fbpx
Таг: владини мерки

таг: владини мерки

И малкуте пари што ги одвоила за почист воздух, Владата на крај ги потрошила за други намени

И оние малку средства што централната власт ги издвојува за справување со аерозагадувањето во земјава, не можат да се потрошат поради незаинтересираност на општините, за на крајот Владата да ги пренамени за други активности. Алармантни податоци нуди Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година на Владата...

Или да се вакцинираат или секоја седмица да носат негативен тест, нови мерки за вработените во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, постави нови мерки за борба против ширењето на ковид-19, што налагаат вакцинирање на вработени во сојузните државни органи, но и на вработени во некои компании. Сепак, вакцинацијата не е задолжителна, оти невакцинираните вработени ќе може да одат на работа, но со алтернативна мерка - приложување на негативни ПЦР тестови од нивни тестирања секоја недела. Новите...

За поддршка на работниците од неформалната економија, владата и општините треба повеќе да соработуваат

Централната и локалната власт треба да ја зацврстат и зголемат соработката за поголема помош и поддршка на социјално ранливите групи граѓани, а особено на оние кои се во неформалниот сектор и најмногу ги чувствуваат последиците од ковид пандемијата и кај кои е најголема опасноста од екстремна сиромаштија и заболување поради немање постојани приходи. Станува збор за околу 128 илјади...

Половина од испитаниците на анкетата на „Социетас Цивилис“ незадоволни од справувањето на Владата со ковид-кризата

Половина од испитаниците во теренската анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, спроведена во периодот 17 февруари – 10 март 2021, сметаат дека Владата не постигнува доволно на планот на справување со последиците од ковид-кризата. Анкетата е спроведена со 1.010 испитаници во периодот 17 февруари – 10 март 2021, а 53 отсто од испитаниците сметаат дека Владата не прави доволно...

Бесими: Петтиот сет на мерки е насочен кон ревитализација и развој на економијата

Фатмир Бесими-фото Министерство за финансии
Економските мерки на Владата од петтиот сет предвидуваат грантови за остварени позитивни економски резултати, финансиска поддршка на извозот, значително зголемен пристап до кредити и ликвидни средства преку фондови и низа мерки кои ќе ја поддржат развојната компонента и ќе генерираат раст, соопшти Министерството на финансии, пренесувајќи дел од колумната на министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими во неа посочува дека...

ССКМ: Угостителско туристичкиот сектор најмногу страда во ковид кризата, потребна континуирана поддршка

Туризмот и угостителството кои имаат значителен придонес во домашната економија се најпогоден сектор во актуелната ковид криза, каде загубите кај голем број правни субјекти беа и се уште се 100 процентни, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).  „Овој сектор влезе во период на рестрикции и мало подобрување на состојбите имаше во летниот период кога некои субјекти ја...

Вчеравечер локалот „Мош“, два угостителски објекти и јога студио ги прекршиле здравствените протоколи

Угостителскиот објект „Мош“ ќе добие кривична пријава, откако вчеравечер во 22:30 часот во координација со Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници од СВР Скопје затекнале триесетина лица при извршена контрола во скопскиот објект. „При контролата, во објектот биле затекнати од 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на...

МТСП: Со мерката субвенцинирање на плати досега се вработени 1.346 лица

И во услови на криза, активните програми и мерки за вработување им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници, пазарот на труд функционира, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување: „Субвенционирање на плати“, а финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари, соопшти Министерството за...

Ниту еден суд не им наложил на државите да ги укинат вонредните мерки

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Корона вирусот ќе стави клуч на скопската чаршија, занаетчиите остануваат без работа

Здравствената криза која ја зафати Македонија со појавата на корона вирусот тешко ги погоди стопанството, бизнисите и трговијата. Старата скопска чаршија, која до пред овој период беше место каде се среќаваа сите возрасни групи и едно од главните места за странските туристи, денес изгледа како напуштено место, пишува „Порталб.мк“. Повеќето бизниси и дуќани се затворени, а тие што се отворени...

Бујароска: Од Владата очекувавме повеќе против загадувањето

Посериозно почна да се решава проблемот со загадувањето, но не со брзината со која очекувавме да се остварат барањата нa еколошките организации, вели Александра Бујароска од Фронт 21/42, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. За печката за медицински отпад на депонијата „Дрисла“ таа вели дека во времето кога е инсталирана одговарала и на европските норми, но проблемот е што...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...