fbpx
Таг: Водно

таг: Водно

Маунтбајкерите ќе добијат нова велосипедска патека на Водно

Градот Скопје ќе гради надолна велосипедска патека за маунтбајкерите од Средно Водно до Скопје. Должината на планираната велосипедска патека е од 3.500 до 3.700 метри, додека ширината на патеката е планирано да изнесува три метри. Патеката ќе ја проектира и изведе љубљанската компанија „Завод Алианса“, која предвидено е да ги реализира работите за сума од речиси 8.000.000 денари. „Downhill flow“...

Пожарот на Водно ставен под контрола

Утрово гореше шума на Водно, а пламенот беше видлив и од центарот на Скопје. Според информации од Противпожарната бригада на Град Скопје, огнот се раширил на месноста Марково крувче. Пожарникарите веќе некое време се на лице место, огнот е ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење. Дополнително, се очекуваат информации за тоа на колкава површина се раширил пожарот...

Уште 30 дена притвор за Јордан Камчев за случајот „Плацеви на Водно“

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое ја продолжи за 30 дена мерката притвор за лицето Јордан Камчев поради опасност од дбегство. „Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи...

Обвинение против Груевски, Мијалков и четворица други за плацовите на Водно, а становите да бидат конфискувани

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица. На обвинетиот Н.Г. му се става на товар дека сторил кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 ст.1 од КЗ и...

Шпански „Ел Паис“ го анализира уништувањето на животната средина и неажурноста на нашите власти

Земјата со зелени планини и бујни реки страда од ефектите од прекумерната изградба, а законите за зшатита на животната средина не се спроведуваат. Скопје останува со титулата на една од светските престолнини со најзагаден воздух, пишува реномираниоот шпански дневен весник „Ел Паис“ во обемен текст за проблемите со уништувањето на животната средина и улогата на властите во оваа офанзива. „Соживотот...

Безбедноста на Скопје не смее да биде заложник на заштитата на природата на Водно

Еколошките активисти од организациите „Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“, денеска уште еднаш го повторија барањето Водно да се заштити со специјален закон, а не со актуелната Нацрт-Одлука за прогласување на дел од планината за заштитено подрачје во категорија V - Заштитен предел, согласно Законот за заштита на природата, која ја предлага Министерството за животна средина и просторно планирање. Екологистите,...

Само закон, а не одлука, вистински ќе го заштити Водно од урбанизацијата

Екологистите се против предложената форма за заштита на Водно со Одлука бидејќи сметаат дека на тој начин не се нуди вистинска заштита на планината и бараат постапката да се стопира. Тие на денешната јавна расправа за Нацрт Одлука за Прогласувањето на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, предложена од Министерството за животна средина, екологистите,...

Љубителите на планинскиот велосипедизам добија нова патека на Водно (галерија)

Љубителите на планинскиот велосипедизам од утре ќе може да возат по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Официјалното отворање на патеката ќе биде во 12 часот на средно Водно, а претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на „Прв до врв“. Натпреварот ќе почне во 10 часот од...

Гасоводот преку Водно доцни, има технички проблеми кај Сопиште и кај Шишево

Две години откако беше најавена како приоритетен инфраструктурен зафат и претставена како единствено решение за побрзо завршување на гасоводот и за побрза гасификација на полошкиот регион, трасата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар преку падините на Водно сè уште не е завршена, а на неа последниве месеци не можат да се забележат никакви градежни работи. Посетителите на Водно и рекреативците изминативе месеци...

За Водно ќе нема закон туку акт за прогласување за заштитено подрачје од петта категорија

Министерството за животнаа средина и просторно планирање информираше дека до Владата доставило Информација за потребата од прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V - заштитен предел и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел на разгледување и усвојување. Како што налага законската процедура, по...

Заштитата на парк-шумата Водно заглави во процедурите

Иако пред две години беше најавен како приоритетен, законот за Водно не е изготвен. Според последната Студија за ревалоризација на парк-шумата, заштитата на ова подрачје е предвидена да биде од ниска категорија. Тоа значи дека Водно, наместо со закон ќе може да се заштити со одлука на Владата. Оваа Студија минатиот месец пристигнала во Министерството за животна средина и просторно...

Димковски: Забраната за движење низ шумите е делумна, изземени се Водно, Гази Баба и НП Маврово, Пелистер и Галичица

Парк шумата Водно и шумата на Гази Баба се изземени од делумната забрана за движење низ шумите, која беше донесена минатата недела, бидејќи со нив не стопанисува ЈП Национални Шуми. Таму движењето е слободно имајќи ги секако предвид рестриктивните мерки на Владата против пандемијата, рече на денешната прес-конференција Трајан Димковски, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, осврнувајќи се на...

Забраната за движење по планини нема да важи за Водно, направен е превид во одлуката

Водно е изземено од одлуката за забрана на движење по шуми и шумските предели во државата, но во соопштението до јавноста е направен превид и тоа не е спомнато, информираат од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, по револтот кој се појави меѓу граѓаните на социјалните мрежи. „Министерството ја донесе одлуката на барање на ЈП „Македонски шуми“ и таа е...

На Водно е дозволено движење со почитување на посебните мерки на Владата

Граѓани кои дошле да се рекреираат на Водно во време кога не се на сила посебните мерки, кои не се движеле во групи и на ниту еден начин не ги кршеле важечките уредби донесени од Владата за справување со Ковид 19, изминативе две недели се пресретнувани од полициски патроли и враќани долу со предупредување дека против нив ќе бидат...

Ограничено движење на Водно, само дење ќе можат да шетаат групи до пет лица

Во Парк шумата „Водно“, секој ден, во период од 18 часот до 6 часот наредниот ден се забранува движење на лица и на возила, а патролни возила на МВР ќе го  затворат пристапот кон ова излетничко место. Забрането е и собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, а...

Борјан Ефтимов: И младите треба сериозно да ја сфатат опасноста и препораките

Изминатиот викенд, откако со мерките на Владата се затворија кафулињата, група млади ја пренесоа дружбата на Водно. Полицијата ги растера, а министерот Спасовски апелираше родителите да се однесуваат одговорно. Борјан Ефтимов, претседателот на Универзитетското-студентско собрание на УКИМ, апелира младите дисциплинирано и крајно сериозно да ги следат насоките од Министерството за здравство, бидејќи и најмалите отстапувања можат да придонесат за неконтролирано...

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Нема да дозволиме парите за пошумување да одат за „разубавување“

Град Скопје за годинава најавува пошумување на Водно со парите кои ги доби од Македонски енергетски ресурси - МЕР како компензација за уништеното зеленило поради изградбата на гасоводот преку парк-шумата и од Владата доби обврска да го спроведе. Сепак, оттаму не прецизираат ниту кога ќе почне пошумувањето ниту пак колку точно дрвја и на кои локации ќе се садат. Но,...

И овој викенд на Водно ќе има засилени инспекциски контроли за непрописно паркирање

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, информираат од Град Скопје. „Град Скопје воведе две нови автобуски линии -...

Градот сака зиплајн на Водно, екологистите бараат дрвја и зеленило

Градот вчера пред претставници на граѓанските здруженија и на планинарски и велосипедски клубови ја презентираше Студијата за Водно како туристичко-рекреативен центар, изработена од експерти од Словенија и Австрија, со која се предвидуваат спортско-рекреативни содржини на падините на планината. Со оваа студија Градот ги најави намерите за зголемување на комерцијалниот ефект од зголемената посетеност на Водно преку збогатување на понудата за...

Планинарскиот дом на Водно ги чува спомените од битката за ослободување Скопје на 13 ноември 1944 година

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, потсетуваме дека во градот и околината постојат многу места на кои се чуваат спомените на борбите преку кои единиците на Народноослободителната војска на  Југославија и партизанските одреди (НОВ и ПОЈ) од Македонија го истерале германскиот нацистички окупатор од градот. Во тоа време Скопје служел како важна стратешка точка на рутата на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...