fbpx
Таг: вода за пиење

таг: вода за пиење

Загубите на вода за пиење во Скопје лани достигнале над 60 отсто [инфографик]

На 22 март се одбележува Светскиот ден на водите, на којшто меѓу другото, секое општество покажува колку ја вреднува и цени водата за пиење која како ограничен ресурс ја користи. Во Скопје, со години наназад процентот на неприходувана вода во водоводниот систем се движи околу 60 проценти, што е исклучително негативен процент во однос на прифатливите загуби на вода...

Ако не се реши проблемот со депонијата на „Југохром“, шестовалентниот хром може да е закана и за изворот Рашче

Шестовалентниот хром од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце и бесконечното одложување на решението за овој проблем може да бидат закана и за изворот Рашче од кој со вода за пиење се снабдува речиси цело Скопје. Мешањето на подземните води, контаминирани со отпадот од депонијата и водите во Жеденскиот масив, со кои се напојува изворот на чиста вода за главниот...

Граѓаните бараат казни за загадувачите и чиста вода за пиење во домовите

Почест мониторинг на квалитетот на водата за пиење, населението директно да се информира за резултатите од мерењата и да се обезбеди еднаков пристап до вода за пиење за сите граѓани во државата преку инвестиции во нова и одржување на постојната инфраструктура. За поефективна контрола и санкционирање на загадувачите потребен е редовен инспекциски надзор, како и подобра едукација на граѓаните...

Европската Комисија бара да се вложи поголем напор за намалување на загубите на вода за пиење во земјава

Огромните загуби на водата за пиење во водоводните системи во земјава и годинава се најдоа во Извештајот за реформскиот напредок на земјава за 2021 година изработен од Европската Комисија (ЕК). Во Извештајот од македонските власти се бара да вложат дополнителен напор во намалување на процентот на неприходувана вода на национално ниво, а ваквата констатација на Европската Комисија е вклучена...

Вистиномер: Изградена филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково

„Мета“ ја пренесува анализата на „Вистиномер“ во однос на ветувањето за изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково.   OБРАЗЛОЖЕНИЕ: Во кампањата за локалните избори во 2017 година, поточно во текот на предизворната дебата на МРТВ 2,  граданачалникот на Општина Ликово, Еркан Арифи  вети дека ќе биде изградена филтер станица за прочистување на водата со што целосно ќе се...

Порталб: Во Тетово нема вода, Општината не го реши проблемот – граѓаните подготвуваат тужби

Центарот на Тетово и некои градски населби, веќе неколку денови се соочуваат со недостиг и повремени прекини на снабдување со вода. Истото го потврдија и од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово на нивната Фејсбук страница, при што велат дека работат на проблемот, но вода сé уште нема, пишува Порталб.мк. Недостигот на вода ги фрустрира граѓаните затоа што сме среде лето,...

До крајот на неделава ќе преовладува многу топло време, апел за рационално користење на водата

Од денеска до крајот на оваа седмица, под влијание на топла воздушна маса од југ, времето во земјава ќе биде многу топло, со натпросечни температури за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. „Најтопло ќе биде од среда до недела, кога ќе биде активирано...

Рестрикции на вода за пиење во некои општини, рушиме европски рекорди во загуби на вода [инфографик]

Рестрикции на вода за пиење во траење од неколку часа во цели населени места и незадоволство од граѓаните, како и апели од јавните комунални претпријатија за рационално користење на водата за пиење. Ова е сликата во делот на водоснабдувањето низ дел од македонските општини во изминативе недели на високи температури и сушно време. Клучната причина за проблемите со водоснабдувањето во...

Скопскиот водоснабдувач апелира водата да се користи рационално и да се пријавуваат дивите приклучоци

Јавното претпријатие „Водовод и канализација - Скопје“ упати апел до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви“, порачува скопскиот водоснабдувач. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и...

Загубите на вода за пиење во водоводните системи низ земјава лани биле намалени за 2,7 отсто [инфографик]

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи низ земјава лани бил намален за 2,7 отсто. Расте свесноста на јавните комунални претпријатија низ земјава за важноста да се намалат загубите на вода за пиење, кои во 2018 година изнесуваа 67,55 отсто, додека во 2020 година се намалени на 61,94 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. И...

Загубите на вода за пиење во скопскиот водоводен систем лани изнесувале 60,46 отсто [инфографик]

Процентот на неприходувана вода за пиење во главниот град останува горлив проблем, кој не бил надминат лани. Во 2020 година била евидентирана загуба на вода во скопскиот водоводен систем од 60,46 отсто, што претставува минимално намалување во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. „Согласно податоците на ЈП Водовод и канализација Скопје, во...

Порталб: Тетово со денови се мачи за вода, Заев вели хидроцентралите не го нарушиле снабдувањето

Премиерот Зоран Заев вчера во Тетово изрази уверување дека малите хидроцентрали не се една од причините поради кои Тетово во последните месеци се соочува со недостиг на вода за пиење. Според него, хидроцентралите веројатно нема да трошат вода. Но, од друга страна, од обелоденувањето на планот за изградба на хидроцентрали во Шар Планина, околу 44 НВО реагираат редовно за...

На водата како јавно добро во Македонија помислуваат само оние кои немаат пристап до неа

Светскиот ден на водата - 22 март вчера беше симболично одбележан во нашата земја од страна на властите, а активностите за подигање на свеста за важноста на водата како природен ресурс повторно натежнаа кон невладините организации. Општ заклучок е дека свеста кај мнозинството граѓани за важноста на водата како јавно добро е на ниско ниво, а на неа најчесто...

Загуби на вода за пиење – дел од општините молчат, дел се свесни за огромните загуби што се прават во системите

Општините со најголеми загуби на вода за пиење во водоводните системи во Северна Македонија не се премногу расположени да зборуваат за огромниот проблем што го имаат во нивната инфраструктурна мрежа. Од седумте општини за кои Државниот завод за ревизија објави дека во 2019 година имале најголем процент на загуби на питка вода, „Мета.мк“ во два наврати во изминативе 12...

Државните ревизори ги објавија општините со најголем процент на загуби на вода за пиење [инфографик]

Јавните претпријатија низ македонските општини преземаат недоволни мерки и активности за намалување на загубите на вода за пиење, заклучи Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај за извршена ревизија на следење на препораките во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“, со цел да се оцени степенот...

Стари адвокатски трошоци и хонорари за Управниот одбор ја преполовија касата на штипски ЈП „Исар“

Расправата за покачување на цената на водата за пиење од 5,4 отсто во Советот на општина Штип на површина изнесе апсурдни бројки за направени трошоци и издатоци, кои сега се товар на граѓанскиот џеб, од каде главно се финансира ЈП „Исар“. Новата цена на водата за пиење беше изгласана во отсуство на опозицијата, која пак се спротивстави, барајќи податоци...

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња, во Гостивар водата забранета за пиење

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа драстично зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и во битолскиот регион. Тие известуваат и за појава на заезерени површини на рамниците во Пелагонија и...

Штипјани ги очекуваат три поскапувања на водата до 2023, од Злетовица ќе се снабдуваат догодина

Нема да оди брзо приклучувањето на водоснабдителниот систем на Штип кон хидросистемот „Злетовица“. Иако од македонската влада се инсистираше што поскоро да се изврши приклучување на останатите четири општини кон регионалниот хидросистем, очекувањата се Штип да влезе во системот дури во втора половина на 2022 година. Ова стои во документот од ЈП „Исар“ до Советот на општина Штип, преку кој...

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут,...

Во Синичани ќе има вода, градоначалникот на Боговиње со благодарница на „Порталб.мк“ за професионално известување

После бројни обиди, судски постапки, конфликти меѓу жителите на Урвиќ и Синичани, конечно жителите од Синичани успеаја да добијат вода за пиење. За ова, градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, рече дека и покрај многуте полемики, ова ветување е исполнето и сега жителите од Синичани ќе имаат вода за пиење 24/7. Благодарност за ова му беше доделена и на „Порталб.мк“,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...