fbpx
Таг: Владимир Панчевски

таг: Владимир Панчевски

СЈО го сомничи Панчевски дека местел судски предмети и оддавал службени тајни

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со истражители од МВР денеска изврши претрес во канцеларијата на судијата Владимир Панчевски, против кого, како што изјави Јанева, СЈО води предистражна постапка поради злоупотреби на системот за распределба на судски предмети и за оддавање службена тајна. Претресот на СЈО во Кривичниот суд почна околу пладне и траеше пет часа, а покрај канцеларијата на Панчевски,...

Поранешниот шеф на Кривичниот суд, Панчевски, осуден за мобинг

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, е осуден за мобинг, по тужбата што против него ја поднесе Горан Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во судот, објави денеска Основниот суд Скопје 2. Според „Википедија“, мобинг е појава на психичко малтретирање на работното место, кое се повторува низ активности чија цел е деградација на работните услови на работникот,...

Со тужбата се врши мобинг врз Панчевски, тврдат неговите адвокати

Судењето против поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кого службеникот во одделот за човечки ресурси во судот, Горан Стаменковски, го тужи за мобинг, е повторно одложено. На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2, не се појавија ниту Панчевски, ниту тужителот Стаменковски, а присутни беа само нивните адвокати. Одбраната на Панчевски, како што пренесува „Телевизија 24“, деновите го...

Судењето на Панчевски за мобинг повторно одложено, тој пак не се појави во судот

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, и денеска не се појави во Граѓанскиот суд на рочиштето од судскиот процес што се води против него за мобинг, а по тужба од Горан Стаменковски, вработен во одделението за човечки ресурси на Кривичниот суд. На денешното рочиште дојдоа неговите адвокати, кои пред судот наведоа дека немаат поднесено писмен одговор на тужбата...

Денеска ново рочиште по тужбата против Панчевски за мобинг

Денеска во Основниот суд Скопје 2, во 12.30 часот, е закажано ново рочиште од судскиот процес против поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Пачевски, по тужбата што против него ја поднесе Горан Стаменковски, од одделението за човечки ресурси во судот. Панчевски не се појави на претходното рочиште, иако, како што соопшти адвокатот на тужителот, тој бил уредно поканет. Според тужбата,...

Сменетиот Панчевски се паркирал на местото на претседателот на судот

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, сменет од функцијата на 4 декември лани, денеска својот приватен автомобил „БМВ Х5“ го паркирал на местото резервирано за службеното возило на претседателот на судот, објави „СДК“. Порталот објави фотографии од џипот, кои ги добил попладнево од судии од Основен суд Скопје 1. На тоа место, со одлука на експретседателката на Врховниот суд,...

Одложено судењето против Владимир Панчевски за мобинг – тој не се појави

Иако требаше да почне денеска, одложено е судењето на поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски, по приватната тужба за мобинг што против него ја поднесе поранешниот раководител на одделението за човечки ресурси на судот, Горан Стаменковски. Панчевски не се појави во судницата во Основен суд Скопје 2, иако, како што вели адвокатот на тужителот, бил уредно поканет. -...

Почнува судењето за мобинг против експретседателот на Основен суд Скопје 1

Поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска треба да се појави во судница во Основен суд Скопје 2, каде почнува судењето по тужбата за мобинг што против него ја поднесе поранешниот раководител на одделението за човечки ресурси на судот, Горан Стаменковски. Пред судија за работни спорови, Панчевски денеска ќе треба да ја изнесе својата одбрана на приватната тужба...

Поднесена тужба за мобинг против Панчевски

Вработен во Кривичниот суд во Скопје пред седум дена во Основниот суд Скопје 2 поднел тужба за мобинг против поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски. - Тужбата е поднесена до овој суд на 21 декември 2016 година и таа во согласност со оперативниот систем АКМИС е распределена кај судија во одделот за работни односи, за понатамошно постапување согласно одредбите...

Поранешниот претседател на Кривичен суд доби уште една кривична пријава

Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот инспекторат за труд констатирал дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, незаконски го прераспределил на друго работно место вработениот Горан Стаменковски. Трудовата инспекција, по претставка на оштетениот и по извршени проверки во судот, констатирала дека одлуката што на 28 септември била донесена не била „во согласност со член 60,...

Судскиот совет избира в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд

Судскиот совет на Република Македонија денеска на седница, закажана за 11 часот, ќе избира вршители на должност претседател на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, бидејќи на досегашните претседатели на овие два суда, Лидија Неделкова и Владимири Панчевски, вчера им истече мандатот. Одлуката за определување в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд во Скопје е втора точка од...

Судскиот совет в понеделник ќе избира в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд

Судскиот совет на Република Македонија на седница, закажана за понеделеник во 11 часот, ќе избира вршители на должноста претседател на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1. Одлуката за определување в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд во Скопје е втора точка од дневниот ред на седницата, стои во соопштението од Судскиот совет. Советот ќе избира в.д. претседател бидејќи...

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во врска со случајот „Таргет“,...

Караџовски по средбите со Панчевски и со судиите: Проблемите во судот не се големи

Деветмина од вкупно 13 судии што му поднесоа претставка на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска одговорија на поканата и се појавија во Судскиот совет, каде имаа средба со членовите и со претседателот на Советот, Зоран Караџовски. Како што соопшти Караџовски по состанокот, средбата поминала во конструктивен дијалог, на кој било разговарано за известувањето што судии го...

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против Панчевски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава што судијата Иван Џолев ја поднесе против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, со која го товараше за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Обвинителството ваквата одлука ја донело откако по „сеопфатно проучување на сите прибрани докази“ утврдило дека не станува збор за кривично...

Караџовски: Преголемата транспаретност за состојбите го урива угледот на судството

Преголемата транспаретност и изнесувањето информации за состојбите во судовите во медиумите го нарушуваат угледот на судството, изјави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по денешната седница на која, меѓу другото, членовите на советот дискутираа и за последните случувања и скандали во Основниот суд Скопје 1. Караџовски не ги соопшти заклучоците што Судскиот совет ги донел за состојбите во Кривичниот суд и...

Судскиот совет одлучува за вонредно оценување на кандидатите за претседател на Кривичниот и на Врховниот суд

Судскиот совет денеска на затворена седница ќе одлучува за вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд на Република Македонија. На седницата, исто така, ќе се разгледуваат и состојбите во Основниот суд Скопје 1, по неодамнешните скандали, преписки и поднесувања кривични пријави меѓу судии. Судскиот совет на седница на 7 октомври распиша оглас...

Вработени во Основниот суд Скопје 1 му поднеле нова кривична пријава на Панчевски

Вработени во Основниот суд Скопје 1 поднеле нова кривична пријава против претседателот на судот, Владмир Панчевски, со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас. Во врска со огласот, како што јавуваат...

Министерот за правда Џафери мртов ладен додека ресорот му го тресат скандали

Иако во најголемиот кривичен суд во земјава, Основниот суд Скопје 1, се случува циркус, а Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија нотира сериозни недостатоци во правосудниот систем и опструкции врз работата на Специјалното јавно обвинителство, најодговорниот за правосудниот систем во земјава, министерот за правда, е целосно отсутен од случувањата во неговиот ресор - го нема во јавноста и не се...

Раководителот во Кривичен суд, Стаменковски, тврди дека не ја нападнал портпаролката

Раководителот во секторот за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1, Горан Стаменковски, за кој вчера судот соопшти дека вербално и физички ја нападнал портпаролката, испрати демант до медиумите. „Во мојата канцеларијата беше судијата Славјанка Јанковска и привилегираната портпаролка Паула. Вознемирен од сè што се случуваше тој ден, со повисок тон побарав од Паула да се потргне од местото каде...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...