fbpx
Таг: Водици

таг: Водици

Зоран Заев го честиташе големиот христијански празник Водици

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите верници. „Вам лично, на претставниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на сите верници, од мое име и од име на Социјалдекомратскиот сојуз, го честитам големиот христијански празник...

Православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници во Македонија денес го слават празникот Богојавление-Водици кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Во Скопје околу 120 граѓани денеска ќе се обидат да го фатат крстот што напладне ќе го фрли архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан во реката Вардар. Премиерот Никола Груевски на фрлањето на светиот крст ќе присуствува во Велес, а претседателот...

За Водици најмасовно во Охрид

Денеска е Богојавление - Водици, еден од најголемите христијански празници во православната вероисповед. Според православниот календар и според верувањето, на овој ден спасителот Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан од светецот Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Симболично, на сите места во Македонија се фрла крстот и се осветуваат водите. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на...

В недела за Богојављение – Водици, владиката Тимотеј во Австралија

Годинешните кумови на манифестацијата Богојављение - Водици, српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и македонскиот бизнисмен Зоран Милески, ќе го примат кумството точно напладне, во црквата „Св.Никола Геракомија“. Во Охрид е во тек пријавувањето за скокање по светиот крст во водите на Охридско Езеро. -Украинец е првиот пријавен во списокот на лица кои годинава ќе скокнат по светиот крст во Охрид. Оваа година...

Понеделник – Водици е неработен ден

Неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија е понеделник, Богојавление (Водици). Тоа е во согласност со Законот за празниците, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление.

Охриѓани за Водици очекуваат повеќе од 30.000 посетители

Големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, на охриѓани треба да им донесе повеќе од 30.000 посетители, најавија од локалната самоуправа и од Здружението „Богојавление“, кои заеднички ја подготвуваат програмата што ќе трае пет дена, со многу културно-уметнички содржини, но и со религиозните обичаи во духот на старата охридска традиција. Најголемиот дел од гостите се очекува да дојдат од соседните...

Владика Тимотеј: Здружението „Богојавление” не ја афирмира црквата туку личните интереси

Охридскиот владика г. Тимотеј и оваа година нема да го фрла крстот за големиот верски празник Водици – Богојавление во водите на Охридско Езеро. Минатата година се шпекулираше дека владиката не се појави - официјално поради болест, неофицијално - поради присуството на премиерот Груевски, додека годинава открива други причини. - Нема да бидам тука за Водици бидејќи ќе сум на...

Жељко Јоксимовиќ ќе го прими кумството за Водици на 17 јануари

Годинешните кумови на празникот Водици, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милевски, ќе го примат кумството на 17 јануари напладне, во црквата „Свети Никола - Геракомија“ во Охрид, најави Митко Пендов од Здружението за поддршка и за афирмација на МПЦ „Богојавление“. Пендов додава дека завршните подготовки течат навремено за, како што рече, Охрид и старата богојавленска традиција да бидат претставени во најдобро...

Трета Меѓународна конференција „Охрид – Водици 2015“

На 17 и на 18 јануари, ќе се одржи втората во овој град и трета по ред, Меѓународна конференција „Охрид - Водици 2015“. Конференцијата е посветена на прашања од областа на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и на медиумите. Во организацијата на Конференцијата се вклучени и Организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот за...

Нов хотел во центарот на Охрид

Македонскиот туристички центар Охрид, на почетокот на 2015 година доби нов сместувачки капацитет на атрактивна крајезерска локација во центарот на градот. Станува збор за хотелот „Сити палас“, кој располага со стотина легла и со прекрасен крајезерски ресторан. Охрид деновиве се очекува да биде исполнет со гости од Грција и од Бугарија, кои традиционално доаѓаат за Божик, а се очекува и...

Жељко Јоксимовиќ: Чест ми е да бидам дел од Водици во Охрид

Исклучителна чест ми е да бидам дел од една таква прекрасна церемонија, напиша на својот профил на „Фејсбук“, новиот кум на Водици за 2015 година во Охрид, Жељко Јокимовиќ. Здружението на граѓани „Богојавление“, денеска и официјално ги избра новите кумови за манифестацијата Водици – 2015 во Охрид. Како што претходно веќе беше неофицијално објавено, тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко...

Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески и официјално нови кумови на Водици – 2015 во Охрид

Здружението на граѓани „Богојавление“, денеска и официјално ги избра новите кумови за манифестацијата Водици – 2015, во Охрид. Како што претходно веќе беше неофицијално објавено, тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. Еден од кумовите, скопскиот бизнисмен Милески, кој четирипати досега аплицирал за кумство, искажа благодарност за укажаната чест, додека Жељко Јоксимовиќ ќе се обрати до...

Жељко Јоксимовиќ, кум на Водици 2015 во Охрид

Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески, неофицијално, се новите кумови на манифестацiјатa Богојавление - Водици 2015, што охриѓани ја организираат со поддршка на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА. Иако здружението на граѓани „Богојавление“, одлуката за тоа кој ќе биде новиот кум на Водици и на богојавленските празници, официјално, ќе ја објави в четврток, на 4 декември, сепак во...

За Водици, во Охрид ќе пее Жељко Јоксимовиќ

В четврток, на 4 декември, на свечена седница на здружението на граѓани „Богојавление“, треба да биде објавен новиот годинашен кум на Водици и на богојавленските празници, во јавноста познатата манифестација – фрлање на свет крст во водите на Охридско Езеро. Дотогаш, до црковниот празник Митровден, тече конкурсот за избор на кум на Водици 2015, манифестација што охриѓани ја организираат...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...