 12 јули во Трст да потпишат политички договор за основање на таа комисија. Основачката на Фондот за хуманитарно право, Наташа Кандиќ, вели дека...

Рамуш Харадинај на слобода, француски суд одби да го екстрадира во Србија

Судот во францускиот град Колмар утрово го одби барањето на Србија за екстрадиција на Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово и поранешен висок заповедник на ОВК. Апелацискиот суд во Колмар ја донесе конечната одлука за отфрлање на барањето на  српското јавно обвинителство, кое го товари за воени злосторства извршени во Косово на крајот на 1990-тите години. По ваквата одлука,...

Францускиот суд ја одложи одлуката за екстрадицијата на Харадинај за 27 април

Францускиот суд го одложи донесувањето на одлуката за случајот со Рамуш Харадинај за 27 април, по денешното две и полчасовно рочиште во судот во градот Колмар, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. „Дотогаш ќе почекаме уште малку. Ние сме во право и правдата ќе победи. Јас не побегнав од ничиј закон, ниту од косовскиот, ниту од меѓународниот. Српската јурисдикција...

Прекината седницата на косовското собрание поради Харадинај

Косовското собрание вечерва ја прекина седницата во знак на протест поради одлуката на францускиот суд да го одложи до 2 март одлучувањето по барањето на Србија за екстрадиција на лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Седницата била прекината на барање на шефот на пратеничката група на АБК, Пал...

Во Белград почна судењето за Сребреница

Пред одделението за воени злосторства на Високиот суд во Белград, денеска со читање на обвинението почна судењето за осумтемина обвинети за воени злосторства над цивили во селото Кравица во Босна и Херцеговина за случајот „Сребреница“. На судењето присуствуваат сите обвинeти, поранешни припадници на Специјалната бригада МУП на Република Српска. Според обвинението на Обвинителството за воени злосторства, обвинетите се товарат дека...

Рама ја поздрави одлуката за условно ослободување на Харадинај

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ја поздрави одлуката на францускиот суд условно да го ослободи Рамуш Харадинај, кој на 4 јануари беше уапсен и притворен од француските власти врз основа на потерница од Србија поради воени злосторства, извршени во текот на 1998 и 1999 година. Рама рече дека во моментот треба да се истакнат политичките и дипломатиските напори на...

Проширени обвинувањата против Харадинај

Обвинителството за воени злосторства на Србија ги прошири обвинувањата против еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај, кој беше уапсен во Франција по налог на Србија која го товари за воени злосторства. Одлуката е донесена затоа што обвинителството дошло до нови докази. Се работи за собрани докази за одговорноста на Харадинај за воените злосторства на Косово, кои...

Анте Готовина назначен за советник на хрватскиот министер за одбрана

Поранешниот генерал на хрватската војска, Анте Готовина, е назначен за советник на министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Ваквата одлука ја донела Владата на Хрватска на седница одржана во Вуковар, а неа ја потврдил и министерот Крстичевиќ на својот фејсбук-профил. „Мило ми е што мојот голем пријател и наш херој го прифати...

Меркел: Воените акции во Сирија се граничат со воени злосторства

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека некои од воените акции во Сирија се граничат со воени злочини. Меркел додаде дека бомбардирањето на болници и на подземни објекти во Алепо се нехумани. - Мислам дека тоа се граничи со воени злосторства, а дали се навистина тоа нека одлучи Меѓународниот суд на правдата. Сега единствено важно е сето тоа да запре и да...

Кери: Русија и Сирија намерно го тероризираат цивилното население

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија и Сирија ќе мора да се соочат со истрага за воени злосторства поради нападот на сириски цивили. Кери истакна дека најмалку 20 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети синоќа, кога сириските сили бомбардирале уште една болница. - Таквите постапки бараат адекватна истрага за воени злосторства – изјави Кери. Тој додаде дека тие...

Францускиот амбасадор во ОН тврди дека во Алепо се извршени воени злосторства

Францускиот амбасадор во ОН, Франсоа Делатр, пред почетокот на заседанието на Советот за безбедност, рече дека во сирискиот град Алепо се извршени воени злосторства. Непосредно пред заседанието на Советот на безбедност по повод ескалацијата на воената кампања во Сирија, францускиот амбасадор во ОН истакна дека во Алепо се извршени воени злосторства и побара тоа да биде санкционирано. - Воените злосторства во Сирија...

Германија: Откриени осум лица осомничени за нацистички воени злосторства

Во Германија најмалку осум лица кои се осомничени за нацистички воени злосторства и кои се на возраст од околу 200 години, соопштија германските власти. Како што соопшти шефот на Централното биро на провинциските судски власти за изјаснување на злосторствата на национализмот, Јенс Ромел четворица од осомничените се мажи, а четири се жени, а сите работеле во концентрациониот логор Штутхоф, во...

Босанец обвинет за воени злосторства уапсен во Бразил

Бразилските власти вчера го уапсија 47-годишниот Никола Чераниќ кого властите во БИХ го гонат од 1992 година за извршени воени злосторства за време на војната во поранешна Југославија. Бразилското федерално обвинителство соопшти дека Чераниќ е уапсен во градот Индајатуба, на околу 45 километри северозападно од Сао Паоло. Интерпол и бразилските власти немаат повеќе детали за злосторствата за кои е обвинет Чераниќ,...

ОН бараат судења за воени злосторства пред да завршат судирите во Сирија

Известувачите за човековите права на ОН во Сирија денеска соопштија дека не треба да се чека завршувањето на судирите за да се почне со подготовките на судењата за воени злосторства. - Не треба да се чека постигнување на конечен мировен договор за да се усвојат мерките за поставување на основата на одговорност – рече претседателот на Меѓународната комисија за истрага...

Судот за воени злосторства на Косово ќе биде основан во Хаг

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово ќе биде основан во Хаг, соопшти денеска холандската влада. Одлуката судот да биде во Хаг е донесена по консултацијата меѓу ЕУ, Косово и холандските власти. Судот ќе се финансира од средства на ЕУ. Холандската влада истакна дека сведоците би можеле да се чувствуваат загрозено ако судските процеси не се одвиваат во странство. Како што се наведува...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...